Бавна неправилна променлива ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бавна неправилна променлива ѕвезда (типови L, LB и LC) — променлива ѕвезда чии сајносни колебања се слабо одредени, или воопшто неодредени. Ваквите ѕвезди честопати се слабо проучени и претрпуваат прекласификација кога ќе се дознае повеќе за нив. Неретко одат во класата на полуправилни променливи.

Номенклатура[уреди | уреди извор]

Неправилните променливи ѕвезди првично добиле ознаки со буквата „I“: Ia, Ib и Ic.[1] Овие подоцна се изменети, така што буквата I почнала да означува маглински или брзонеправилни променливи ѕвезди како T Бик и орионските променливи. Останатите неправилни ѕвезди, студените бавнопменувачки џинови и суперџинови од доготашниот тип Ib или Ic ги добиле назнаките Lb и Lc.[2] Кога Општиот каталог на променливи ѕвезди (ОКПЗ) го вовел правилото за користење на големи букви, ознаките станале LB и LC.[3]

Тип Lb[уреди | уреди извор]

Бавни непраивлни променливи од доцните спектралните типови K, M, C, S); по правило, овие се џинови[3]

Во ОКПЗ се вели дека овој тип им се дава и на бавните неправилни црвени променливи чиишто сјајност или спектрален тип се непознати, иако впрочем за ваквите ѕвезди во каталогот ја среќаваме и буквата L. Како претставителен пример е дадена K5-ѕвездата CO Лебед.[3]

Тип Lc[уреди | уреди извор]

Неправилни променливи суперџинови од доцни спектрални типови со замав од околу 1 mag во V[3]

Претставителен пример е M2-суперџинот TZ Касиопеја.[3]

Список[уреди | уреди извор]

Список на бавни неправилни ѕвезди[4]
Име Соѕвездие Привидна величина (најг)[5] Привидна величина (најм)[5] Величински опсег Спектрален тип Поттип
U Пумпа Пумпа 8св,1 (p) 9св,7 (p) &100000000000000160000001,6 N:v Lb
Бета Пегаз Пегаз 2св,31 2св,74 &100000000000000430000000,43 M2.3 II-III Lb
Епсилон Пегаз (Ениф) Пегаз 0св,7 3св,5 &100000000000000280000002,8 K2 Ib Lc
TX Риби Риби 4св,79 5св,20 &100000000000000420000000,42 C5 III Lb
Алфа Скорпија (Антарес) Скорпија 0св,88 1св,16 &100000000000000280000000,28 M1.5 Iab-b Lc
Алфа Бик (Алдебаран) Бик 0св,75 0св,95 &100000000000000200000000,20 K5 III Lb
Му Близнаци Близнаци 2св,75 3св,02 &100000000000000280000000,28 M3 III Lb
BE Жирафа Жирафа 4св,35 4св,48 &100000000000000130000000,13 M2 II Lc
Тау4 Еридан Еридан 3св,57 3св,72 &100000000000000150000000,15 M3 III Lb
13 Воловар Воловар 5св,29 5св,38 &100000000000000090000000,09 M2 IIIab Lb
Пси Девица Девица 4св,73 4св,96 &100000000000000230000000,23 M3 III Lb
V854 Олтар Олтар 5св,84 5св,99 &100000000000000120000000,12 M1.5 III Lb
62 Стрелец Стрелец 4св,45 4св,62 &100000000000000170000000,17 M4 III Lb
CQ Жирафа Жирафа 5св,15 5св,27 &100000000000000120000000,12 M0 II Lc
Пи Кочијаш Кочијаш 4св,24 4св,34 &100000000000000100000000,10 M3.5 II Lc
NO Кочијаш Кочијаш 6св,06 6св,44 &100000000000000580000000,58 M2 Iab Lc
Омикрон1 Големо Куче Големо Куче 3св,78 3св,99 &100000000000000210000000,21 M2.5 Iab Lc
Сигма Големо Куче Големо Куче 3св,43 3св,51 &100000000000000080000000,08 M1.5 Iab Lc
NS Крма Крма 4св,4 4св,5 &100000000000000010000000,1 K3 Ib Lc
Ламбда Едро Едро 2св,14 2св,30 &100000000000000160000000,16 K4 Ib-IIa Lc
V337 Кобилица Кобилица 3св,36 3св,44 &100000000000000080000000,08 K3 II Lc
GZ Едро Едро 3св,43 3св,81 &100000000000000380000000,38 K3 II Lc
RX Телескоп Телескоп 6св,6 7св,4 &100000000000000080000000,8 M3 Iab Lc

Други неправилни променливи[уреди | уреди извор]

Има и ред други видови на променливи ѕвезди кои немат јасно одредливи периоди, и понекогаш се нарекуваат неправилни променливи:[4]

Покрај тоа, голема непредвидливост покажуваат и многу видови на избувни и катаклизмични променливи.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kholopov, P. N. (1959). „A Revised List of T-Associations and Their Members“. Soviet Astronomy. 3: 291. Bibcode:1959SvA.....3..291K.
  2. Mayall, Margaret W. (1964). „Variable Star Notes- from the XII General Assembly, I.A.U.; 043274 X Camelopardalis“. Journal of the Royal Astronomical Society of Canada. 58: 283. Bibcode:1964JRASC..58..283M.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „GCVS Variability Types“. Посетено на 2016-09-04.
  4. 4,0 4,1 4,2 Samus, N. N.; Durlevich, O. V.; и др. (2009). „VizieR Online Data Catalog: General Catalogue of Variable Stars (Samus+ 2007-2013)“. VizieR On-line Data Catalog: B/GCVS. Originally Published in: 2009yCat....102025S. 1: 02025. Bibcode:2009yCat....102025S.
  5. 5,0 5,1 (видлива величина, освен ако не е означено со (С) (= сино) или (ф) (= фотографски))

Надворешни врски[уреди | уреди извор]