Променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Претстава на променлива од типот на W Голема Мечка со масен сооднос 3. Обете ѕвезди (исполнетите подрачја) ги преполнуват нивните Рошеови шуплини (опишани со црни линии).

Променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка, наречена и нискомасена допирна двојка — вид на затемнувачка двојна променлива ѕвезда. Овие ѕвезди се блиски двојки од спектрален тип F, G или K кои делат една иста обвивка од материјал и затоа се во меѓусебен допир. Наречени се допирни двојни ѕвезди двете ѕвезди се сопираат и пренесуваат маса и енергија низ врзивното грло или „прекуконтакт“.[1]

Класата опфаќа две поткласи: A и W.[2] W UMa-двојките од типот A се сочинети од две ѕвезди, обете поврели од Сонцето, со спектрални типови A или F, и периоди од 0,4 до 0,8 ден. Оние од типот W се од постудените спектрални типови G или K и пократки периоди од 0,22 до 0,4 ден. Разликата во површинската температура на составниците е помала од неколку стотини келвини. Во 1978 г. е воведена и поткласата B, која се одликува со поголема разлика во површинската температура. Во 2004 г. се откриени H-системите (висок масен сооднос) од Силард Чизмадија и Петер Клаѓивик. [3] Оние од типот H имаат поголем масен сооднос отколку ( = (маса на главната)/(маса на споредната)) и имаат дополнителен момент на импулсот.

Олин Еген открил дека овие ѕвезди следат однос период-боја, при што оние со покуси периоди се поцрвени.[4] Во 2012 г. Терел, Грос и Куни објавиле боен преглед на 606 W UMa-двојки во Џонсон-Казенсовиот фотометриски систем.[5]

Светлинските криви им се разликуваат од оние на класичните затемнувачки двојки, претрпувајќи постојани елипсоидни промени наместо одделни затемнувања. Ова се должи на тоа што ѕвездите меѓусебно гравитациски се изобличуваат, а со тоа и проектираната површина. Длабичните на сјајносните минимуми обично се истоветни бидејќи обете ѕвезди имаат речиси еднакви површински температури.

Прототип на оваа класа е ѕвездата W Голема Мечка (W UMa).

Примери[уреди | уреди извор]

Име Соѕведие Откривање Привидна величина (најголема)[6] Привидна величина (најмала)[6] Величински опсег Период Спектрални типови
(затемнувачки составници)
Забелешка
AB And Андромеда   10,40 11,27 &100000000000000870000000,87 &100000000000033190000000,3319 д G5 G5V
S Ant Пумпа Х.М. Пол, 1891 6,27 6,83 &100000000000000560000000,56 &100000000064834890000000,6483489 д
44 (или i) Boo B Воловар   5,8 6,4 &100000000000000060000000,6 &100000000026781590000000,2678159 д G2V G2V троен систем A е непроменлив
TU Boo Воловар   11,8 12,5 &100000000000000070000000,7 &100000000000003240000000,324 д
VW Cep Кефеј   7,23 7,68 &100000000000000450000000,45 &100000000000002780000000,278 д G5 K0Ve
WZ Cep Кефеј   11,4 12,0 &100000000000000060000000,6 &100000000000417440000000,41744 д F5 можен троен систем
ε CrA Јужна Круна   4,74 5,0 &100000000000000260000000,26 &100000000059142640000000,5914264 д
SX Crv Гавран 8,99 9,25 &100000000000000260000000,26 &100000000000000320000000,32 д F7V ?
V1191 Cyg Лебед 10,82 11,15 &100000000000000330000000,33 &100000000000000310000000,31 д F6V G5V
V571 Dra Змеј Баркин, 2018 14,43 14,77 &100000000000000340000000,34 &100000000004289880000000,428988 д
XY Leo Лав   9,45 9,93 &100000000000000480000000,48 &100000000000002840000000,284 д K0V K0
CE Leo Лав   11,8 12,6 &100000000000000080000000,8 &100000000000003030000000,303 д
TV Pic Сликар Ферсхурен, 1987 7,37 7,53 &100000000000000160000000,16 &100000000000000850000000,85 д
Y Sex Секстант 9,81 10,23 &100000000000000420000000,42 &100000000000000420000000,42 д можеби два подѕвездени придружника
W UMa Голема Мечка   7,75 8,48 &100000000000000730000000,73 &100000000000033360000000,3336 д F8Vp F8Vp прототип, можен троен систем

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wilson, R. E. (2001). „Binary Star Morphology and the Name Overcontact“. Information Bulletin on Variable Stars. 5076: 1. Bibcode:2001IBVS.5076....1W.
  2. Leendert Binnendijk, Veröffentlichungen der Remeis-Sternwarte zu Bamberg, Nr. 40., p. 36, 1965
  3. Sz. Csizmadia and P. Klagyivik (18 October 2004). „On the properties of contact binary stars“. Astronomy and Astrophysics. 426: 1001–1005. doi:10.1051/0004-6361:20040430. Посетено на 16 August 2019.
  4. „Contact Binaries II“. 4 јули 2013. Bibcode:1967MmRAS..70..111E. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. Terrell, Dirk; Gross, John; Cooney, Walter (2012). „A BVRCIC Survey of W Ursae Majoris Binaries“. Astronomical Journal. 143: 99. arXiv:1202.3111. Bibcode:2012AJ....143...99T. doi:10.1088/0004-6256/143/4/99.
  6. 6,0 6,1 (видлива величина, освен ако не е означена со (С) (= сина) или (ф) (= фотографска))