Светозар Глигориќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светозар Глигориќ
Gligoric 1961 Oberhausen.jpg
Целосно имеСветозар Глигориќ
ЗемјаСФРЈ СФР Југославија
 Србија
Роден2 февруари 1923
Белград, Кралство СХС
Починал14 август 2012
Белград, Кралство СХС
Титулавелемајстор
Ранг2447 (август 2012)
Најв. ранг2600 (јули 1971)

Светозар Глигориќ (српски: Светозар Глигорић; 2 февруари 1923, Белград - 14 август 2012, Белград) бил српски шаховски велемајстор, кој бил првак на СФР Југославија рекордни 12 пати.

Во 1950-тите и 1960-тите години, Глигориќ бил еден од најдобрите десет шахисти во светот. На Шаховската олимпијада 1950 во Дубровник, Глигориќ бил предводник на шаховската репрезентација на Југослвија, која го освоила златниот медал. Редовно учествувал на меѓузонските турнири, на кои бил доста успешен. Во 1953 и 1959 година, учествувал на турнирот на кандидатите, а во 1968 година го загубил кандидатскиот меч против Михаил Таљ.

Својот однос на шаховските табли, без непријателство кон противникот, сконцентриран на шаховската табла, Глигориќ го опишал во автобиографијата насловена „Играм против фигурите“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Глигориќ се родил во Белград во сиромашно семејство. Според неговите сеќавања, со шахот се запознал, следејќи ги шаховските партии во мал бар. Научил да игра кога имал 11 години, а бил подучуван од потстанарот кој живеел со неговото семејство по смртта на татко му. Фактот што немал шаховски фигури, го принудил како фигури да ги користи тапите од винските шишиња.

Глигориќ бил ученик со бројни интереси, коишто му овозможиле да биде поканет да го претставува своето училиште на роденденската прослава на принцот Петар, кој подоцна станал крал. Во статија за него, објавена од страна на шаховскиот историчар Дејвид Леви, Глигориќ го опишал овој настан како доста стресен за него, бидејќи бил облечен во бедна облека, како резултат на материјалната состојба во која се наоѓало неговото семејство. Првиот шаховски успех го постигнал во 1938 година, кога победил на турнирот организиран од стрна на белградскиот шаховскиот клуб. Пред Втората светска војна, тој останал и без својата мајка, но хирургот Нико Миљаниќ го прифатил како свој син и се грижел за него. Како млад мајстор, обезбедил учество на првенството на Југославија, но поради нападот на Германија над Југославија, бил принуден да се откаже. Заедно со Миљаниќ побегнал во Црна Гора, а подоцна се вклучил во партизанските редови. Сепак, партизан не бил долго, па наскоро бил демобилизиран.

До крајот на војната, Глигориќ работел како новинар и организатор на шаховски турнири. Во 1947 година, станал првак на Југославија, а истата година победил и на меѓународниот турнир во Варшава, оставајќи ги зад себе Василиј Смислов и Исак Болеславски. Ова била неговата прва победа на меѓународен шаховски турнир. Во 1950 година, Глигориќ станал меѓународен мајстор. Истата година, тој настапилна прва табла за шаховската репрезентација на Југославија, која на олимпијадата во Дубровник го освоила првото место. Веќе во 1951 година станал велемајстор[1], по што професионално се посветил на шахот.

Речиси целата кариера, Глигориќ играл за Партизан, но бил и еден од основачите на спортскиот клуб Црвена ѕвезда.

Починал како последица од мозочен удар во ургентниот центар во Белград, на 14 август 2012 година, во 90. година од животот.[2]

Шаховски достигнувања[уреди | уреди извор]

Глигориќ бил еден од најуспешните шахисти од средината на 20. век по бројот на победи на турнирите, но сепак немал голем успех во борбата за светски првак. На првенствата Југославија, победил рекордни 12 пати (во 1947, 1948, 1949, 1950, 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1965 и 1971 година).

