Променлива ѕвезда од типот на FS Големо Куче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Променлива ѕвезда од типот на FS Големо Куле (FS CMa-ѕвезда) — вид на избувна променлива ѕвезда, чија класа е наречена по нејзиниот прототип FS Големо Куче.

Ова се недоволно проучени, најверојатно двојни ѕвезди чиј масен пренос е во тек или неодамна навршил, и каде една од составниците е бело сина ѕвезда од главната низа (тип B) во обвивка од прав. Претрпуваат неправилни промени во светлината во долги временски периоди, со сјајносна промена од барем 2 величини. Водородните оддавни линии на овие ѕвезди се многу посилни од нормалните Be-ѕвезди; во спектарот се присутни и извесни забранети линии, поради што се класификуваат како B[e]-ѕвезди.[1]

FS CMa-ѕвездите се ретки и нивните својства тешко се одредуваат до степен за да се открие причината за нивниот настанок. Неколку вакви ѕвезди се откриени во ѕвездени јата, со што се отфрлени некои теории за нивниот настанок. Најзастапено е мислењето дека се двојни по потекло, можеби како последица од ѕвездено спојување.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Otero, S. A.; Watson, C.; Wils, P. „Variable Star Type Designations in the VSX“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 17 декември 2014.
  2. de la Fuente, D.; Najarro, F.; Trombley, C.; Davies, B.; Figer, D. F. (2015). „First detections of FS Canis Majoris stars in clusters. Evolutionary state as constrained by coeval massive stars“. Astronomy and Astrophysics. стр. A10. arXiv:1412.7988. Bibcode:2015A&A...575A..10D. doi:10.1051/0004-6361/201425371. Отсутно или празно |url= (help)