Променлива ѕвезда од типот на BY Змеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Променлива ѕвезда од типот на BY Змеј — вид променливи ѕвезди од доцни спектрални типови како K и M, обично во главната низа. Наречен е по неговиот прототип, ѕвездата BY Змеј (BY Dra). Покажуваат промени во сјајността кои се должат на вртењето на ѕвездата, ѕвездените дамки и други хромосферни активности.[1] Последичните сајносни колебања обично се во износ помал од 0,5 величини. Светлинските криви на променливите од типот на BY Змеј се квазипериодични. Периодот е близок на средната вртежна стапка на ѕвездата. Светлинската крива е неправилна во траењето на периодот и во мала мера го менува обликот од еден период на друг. Кај ѕвездата BY Змеј обликот останува сличен во траење од еден месец.[1]

Блиски K- и M-ѕвезди кои се променливи од типот на BY Змеј се Барнардовата Ѕвезда, Каптајновата Ѕвезда, 61 Лебед, Рос 248, Лакај 8760, Лаланд 21185 и Лаутен 726-8. Рос 248 е првата откриена ѕвезда од овој тип, чија променливост ја забележал Џералд Крон во 1950 г. Променливоста на самата BY Змеј е откриена во 1966 г. и подробно проучувана од Павел Чугајнов во периодот од 1973 до 1976 г.[2]

Некои од овие ѕвезди даваат болскоти, што дава повеќе разновидности на типот UV Кит.[3] На истиот начин, спектрите на променливите од типот на BY Змеј (особено нивните H- и K-линии) се слични на RS CVn-ѕвездите, кои се друга класа на променливи ѕвезди со активни хромосфери.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Lopez-Morales, Mercedes; Morrell, N. I.; Butler, R. P.; Seager, S. (2006), „Limits to Transits of the Neptune-mass planet orbiting Gl 581“, Publications of the Astronomical Society of the Pacific, 118 (849): 1506, arXiv:astro-ph/0609255, Bibcode:2006PASP..118.1506L, doi:10.1086/508904, Променлива од типот на BY Змеј. Овој тип на променлива се одликува со квазипериодични фотометриски промени во временски рамки од помалку од еден ден до месеци, како и замави од неколку стотинки величина до 0,5 величини.
  2. Hoffmeister, Cuno; Richter, Gerold; Wenzel, Wolfgang (1984), Veränderliche Sterne, Springer
  3. Schrijver, Carolus J.; Zwaan, Cornelis (2000), Solar and stellar magnetic activity, Cambridge astrophysics series, 34, Cambridge University Press, стр. 343, ISBN 0-521-58286-5
  4. Jaschek, Carlos; Jaschek, Mercedes (1990), The Classification of Stars, Cambridge University Press, стр. 374, ISBN 0-521-38996-8

Литература[уреди | уреди извор]

  • Samus N.N., Durlevich O.V., et al. Combined General Catalog of Variable Stars (GCVS4.2, 2004 Ed.)
  • Schaaf, Fred, The Brightest Stars, Wiley, 2008