Исак Болеславски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исак Болеславски
Исак Болеславски во 1960 година
Целосно имеИсак Ефремович Болеславски
ЗемјаСССР СССР
Роден9 јуни 1919
Золотоноша, Полтавска губернија (денешна Украина)
Починал15 февруари 1977
Минск, Белоруска ССР, СССР
Титулавелемајстор
Најв. ранг2560 (јули 1971)

Исак Ефремович Болеславски (руски: Исаак Ефремович Болеславский; 9 јуни 1919, Золотоноша, Полтавска губернија - 15 февруари 1977, Минск) бил советски шаховски велемајстор, кандидат за светски првак, теоретичар и тренер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Болеславски се родил во еврејско семејство во местото Золотоноша (денешна Украина) во 1919 година. Шах научил да игра на деветгодишна возраст, а уште како ученик остварил завиден успех со победата на чилишното шаховско првенство во 1933 година. Две години подоцна, заврпил трет на сесоветското младинско шаховско првенство, коешто се одржало во Ленинград; а во 1938, 1939 и во 1940 година, трипати по ред бил првак на Украинската ССР. Поради овие успеси, во 1939 година ја стекнал советската титула „Мајстор на спортот“. Првото свое учество на првенството на СССР го забележал во 1940 година, кога завршил на делба на 5. и 6. местото (заедно со Ботвиник).