Пори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пори
Град
Зградата на старото градско собрание
Зградата на старото градско собрание
Грб на Пори
Грб
Пори се наоѓа во Финска
Пори
Местоположба во Финска
Координати: 61°29′ СГШ 21°48′ ИГД / 
Држава  Финска
Регион Сантакунта
Под-регион Пори под-регион
Основан 1558 г.
Управа
 • Градоначалник Аино-Маија Луконен
Површина
 • Вкупна 1.704,07 km2 (65,795 sq mi)
 • Земјишна 834,06 km2 (32,203 sq mi)
 • Вода 870,01 km2 (33,591 sq mi)
Население (31 март 2016)
 • Вкупно 85.256
 • Густина 102,22/km2 (26,470/sq mi)
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Мреж. место www.pori.fi

Пори (шведски: Björneborg, латински: Arctopolis) — град и општина на западниот брег на Финска. Градот се наоѓа приближно 10 километри од Ботнискиот Залив, на естуарот на реката Кокеменјоки. Пори бил основан во 1558 година од кнезот Јуан кој подоцна станал крал Јуан III Шведски.

Општината има вкупно население од 85,256 жители (март 2016 г.) и зафаќа површина од 1.704,07 км2 од кои 870.01 км2 е вода. Општината е еднојазична, односно официјален јазик е финскиот јазик. Според бројот на население градот е 11. по големина во Финска, а според урбаната површина е на 7. место. Пори исто така е главен град на регионот Сатакунта (насел. 224,028) и на под-регионот Пори (насел. 136,905).[1]

Име[уреди | уреди извор]

Името Пори доаѓа од делот -borg (означува град или замок) од првичното име на шведски јазик Björneborg со финицизиран изговор.[2] Шведското име Björneborg означува мечкин град (мечкин замок), и латинско-грчкото име Arctopolis исто така означува мечкин град.

Историја[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Градот Пори бил основан во 1558 година од кнезот Јуан Фински (фински: Juhana III or Juhana-herttua) кој подоцна станал познат како Јуан III Шведски. Градот бил наследник на средновековните градови Телје (Кокемеки) и Улвила. Пловењето по реката Кокемеки станувало се потешко и потешко од 14. век поради глацијална изостазија. Значајноста на Кокемеки и Улвила започнала да опаѓа бидејќи бродовите не можеле повеќе да пловат по реката. Во 16. век ситуацијата станала толку лоша што кнезот Јуан одлучил да основа ново пристаниште и пазаришен град поблиску до морето.

Старото градско собрание и пазаришниот плоштад; цртеж од 1852 г.

На буржуите од Улвила им било наредено да се преселат во новиот град и на 8 март 1558 година Јуан III ја дал повелбата на Пори, во која се вели: „Бидејќи видовме дека ќе биде најдобро да се изгради силен пазаришен град покрај морето, и бидејќи не можеме да најдеме погодно место за зајакнување во Улвила, одбравме друго место во Пори.“[3]

На почетокот Пори имал околу 300 принудни жители. Сепак, тие набрзо ги препознале предностите на новото место, кое нудело можности за профитабилно тргување, меѓу другото. Градењето на бродови било значајно уште во почетоците на Пори. Бродоградилиштето покрај реката започнало со работа во 1572 година и работело до раниот 20. век.


Голема северна војна и кримска војна[уреди | уреди извор]

Во текот на големата северна војна во 1713 година Пори бил окупиран од руски трупи. Осум руски полкови поминале четири месеци во градот од септември 1713 до јануари 1714 вандализирајќи го и разрушувајќи го градот. Некои од најбогатите жители исчезнале, тие веројатно биле притворени и однесени во Русија. Ветерници и магацини биле запалени. Најголемиот дел од воловите и коњите и повеќе од 400 бродови биле изгубени. Руската инвазвија на Финска продолжила уште седум години. Тоа значело голем финансиски пораз за Пори бидејќи тргвијата со странство завршила. По војната Пори го загубил правото да тргува и градот западнал во длабока криза. Нова „златна доба“ започнала во 1765 година отккао градот добил право повторно да тргува со странство.[4]

Со започнувањето на кримската војна во 1853 година, Пори бил нападнат од француски и британски морнарици во 1855 година. Француската фрегата „Д'Асос“ го направила првиот обид во јули и успеала да затекне еден брод надвор од островот Исокари пред да отплови кон север. Друг напад бил извршен од британска флота на 9 август. Градоначалникот Клаус Валберг преговарал со непријателот и градот бил спасен. Два пловни бродови и 17 помали бродови заедно со други недвижнини биле дадени на британците.[5]

Градскиот план од 1852 година.

Градски пожари[уреди | уреди извор]

Поради тоа што повеќето од куќите биле изградени од дрво, Пори бил ранлив на пожари. Градот бил запален и повторно изграден девет пати. Градот за првпат бил уништен од пожар во 1571 година а последниот голем пожар се случил во 1852 година. Повеќеод 75% од градот бил уништен во 1852 година и најголем дел од жителите останале без покрив над глава. Само неколку градби, како зградата на градското собрание, биле спасени. Големиот пожар од 1852 година бил еден од најголемите катастрофи во Финска досега. Новиот градски план и обликот на денешниот стар град биле дизајнирани од шведскиот архитект Георг Теодор фон Шевитц. Новите градби, како театарот Пори и хотелот Отава се историски и културно значајни. Четири шеталишта, кои се пошироки од другите улици, го поделиле новиот центар на градот на четири делови.

