Променлива ѕвезда од типот на Гама Касиопеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Променлива ѕвезда од типот на Гама Касиопеја (γ Cas-променлива) — вид променлива ѕвезда наречена по нејзиниот прототип γ Касиопеја (γ Cas).

Променливост[уреди | уреди извор]

γ Cas-променливите покажуваат неправилни промени во сјајноста во децениски временски рамки. Имаат замави во големина од еден величински ред. на пример γ Ксаиопеја обично има велличина од 2,5, а се колеба меѓу 1,6 и 3,0 величини. Ова е поврзано со промените во спектарот, помеѓу нормалнен спектар на впивање и спектар на Be-ѕвезда, честопати вклучувајќи и особености на обвивна ѕвезда.[1]

Плејона и самата γ Касиопеја се променливи ѕвезди со повремени обвивни епизоди, каде силните обвивни елементи се јавуваат на спектарот и сјајноста се зголемува или намалува во голема мера. Во друго време обвивката не е воочлива на спектарот, а може да ги снема дури и оддавните линии.[2]

Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) ги категоризира γ Cas-ѕвездите како избувни променливи и ги опишува как о брзовртечки џинови и подцинови од класата B, иако многу од нив се ѕвезди од главната низа. Ова ги разликува од оние Be-ѕвезди кои имаат помал замав и помали сјајносни колебања. ОКПЗ им го дава кодот GCAS.[1]

Механизам[уреди | уреди извор]

γ Cas-променливите важат за врели ѕвезди кои имаат екваторски дискови од ѕвезден материјал кои повремено ги снемува и повторно се составуваат, или пак доживуваат драматична промена во размерот. Веројатно сите тие се вртат доста брзо и највеќето би се класификувале како Be-ѕвезди. Исто така, овие ѕвезди се обвивни барем дел од времето, каде дискот гледан по работ дава мошне тесни впивни линии покрај пошироките фотосферни и можните оддавни линии. Без разлика дали се обвивни ѕвезди според најтесната дефиниција, периодите кога образуваат силни дискови и појавите на зголемена сјајност се нарекуваат обвивни настани.[2]

Примери[уреди | уреди извор]

Име Соѕвездие Откриена Привидна величина (најголема)[A] Привидна величина (најмала)[A] Величински опсег Период Спектрална класа Забелешка
Гама Касиопеја Касиопеја   1св,6 3св,0 &100000000000000140000001,4 B0.5 IVe прототипна
Капа Големо Куче Големо Куче   3св,40 3св,97 &100000000000000570000000,57 B1.5IVne  
FW Големо Куче Големо Куче   5св,00 5св,50 &100000000000000500000000,50  
Ламбда Паун Паун   4св,00 4св,26 &100000000000000260000000,26 B2II-IIIe  
Фи Персеј[3] Персеј   3св,96 4св,11 &100000000000000150000000,15 &1000000000000019500000019,5 д B2Vpe  
Пси Персеј[3] Персеј   4св,17 4св,36 &100000000000000190000000,19 B5III-Vne  
X Персеј Персеј   6св,03 7св,0 &100000000000000970000000,97 B0Ve воедно и високомасена рендгенска двојка
A (видлива величина, освен ако не е означено со (С) (= сино) или (ф) (= фотографска))

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: B/gcvs. Bibcode:2009yCat....102025S.
  2. 2,0 2,1 Rivinius, Thomas; Carciofi, Alex C.; Martayan, Christophe (2013). „Classical be stars. Rapidly rotating B stars with viscous Keplerian decretion disks“. Astronomy and Astrophysics Review. 21: 69. arXiv:1310.3962. Bibcode:2013A&ARv..21...69R. doi:10.1007/s00159-013-0069-0. S2CID 118652497.
  3. 3,0 3,1 Tur, N. S.; Goraya, P. S. (April 1988). „Scanner observations of shell stars Phi Persei and Psi Persei“. Astrophysics and Space Science. 143 (1): 99–105. Bibcode:1988Ap&SS.143...99T. doi:10.1007/BF00636758. S2CID 121741933.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bohlender, D. (2016). „Searching for and Monitoring Ae and a Shell Stars at the DAO“. Bright Emissaries: Be Stars as Messengers of Star-Disk Physics. 506: 275. Bibcode:2016ASPC..506..275B.
  • Slettebak, A. (1982). „Spectral types and rotational velocities of the brighter Be stars and A-F type shell stars“. Astrophysical Journal Supplement Series. 50: 55–83. Bibcode:1982ApJS...50...55S. doi:10.1086/190820.