Портал:Шах/Избрана биографија/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Маја Чибурданидзе (р. 1961) — советска и грузиска шахистка, велемајстор и седмата (и најмлада) жена светски првак во шах. Таа е единствениот шахист во историја со победи на 9 шаховски олимпијади.

Во октомври 2008, според ФИДЕ, рејтингот на Чибурданидзе изнесуваше 2489, со што беше 18. најдобра шахистка во светот.

Маја Чибуирданидзе е родена во Кутаиси, Грузиска ССР, СССР и започнала да игра шах на возраст, од околу 8 години. Во 1976, станала младински женски шампион на СССР, а една година подоцна и сениорски женски шампион. Во 1977 станала меѓународен женски велемајстор. Прочитајте повеќе


ноември

Вишванатан Ананд (р. 1969) — индиски шаховски велемајстор и поранешен светски првак во шах.

Ананд стана светски првак во шах според ФИДЕ во 200, кога светската титула беше поделена. Во 2007, Ананд стана неоспорен светски првак во шах со победата против Владимир Крамник, а во 2008 против истиот противник ја одбрани истата титула. Со оваа победа, тој стана првиот шахист во шаховската историја којшто успеал да стане светски првак во 3 различни форми на натпреварување:нокаут, турнир и меч. Прочитајте повеќе


октомври

Гари Каспаров (р. 1963) — советски и руски шахист, поранешен светски првак во шах, кој се смета за еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Од млад се интересира за шахот, а подоцна, по желба си ги сменил името и презимето за како што и самиот вели да звучи по руски.

Во 1976 година станува младински првак на Советскиот Сојуз во шах, а во 1980 под водство на легендарниот Михаил Ботвиник станува младински светски првак. Во 1984 по 24 последователни реми партии против светскиот првак Анатолиј Карпов, мечот е одложен за наредната 1985 во која 22-годишниот млад талент станува најмлад светски првак во шах. Прочитајте повеќе


септември

Пол Морфи (1837 — 1884) — американски шахист. Се смета дека бил најголемиот шаховски мајстор на својата ера, еден од најголемите на сите времиња и неофицијален светски шаховски првак. Бил и едно од првите шаховски чуда во добата на современите шаховски правила.

Морфи е роден во Њу Орлеанс, Луизијана во богато и истакнато семејство. Татко му, Алонзо Мајкл Морфи бил правник, и служел во Луизијана како државен законодавец, главен правозастапник, и врховен судија. Алонзо бил од португалско, ирско, и шпанско потекло. Мајка му пак, Луиза Тереза Фелисита Телсида Ле Керпентије, била музички надарена ќерка на проминентен француски креолец. Морфи израснал во атмосфера на учтивост и култура каде шахот и музиката биле карактеристични за неделната домашна собиранка. Прочитајте повеќе


август

Макс Еве (1901 — 1981) — холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор.

Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе