Ашот Наданјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ашот Наданјан
Nadanian Ashot (2).jpg
Целосно имеАшот Сергеевич Наданјан
Земја Ерменија
Роден19 септември 1972
Баку, Азербејџанска ССР, СССР
ПочиналБаку, Азербејџанска ССР, СССР
Титулаинтернационален мајстор
Ранг2436
(според ФИДЕ рејтинг листата во јули 2011)
Најв. ранг2475
(според ФИДЕ рејтинг листата во јули 1997)

Ашот Наданјан (ерменски:Աշոտ Նադանյան; руски:Ашот Наданян) (роден на 19 септември 1972 во Баку, Азербејџанска ССР, Советски Сојуз) е ерменски шаховски интернационален мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер.[1] Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Наданјан вовел нова варијанта во Гринфелдовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.[2]

Шаховска кариера[уреди | уреди извор]

Наданјан се натпреварувал на младинските шаховски првенства на Советскиот Сојуз во 1987,[3] 1988[4] и 1989[5] и на шаховските првенства на Ерменија во 1997, 1998 и 1999.[6] Тој исто така учествувал и на шаховската Олимпијада во 1996 во Ереван.[7]Во 1998, Наданјан настапил на меѓузонскиот турнир во Панормо, на кој завршил на делба од 7.-11. место, во конкуренција на 72 шахисти.[8] Првопласираните 4 шахисти од овој турнир, учествувале на светското првенство во 1999, кое се одржа во Лас Вегас. Во 2000, учествувал на првото европско првенство во шах во Свети Винсент[9]

Други значајни резултати:

Рејтинг и стил на игра[уреди | уреди извор]

Според шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 поени, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 поени. Својот најдобар резултат го постигнал на турнирот Аерофлот во 2002, на кој тој освои 5 од можните 9 поени (56% успешност), против противници со просечен рејтинг од 2628, остварувајќи проценет рејтиг од 2636 поени.[18]

Во јули 2009, според рејтинг листата на ФИДЕ, Ашот Наданјан има рејтинг од 2441 поен. Тој има две велемасторски норми.

Наданјан има живописен и авантуристички стил на игра. Тој сака свежина во позициите, невообичаени линии и чудни маневри во остварувањето на своите цели.

Магазинот Kingpin го нарече „брилијантен ексцентрик“.[19]

Шаховски теоретичар[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
h7 црн пешак
g6 црн пешак
d5 црн коњ
a4 бел коњ
d4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
e2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Наданјанова варијанта: 1.d4 Sf6 2.c4 g6 3.Sc3 d5 4.cxd5 Sxd5 5.Sa4

Наданјан е познат по неговите придонеси во теориата на отворањата. Има две варијанти кои се наречени о него: Наданјанова варијанта во Гринфелдова одбрана (1.d4 Sf6 2.c4 g6 3.Sc3 d5 4.cxd5 Sxd5 5.Sa4)[20][21] и Наданјановиот напад во Отворање со дамски пешак (1.d4 Sf6 2.Sf3 h6 3.c4 g5).[22][23]

Постојат и други негови новинки, кои се вопведени во отворањата со дамски пешак. Некои од нив настануваат со потезите:

  • 1.d4 d5 2.c4 e6 3.Sc3 Le7 4.Sf3 Sf6 5.Lf4 0–0 6.e3 c5 7.dxc5 Lxc5 8.Dc2 Sc6 9.a3 Da5 10.Ta2;[24]
  • 1.d4 Sf6 2.c4 e6 3.Sf3 b6 4.g3 La6 5.b3 Lb4+ 6.Ld2 Le7 7.Lg2 c6 8.Lc3 d5 9.Se5 Sfd7 10.Sd3.

Шаховски тренер[уреди | уреди извор]

Наданјан дипломирал на Државниот институт по физичка култура во Ереван во 1994. Оттогаш, тој започнал да работи како тренер. Во 1998, тој станал најмладиот заслужен тренер на Ерменија, на само 26 години. Меѓу неговите студенти, најпознати се велемајсторите Саргисјан, Акобјан[25] и ред други меѓународни мајстори.

Од декември 1999 до август 2001, Ашот работел во Кувајт како национален тренер на оваа земја.[26] Од март 2005, тој е национален тренер на машката шаховска репрезентација на Сингапур.[27]

Во 2007, Наданјан стана официјален ФИДЕ тренер.[28]

Антологиски шаховски партии[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. World Chess Federation: Arbiters - Trainers (англиски)
  2. Bill Wall's list of chess opening names (англиски)
  3. „36th USSR Junior Chess Championship, Kapsukas, January 5-18, 1987“. RusBase. конс. 2009-07-31. 
  4. „37th USSR Junior Chess Championship, Ivano-Frankivsk, January 5-18, 1988“. RusBase. конс. 2009-07-31. 
  5. „38th USSR Junior Chess Championship, Pinsk, January 5-18, 1989“. RusBase. конс. 2009-07-31. 
  6. Crowther, Mark (1999-11-01). „The Week in Chess 260: 59th Armenian Chess Championship“. London Chess Center. конс. 2009-07-31. 
  7. Bartelski, Wojciech. „Men's Chess Olympiads: Ashot Nadanian“. OlimpBase. конс. 2009-06-28. 
  8. Crowther, Mark (1998-11-09). „The Week in Chess 209: Zonal 1.5 Panormo, Crete“. London Chess Center. конс. 2009-07-14. 
  9. „European Men Championship, Saint Vincent, July 3-14, 2000“. RusChess.com. конс. 2009-06-28. 
  10. Tbilisi op 1996 - 365Chess.com Tournaments (англиски)
  11. Armenians Sweep 1998 New York Open Chess Tournament (англиски)
  12. Aeroflot Open 2002 (шпански)
  13. FIDE Chess Tournament report: 20th Goldberg Memorial (англиски)
  14. ChessBase.com - Report on the 3rd IGB Dato’ Arthur Tan Malaysia Open Chess Championship (англиски)
  15. FIDE Chess Tournament report: 1st Leg ASEAN Circuit Chess Tournament 2008 (GM Section B) (англиски)
  16. ChessBase.com - 5th Dato’ Arthur Tan Open (англиски)
  17. Chess-results.com - 1st Korea Open chess tournament 2008 (англиски)
  18. Sonas, Jeff. „Event Details: Moscow Aeroflot op, 2002“. ChessMetrics.com. конс. 2009-06-28. 
  19. "Hack Attack", Kingpin, бр. 39, Spring 2007, стр. 43
  20. Wall, Bill. „Opening Names“. Bill Wall's Chess Page. конс. 2009-06-28. 
  21. Pope, Jacques N. „Openings classified under ECO D70-D99“. Chess Archaeology. конс. 2009-06-28. 
  22. New in Chess Yearbook 78, 2006, стр. 6, стр. 17
  23. „SOS 5 - Contents - стр. 1“ (PDF). New In Chess. конс. 2009-06-28. 
  24. Hansen, Carsten (2002-02-09). „Checkpoint“ (PDF). ChessCafe.com. конс. 2009-06-28. 
  25. „GM Varuzhan Akobian Biography“. The Official Site of GM Varuzhan Akobian. конс. 2009-06-28. 
  26. „Ashot Nadanian“. Kuwait Chess Federation. конс. 2009-06-28. 
  27. „Intchess Asia Pte Ltd: Trainers“. Intchess Asia. конс. 2009-06-28. 
  28. „Arbiters and Trainers. Personal Card: Ashot Nadanian“. World Chess Federation. конс. 2009-06-28. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]