Светозар Глигориќ против Лубек Пахман на Европското првенство во 1961 во Оберхаузен

Во периодот од 1950 до 1982 година, Глигориќ настапил на 15 шаховски олимпијади како член на репрезентацијата на СФР Југославија, а на 13 од нив играл на прва табла. Репрезентацијата го освоила златниот медал во 1950, а на останатите Олимпијади, обично завршувала меѓу првите три репрезентации. Поединечно, Глигориќ одиграл 223 партии на шаховските олимпијади, од кои добил 88, загубил 26 и одиграл 109 партии кои завршиле реми. Најголем негов поединечен успех е освојувањето на поединечниот златен медал на 13. шаховска олимпијада, која се одржала во Минхен во 1958 година.

На европските првенства, освоил 5 сребрени и еден бронзен медал како член на националната репрезентација, доедка во поединечна конкуренција освоил 4 златни медали, од кои 3 како шахист на прва табла и еден во конкуренција на шахистите на втора табла.

Глигориќ учествувал на многу силни шаховски турнири, а во 1950-тите имал една од најдолгите победнички низи во светот. Многумина го сметале за најдобриот шахист надвор од Советскиот Сојуз. Меѓу најзначајните негови победи биле победите на турнирите во Стокхолм во 1954, Белград во 1964, Манила во 1968 и Лон Пајн во 1972 и 1979 година. Глигориќ победил на годишниот турнирот во Мар дел Плата во 1950 година, а бил и редовен учесник на турнирот во Хејстингс, на кој победил во 1951, 1956, 1959, 1961 и 1963 година.

Неговиот успех на натпреварите за светски првак бил променлив. Тој редовно учествувал на зонските и меѓусзонските турнири, на кој остварил и значителни успеси, како победите на зонските турнири во 1951, 1960, 1963, 1966 и 1969 година. На меѓузонските турнири, бил доста успешен во 1952, 1958 и 1967 година, обезбедувајќи учество на турнирот на кандидатите во 1953 и 1959 година и играјќи кандидатски меч во 1968 годиа. И покрај одличните игри до кандидатските натпревари, Глигориќ не остварил некој позначаен резултат на своите две учества на турнирот на кандидатите, а кандидатскиот турниир против Михаил Таљ во 1968 година го загубил со резултат 3½-5½ (+1-3=5).

Шаховски теоретичар[уреди | уреди извор]

abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
f8 црн топ
g8 црн крал
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн ловец
h7 црн пешак
d6 црн пешак
f6 црн коњ
g6 црн пешак
e5 црн пешак
c4 бел пешак
d4 бел пешак
e4 бел пешак
c3 бел коњ
e3 бел ловец
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
e2 бел ловец
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
d1 бел дама
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Глигориќевата варијанта во Кралско-индиска одбрана

Покрај неговиот успех на турнирите, Глигориќ е и познат шаховски теоретичар, со бројни анализи во шаховските отворања. Особено значајни се неговите анализи во Кралско-индиска одбрана, Шпанска партија и Нимцо-индиска одбрана. Денес, во негова чест варијанти во Кралско-индиска одбрана и Шпанска партија се наречни по него.

Глигориќевиот систем во Кралско-индиска одбрана настанува со потезите: 1.d4 Sf6 2.c4 g6 3.Sc3 Lg7 4.e4 d6 5.Sf3 0-0 6.Le2 e5 7.Le3. Овој систем има и практична примена, а дури три партии (3., 11. и 19.) од мечот за светски првак меѓу Гари Каспаров и Анатолиј Карпов во 1990 година започнале со овој систем во отворањето.

Шаховски автор[уреди | уреди извор]

Глигориќ е автор на бројни книги за шахот, кои денес се преведени на многу јазици. Во оваа група се вбројуваат и збирката партии од неговото творештво, насловена „Играм против фигурите“ (ISBN 0-7134-8770-4, „Igram protiv figura“) и книгата посветена на светското првенство во 1972 година, „Фишер-Спаски: Шаховски меч на столетието“ (ISBN 3-85886-021-2). Освен овие, автор е и на книги посветени на отворањата:

Глигориќ со декади важел за еден од шахистите, кои најдобро играат Кралско-индиска одбрана. Тој, исто така се интересирал и за Chess960, што го инспирирало да ја напише книгата „Играте ли Фишеров шах?“ (ISBN 0-7134-8764-X).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Willy Iclicki: FIDE Golden book 1924-2002. Euroadria, Slovenia, 2002, стр. 74
  2. Preminuo Svetozar Gligorić, B92, 14 август 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]