Неџо Осман
| Неџо Осман | |
|---|---|
| Роден(а) | 6 јануари 1958 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
| Образование | Академија за театар и филм |
| Занимање | глумец |
| Сопружник |
Нада Кокотовиќ (date missing) |
Неџо Осман (Скопје, 6 јануари 1958) ― југословенски, македонски и германски глумец, поет и режисер од ромска народност.
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирал на Академијата за театар и филм во Нови Сад во класата на Раде Шербеџија. Така тој станал првиот ромски професионален глумец во СФРЈ.[1] Во ромскиот театар „Пралипе“ од Скопје и во Народниот театар во Суботица ги играл главните улоги во многу класични и современи претстави и за тоа добил многубројни награди. Гостин бил на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад и Југословенскиот драмски театар во Белград. Тој дошол во Германија во 1991 година. како член на театарскиот ансамбл „Пралипе“ во Милхајм на Рур. Тој брзо ги освоил најдобрите критики како глумец и режисер и останал таму да живее и работи. Во 1995 година, заедно со неговата доживотна придружничка Нада Кокотовиќ, го основал театарот ТКО (Театар „Кокотовиќ Осман“) во Келн, каде работи како уметнички директор. Покрај тоа, работи како новинар и поет, а ангажиран е и како социјален работник и водач на многу проекти за Роми во Келн и Франкфурт на Мајна. Од 2000 година до 2008 година, водел радио емисија за Роми на Радио Мултикулти, а од 2002 година и во Дојче Веле во Бон.[2][3][4]
Осман е преведувач на ромски јазик и поет, а страста за пишување ја открил уште на рана возраст. Неговото вдахновение е улицата, населбата во која живеат Роми, искуствата со тие што не се Роми и љубовта како извор на убавина. Неговите песни се објавени во Србија, Турција, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Холандија и Германија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Neđo Osman: Meni je Jugoslavija bila Hollywood“. Autonomija (српски). 2021-12-28. Посетено на 2022-04-04.
- ↑ „NEĐO OSMAN | Sarajevske Sveske“. sveske.ba. Посетено на 8 ноември 2023.
- ↑ „Nada Kokotović i Neđo Osman“. www.audioifotoarhiv.com. Посетено на 8 ноември 2023.
- ↑ „Интервју со актерот Неџо Осман: Денес не е лесно да се биде ромски уметник, актер, но нема ништо невозможно ако веруваш во себе, стравот е најголемата сенка на Ромите во нивните животи“. Цивил Медиа. Посетено на 18 април 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Неџо Осман на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Интервју со Неџо Осман на 24Vakti
- Неџо Осман на Romarchive.eu