Прејди на содржината

Портал:Шах/Избрана биографија/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726 — 1795) — француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години.

За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор. Прочитајте повеќе


ноември

Веселин Топалов (р. 1975) — бугарски шаховски велемајстор и поранешен светски првак според ФИДЕ (2005-2006). Моментно (според рејтинг листата на ФИДЕ од ноември 2009), тој е најдобриот шахист на светот, со рејтинг од 2810 поени.

Топалов стана светски првак според ФИДЕ во 2005. Во 2006, во мечот за обединување на титулите според ФИДЕ и ПША, Топалов загуби во меч против Владимир Крамник, меч во кој го обвини противникот за консултирање за време на партиите. Во мечот за предизвикувач на светскиот првак, кој се одржа од 16 до 28 февруари 2009 во Софија, Топалов го победи Гата Камски, со што стана предизвикувач на светскиот првак и во април 2010 ќе одигра меч за светски првак против светскиот првак Вишванатан Ананд. Прочитајте повеќе


октомври

Јоханес Херман Цукерторт (1842 — 1888) — водечки германски шаховски мајстор со полско и еврејско потекло. Тој бил еден од водечките светски шахисти во периодот од 1870-тите и 1880-тите. Во 1886, загубил од Вилхелм Штајниц во мечот за светски првак, кој бил првиот официјален меч за светски првак.

Својот релативно краток живот, Цукерторт го исполнил и со низа други достигнувања, па така тој бил војник, музичар, лингвист, новинар и политички активист. Прочитајте повеќе


септември

Ашот Наданјан (р. 1972) — ерменски шаховски меѓународен мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер. Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Надданјан вовел нова варијанта во Гринфедовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.

Според шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 поени, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 поени. Прочитајте повеќе


август

Александра Костенјук (р. 1984) — руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Прочитајте повеќе


јули

Акиба Рубинштајн (1882 — 1961) — познат полски шахист од еврејско потекло од почетокот на 20. век.

Акиба се Родил во еврејско семејство, кое планирало тој да стане рабин. Но, тој не сè уште ги немал завршено студиите, бидејќи многу повеќе му се посветувал на шахот. Одлуката за неговата определба ја донел во 1903, кога за вршил на петтото место на турнир во Киев. Тој научил да игра шах на 16 години и бил учен од силниот мајстор Герс Салве во Лоѓ.

Својата врвна форма, Рубинштајн ја достигнал и одржувал во периодот од 1907 до 1912. Тој започнал со победата во Карлови Вари во 1907, а истата година победил и во Санкт Петербург. Прочитајте повеќе


јуни
Арпад Ело
Арпад Ело

Арпад Ело (1903 — 1992) — унгарско-американски физичар, статистичар шаховски мајстор со еврејско потекло. Тој е создавачот на Ело рејтинг системот, кој бил именуван по него, а има широка примена во игрите за двајца, како што е шахот.

Арпад Емрик Ело се родил во Еѓазаскесо, во близина на градот Папа во Унгарија. Кога имал само 10 години, неговото семејство се преселило во САД. Ело дипломирал на факултетот за природни науки при универзитетот во Чикаго. Во периодот од 1926 до 1949 година, тој работел како професор по физика на универзитетот Маркет во Милвоки. Ело бил и шаховски мајстор, кој во 1930-тите бил најсилниот шахист во Милвоки, кој во тоа време бил еден од водечките шаховски градви во САД. Прочитајте повеќе


мај

Роберт Хибнер (р. 1948) — познат германски велемајстор, шаховски автор и папиролог. Во својата шаховска кариера, Хибнер има играно на многу силни турнири и против многу силни противници. Меѓу најзначајните негови постигнувања е златниот медал за најдобар шахист на прва табла на шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972, како и учеството во четвртфиналниот меч на турнирот на кандидатите во 1983. Најголемиот рејтинг, Хибнер го остварил во април 1973 и изнесувал 2732 поени (април 1973), а во 1980 бил дури и трет на светската шаховска рејтинг-листа на ФИДЕ. Со овие достигнување, Хибнер се смета за најдобриот германски шахист по Емануел Ласкер. Според рејтинг листата на ФИДЕ, објавена во април 2009, Хибнер има рејтинг 2595. Прочитајте повеќе


април

Мигел Најдорф (1910 — 1997) — полски и подоцна аргентиснки шаховски велемајстор со еврејско потекло, познат по Најдорфовата варијанта.

Мјечислав Најдорф бил ученик на Давид Пржепорка, а потоа и на Савели Тартаковер, кого често го нарекувал „мојот учител“.

На почетокот на неговата кариера, во 1929, Најдорф го победил Глукберг во познатата партија позната како „Полска бесмртност“. Прочитајте повеќе


март

Јудит Полгар (р. 1976) — унгарска шахистка, велемајстор, која се смета за најдобрата шахистка во историјата. Во 1991, таа ја доби титулата велемајстор на 15 години и 4 месеци. Во тоа време, таа беше најмладиот шахист кој го има постигнато тоа. Моментно, Полгар е на 36. место во светот, според ранг-листата на ФИДЕ од јануари 2009, со Ело рејтинг од 2693. Таа е моментно единствената жена во најдобрите 100 шахисти на светот, а нејзиниот најдобар пласман е 8. место. Јудит Плгар, исто така е и единствената жена која имала рејтинг над 2700.

Јудит Полгар е дел од еврејско семејство од Будимпешта. Членови од нејзиното семејство загинале во Холокаустот. Прочитајте повеќе


февруари

Владимир Крамник (р. 1975) — руски шахист и поранешен светски првак во шах. Тој беше класичен светски првак во шах од 2000 до 2006 и неоспорен светски првак од 2006 до 2007.

Во октомври 2000, тој го победи Гари Каспаров во мечот одигран во Лондон и стана класичен светски првак. Во 2004, Крамник успешно ја одбрани титулата против предизвикувачот Петар Леко во меч којшто заврши нерешено, а се одигра во Брисаго, Швајцарија.

Во октомври 2006, Крамник, класичниот светски првак го победи светскиот првак според ФИДЕ Веселин Топалов во меч за обединување на титулата. Како резултат на тоа, Крамник стана првиот неоспорен светски првак во шах, обединувајќи ги титулата според ФИДЕ и класичните титули, откако Каспаров ја направил поделбата во 1993. Прочитајте повеќе


јануари

Михаил Таљ (1936 — 1992) — советски и латвиски шахист, велемајстор, и осмиот светски првак во шах.

Го нарекувале и „Миша“ (деминутив од Михаил) и „волшебникот од Рига“ за неговиот извонреден комбинаторски стил на игра. Неговите партии, во најголем број се дел од најчитаните шаховски книги во светот.

Таљ ,исто така бил и познат шаховски автор. Многу критичари го сметаат за најдобриот шахист со напаѓачки стил на игра на сите времиња. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе