Онега (река)

Координати: 63°56′00″N 37°59′27″E / 63.9332° СГШ; 37.9908° ИГД / 63.9332; 37.9908
Од Википедија — слободната енциклопедија
Онега
Изворно имеОнега
Местоположба
ЗемјаРусија
Физички особености
Извор 
 • местоЛача
 • надм. вис.117 м
УстиеБело Море
 • координати
63°56′00″N 37°59′27″E / 63.9332° СГШ; 37.9908° ИГД / 63.9332; 37.9908
 • надм. вис.
0 м
Должина416 км[1]
Големина на сливот56.900 км2[1]
Проток 
 • просечен505 м3[1]
Особености на сливот
Сливот на Онега

Онега (руски: Оне́га; фински: Äänisjoki) — река во Каргополскиот, Плесецкиот и Онешкиот реон на Арнахгелската област во Русија. Го поврзува езерото Лача со Онешкиот Залив во Белото Море југозападно од Архангелск, течејќи во северен правец. Изворот има истек од 74,1 м3, а во устието изнесува 505 м3. Реката е долга 416 км и има сливна површина од 56.900 км2. Главни притоки се Волошка (десна), Кена (лева), Моша (десна), Кодина (десна) и Кожа (лева). Најважна притока на езерото Лача е Свид.

Слив и течение[уреди | уреди извор]

Сливот на онега е трет по големина и одлив во Белото Море (зад Северна Двина и Мезењ). Заливот се протега по западот на Архенгелската област, северозападот на Вологодската област, како и помали делови на истокот на Република Карелија. Тука се најголемите езера во Архенгелската и Вологодската област како Воже, Лача, Љокшмозеро, Кенозеро, Ундозеро и Кожозеро, како и Кенозерскиот национален парк.

Целата долина на Онега е населена со исклучок на потегот меѓу Североонежск и Јарнема во Плесецкиот реон. На реката има два града — Каргопол близу изворот и Онега при устието. По средното течение има две паланки, една спроти друга — Осковски (десен брег) и Североонежск (лев брег). Потегот во должина од 155 км по долното течение, меѓу селата Городок и Порог, е пловен.[2] Остатокот од Онега има брзаци помеѓу Каргопол и Городок Kargopol и низводно од Порог (the name порог значи „брзак“).

Историја[уреди | уреди извор]

Името е поврзано со финското Енојоки, што значи главна река или поток.[3] Онешкиот слив има значајна културно-историска важност. Каргопол е еден од најстарите градови во северна Русија (основан во XII век), и до денес има голем број архитектонски и историски знаменитости. Во Ошевенск на левиот брег се наоѓал некогашниот Александро-ошевенски манастир. Друг историски важен манастир во сливот е Кожеозерскиот, сместен на остров во езерото Кожеозеро. Во овие краишта се среќаваат најизвонредните примери на северната дрвена архитектура и имаат потреба од конзервација бидејќи долго биле оставени на забот на времето.[4]

Природна околина[уреди | уреди извор]

Реката се двои на Голема и Мала Онега 75 км од нејзиниот естуар, но тие потоа се спојуваат, образувајќи голем рамен остров.

Замрзнува кон крајот октомври до почетокот на декември и почнува да се топи во април-мај. Порано се користела за пловење на дрвени трупци.[1]

Онега тече низ четинарски шуми (тајга од смрча, бор и ариш), претежно меѓу мочуришта.

Мостови[уреди | уреди извор]

Преку реката постојат само четири моста: еден патен мост во Каргопол на патот за Њандома, друг патен мост во селото Сорокинскаја на патот од Каргопол за Плесецк и Емецк, еден патно-железнички мост помеѓу Оксовски и Североонежск, и еден железнички мост во Порог на пругата од Архангелск за Беломорск. На другите места реката се преминува скелиња.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Онега (река в Архангельской области). Голема советска енциклопедија.
  2. Река Онега. Државен воден регистар на Русија. Посетено на 12 јуни 2011.
  3. Фасмер, Макс. Этимологический словарь Фасмера. стр. 464. Архивирано од изворникот на 4 април 2019. Посетено на 20 ноември 2011.
  4. Русское деревянное зодчество. Академия архитектуры СССР. 1942. Посетено на 6 јуни 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]