Анатолиј Карпов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анатолиј Карпов

Анатолиј Евгениевич Карпов (роден на 23 мај 1951 во Златоуст) - советски и руски шахист, поранешен светски шампион во шах.

Животопис[уреди | уреди извор]

Карпов научил да игра шах во родниот град Златоуст, гледајќи ги партиите на турнирите, а потоа се зачленил во градската шаховска школа. Многу бргу напредувал, па веќе на 24 години, во 1975 година, станал светски првак во шах. Титулата светски првак ја задржал до 1984 година, кога во маратонски меч, по одиграни 48 партии, од кои 24 последователни реми партии, против Гари Каспаров, побарал мечот да биде одложен поради умор. Нивниот следен двобој се одиграл во 1985 година, кога Карпов убедливо бил поразен и ја загубил титулата светски првак во шах. Во тој интервал од 10 години, тој успеал двапати да ја одбрани титулата, со тесен резултат во 1978 и во 1981 година. Во 1978 година, борејќи се против Виктор Корчној, со победа од 6-5, Карпов ја задржал титулата светски првак во шах. По 1985 година, Карпов и понатаму бил еден од најдобрите светски шахисти, но постојано бил во сенка на Гари Каспаров. Подоцна, Карпов повторно станал светски првак во шах со победата над Јан Тиман, а титулата ја бранел двапати: во 1996 година против Гата Камски и во 1998 година против Вишванатан Ананд.