Никита Шекутковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никита Шекутковски
Роден 19 септември 1956
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Никита Шекутковски (Скопје, 19 септември 1956 ) – универзитетски професор на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Никита Шекутковски е роден во Скопје во 1956 година. На Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје дипломирал во 1979, магистрирал во 1983 година со трудот „Алгебарски инваријанти во теоријата на права хомотопија“ , а докторирал на Универзитетот во Загреб во 1986 година со трудот „Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облак“. На институтот се вработил во 1980 година како асистент, напредувал во доцент во 1987, вонреден професор во 1993 и редовен професор во 1998 година.[1] Во мандатните периоди 1997-1999, 2005-2007 и 2009-2013 бил избран на функцијата раководител на Институтот за математика.

Во периодот 2001-2003 година бил раководител на Заводот за применета математика, а од 2007 до 2009 година раководител на Заводот за топологија.[2]

Автор/соавтор е на повеќе од педесет научни трудови, меѓу кои и објавени во реномирани меѓународни списанија како и три универзитетски учебници.[1]

Од 2001 година бил главен и одговорен уредник на списанието Годишен зборник на Институтот за математика, а од 2006 година бил главен и одговорен уредник на списанието за популаризација на математиката „Нумерус“ во издание на Сојузот на математичари на Македонија.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Никита Шекутковски“ (PDF). ИМ-ПМФ. Посетено на 31 јули 2022.
  2. 2,0 2,1 „Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата“. еМагазин. Посетено на 31 јули 2022.