Финска граѓанска војна и втора светска војна[уреди | уреди извор]

Во текот на финската граѓанска војна во 1918 година Пори бил дел од Финската Социјалистичка Работничка Република. Градот не бил во директна воена зона но извесен терор бил направен од двете страни. Најпознат инцидент бил убивањето на единаесет војници во училишен двор.

Во втората светка војна Пори бил бомбардиран четири пати од советското воено ваздухопловство во периодот 1939–1940. Најлошото бомбардирање се случило на 2 февруари 1940 година затоа што 21 лице било убиено. Повеќето од бомбите биле фрлени кон областа на пристаништето наместо во самиот град.[6] Од 1942 до 1944 година аеродромот Пори служел како воено депо за Jagdgeschwader 5 од германскиот Луфтвафе.[7] Воздушното депо на Пори било познато како „Feldluftpark Pori“ и било едно од најголемите германски воздушни депоа во Северна Европа. Во септември 1944 година Германците го напуштиле аеродромот и уништиле поголем дел од нивните објекти со експлозии. Еден германски хангар до ден денес сеуште се користи. Вкупно 319 воени затвореници од советската црвена армија починале во Пори бидејќи биле користени како присилни работници од германците. Советските војници се закопани во округот Вехераума во источниот дел од градот.[8]

Клима[уреди | уреди извор]

Климатски податоци за Пори
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) −3
(27)
−3
(27)
1
(34)
8
(46)
14
(57)
19
(66)
21
(70)
20
(68)
14
(57)
8
(46)
2
(36)
−1
(30)
8.3
(47)
Прос. ниска °C (°F) −8
(18)
−9
(16)
−5
(23)
−1
(30)
4
(39)
9
(48)
12
(54)
10
(50)
6
(43)
3
(37)
−2
(28)
−5
(23)
1.2
(34.1)
Прос. врнежи мм (ин) 26.6
(1.047)
20.7
(0.815)
24.1
(0.949)
20.6
(0.811)
20.0
(0.787)
36.9
(1.453)
36.2
(1.425)
42.5
(1.673)
35.5
(1.398)
37.4
(1.472)
29.6
(1.165)
30.2
(1.189)
360.3
(14.184)
Извор: Foreca

Политика[уреди | уреди извор]

Најголеми политички партии во Пори се партијата на национална коалиција и социјалдемократската партија. На општинските избори во 2012 година, партиите добиле 26.6% и 26.3% од бројот на гласови, редоследно. Градоначалничка на Пори е Аино-Маија Луконен, која била избрана да го води градот во 2004 година откако поранешниот градоначалник, Марти Синисалми, се повлекол од функцијата.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Јавен автобус

Железничката станица и автобуската станица во Пори се наоѓаат во центарот на градот. Бидејќи железничката станица во Пори е крајна станица, железничкиот сообраќај е прилично скромен. Пори е поврзан единствено со Тампере со 13 дневни поаѓања на железничката линија Тампере-Пори. За разлика од железничкиот, автобускиот сообраќај е многу повеќе зафатен. Градот има повќе од 100 меѓуградски автобуси со големите фински градови Хелсинки, Турку и Тампере како и со помалите места како Раума и Васа. Јавниот транспорт е управуван од компанијата Porin Linjat која е во сопственост на градот. Таа исто така ги опслужува соседните општини.

Аеродромот Пори дневно е поврзан со аеродромот Хелсинки и нуди сезонски летови кон скијалиштата во Лапонија како и чартер летови кон неколку медитерански земји. Редовни летови кон шведскиот главен град Стокхолм имало до почетокот на 2013 година.

Пристаништето во Пори е специјализирано за непакуван товар. Тоа има бродски сообраќај со неколку пристаништа во Северна Европа. Во октомври 2013 година, Пори бил дестинација на MS Nordic Orion, првиот комерцијален товарен брод кој некогаш го поминал Северозападниот премин. Бродот носел јаглен од пристаништето во Ванкувер, Канада.[9]

Панорама на Пори

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Пори е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistics Finland Retrieved 7 February 2015.
  2. Peter Slotte (16 јануари 2007). „Paikannimet kahdella kielellä – pitkä kulttuuriperinne“ (на фински). Kotimaisten kielten tutkimuskeskus. http://www.kotus.fi/index.phtml?s=1991. посет. 6 март 2009 г. 
  3. J.W., Ruuth (1958). „Kaupungin perustamiskirje“ (на фински). Porin kaupungin historia II. Porin kaupunki. стр. 269. http://www.pori.fi/kirjasto/porinhistoria/. посет. 7 март 2009 г. 
  4. Pori-tieto – Isoviha (на фински). Retrieved 2 август 2013.
  5. Pori-tieto – Krimin sota ja Pori (на фински). Retrieved 2 август 2013.
  6. Porin kaupunki – 1939–1945 Sota ja teollisuus (на фински). Retrieved 2 август 2013.
  7. Lexikon der Wehrmacht (на германски). Retrieved 2 август 2013.
  8. Finnish-Russian Association of Pori (на фински). Retrieved 2 август 2013.
  9. „How global warming has shaved 1,000 nautical miles off a shipping route: Cargo vessel becomes first to use Arctic Northwest Passage - to transport COAL“. Daily Mail. 27 септември 2013. http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-2435173/Global-warming-shaved-1-000-nautical-miles-shipping-route.html. посет. 17 ноември 2013 г. 
  10. „Twin cities of Riga“. Riga City Council. http://www.riga.lv/EN/Channels/Riga_Municipality/Twin_cities_of_Riga/default.htm. посет. 27 јули 2009 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]