Прејди на содржината

Најмрачниот час (филм од 2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Најмрачниот час“
РежисерЏо Рајт
Продуцент
СценаристЕнтони Мекартен
Главни улоги
МузикаДарио Марианели
КинематографијаБруно Делбонел
МонтажаВалерио Бонели
Студио
ДистрибутерFocus Features
Премиера1 септември 2017 (2017-09-01) (Филмски фест. во Телјурајд)
12 јануари 2018 (2018-01-12) (Обединето Кралство)
Времетраење125 минути[1]
Земја Обединето Кралство
Јазиканглиски
Буџет30 милиони долари[2]
Бруто заработка136 милиони долари[3]

Најмрачниот час (англиски: Darkest Hour) — американско-британско-кинески филм (од жанрот воена драма) од 2017 година, во режија на Џо Рајт (Joe Wright) по сценариото на Ентони Мекартен (Anthony McCarten). Главната улога во филмот ја игра Гери Олдмен (Gary Oldman), кој го толкува ликот на Винстон Черчил. Филмот ги прикажува првите денови на владеење на Черчил како британски премиер во текот на втората светска војна кога Нацистичка Германија ја збришува Западна Европа и се заканува дека ќе го порази Обединетото Кралство, што доведува до судири на највисокото ниво на владеење помеѓу оние кои сакаат да склучат мировен договор со Адолф Хитлер и самиот Черчил кој тоа го одбива. Во споредните улоги се појавуваат: Кристин Скот Томас (Kristin Scott Thomas), Лили Џејмс (Lily James), Бен Менделсон, Стивен Дилејн (Stephen Dillane), Роналд Пикап (Ronald Pickup) и Бен Менделсон (Ben Mendelsohn).[4]

Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Телјурајд на 1 септември 2017 година,[5] а потоа бил прикажан и на филмскиот фестивал во Торонто.[6] Филмот започнал ограничено да се прикажува во САД на 22 ноември 2017 година, пред да биде нашироко издаден на 22 декември во САД и на 12 јануари 2018 година во Обединетото Кралство.[7] Филмот остварил заработка од 136 милиони долари во светски рамки и бил добро прифатен од критичарите.

Многу критичари ја истакнале изведбата на Гери Олдман како една од најдобрите во неговата кариера; покрај тоа што освоил Оскар за најдобар глумец, тој ги добил и наградите БАФТА за најдобар глумец, „Златен глобус“ за најдобар глумец во драма, како и наградата за најдобар глумец во главна улога која ја доделува Здружението на филмски глумци.[8] На 90. доделување на наградите Оскар, филмот добил шест номинации, вклучително и во категоријата најдобар филм, и ги добил наградите во категориите најдобар глумец и најдобра шминка и фризура. На 71. доделување на наградите БАФТА, Најмрачниот час добил девет номинации и бил награден во две категории.[9] [10]

Снимањето се одвиваше во Библиотеката Џон Рајландс во Манчестер, како и во Градската сала.

Дејството започнува во мај 1940 година. Опозициската Лабуристичка партија во Парламентот бара оставка од британскиот премиер Невин Чемберлен поради тоа што го смета за премногу слаб во пресрет на нацистичкиот јуриш. Чемберлен на своите советници од Конзервативната партија им вели дека го сака Лордот Халифакс за свој наследник, но тој одбива. Чемберлен мора да го одбере единствениот друг човек кого останатите партии ќе го поддржат: Винстон Черчил, Првиот Лорд на Адмиралитетот.

Черчил сака да ја отпушти својата нова секретарка Елизабет Лејтон бидејќи таа погрешно ќе го слушне при диктирање на писмо, но за тоа тој добива прекор од својата сопруга Клементина. Кралот Џорџ VI против сопствената желба го поканува Черчил да состави влада во која ќе бидат членови и Чемберлен и Халифакс.

И покрај тоа што бил во право за опасноста од Адолф Хитлер, Черчил имал лошо реноме поради неговото досие во Адмиралитетот, Галиполската операција во првата светска војна, неговите ставови за Индија и неговата поддршка за Едвард VIII во текот на абдикацијската криза. Парламетот реагира ладно на првиот говор на Черчил во кој тој ветува „крв, труд, солзи и пот“, и за кој подоцна ќе биде казнет од Кралот. Черчил одбива да склучи мировен договор, сметајќи дека Германците се недоверливи, но францускиот премиер смета дека тој е во заблуда бидејќи не признава дека сојузниците ја губат Битката за Франција. Халифакс и Чемберлен се согласуваат, подготвени да го искористат италијанскиот амбасадор Џузепе Бастијанини како посредник за преговори со Германија. Нивниот план е да дадат отказ од владата доколку Черчил одбие да преговара за мировен договор, и да изгласаат негова недоверба, која ќе овозможи Халифакс да стане нов британски премиер.

Британските експедициски сили се заробени кај Динкерк и Кале. Против советот на воениот кабинет, Черчил му наредува на командантот на бригада Клод Николсон во Кале да ја води 30. пешадиска бригада во самоубиствен напад да го одвлече вниманието на противникот додека војниците во Динкерк се евакуирани.

Поразот во Франција предизвикува воениот кабинет да поддржи мировни преговори со Германија. Кралот Џорџ VI неочекувано го посетува Черчил; тој, не сакајќи да владее во егзил доколку Обединетото Кралство е окупирано, го охрабрува премиерот да продолжи да војува. Сè уште несигурен што да направи, Черчил решава да ги праша патниците во лондонската подземна железница; граѓаните едногласно велат дека сакаат да продолжат да се борат. Черчил се среќава со дел од членовите на воениот кабинет и со други членови на Парламентот, кои исто така му ја даваат поддршката. Евакуацијата на воените трупи од Динкерк, операцијата Динамо е успешна.

Додека Черчил се подготвува да се обрати во Парламентот, Халифакс му вели на Чемберлен да продолжат со нивниот план и да дадат отказ во владата, но Чемблерлен одлучува прво да го слушне обраќањето на Черчил. На крајот на неговиот говор, Черчил прокламира „ќе се бориме на плажите“ доколку Германците извршат опсада. Чемберлен одлучува да го поддржи Черчил и Парламентот аплаудира на пркосењето на премиерот.

Продукција

[уреди | уреди извор]

На 5 февруари 2015 година, било објавено дека продукциската компанија Working Title Films го стекнала Најмрачниот час, шпекулативно сценарио во кое се работи за Винстон Черчил во почетоците на втората светска војна, чиј автор е Ентони Мекартен, сценаристот на филмот Теорија на се.[11]

На 29 март 2016 година, било објавено дека Џо Рајт е во преговори за да го режира филмот.[12] Во април 2016 година, било објавено дека Гери Олдмен е во преговори за да го толкува ликот на Винстон Черчил.[13] На 6 септември 2016 година, било објавено дека Focus Features ќе го издаде филмот во САД на 24 ноември 2017 година, Бен Менделсон ќе го толкува ликот на Кралот Џорџ VI, а Кристин Скот Томас ќе ја толкува Клеметина Черчил.[7] На 8 ноември 2016 година, Стивен Делејн добил улога.[14]

Снимањето на филмот започнало во ноември 2016 година,[15] и било објавено дека Дарио Маријанели ќе биде автор на филмската музика.[16] За улогата како Черчил, Олдмен поминал околу 200 часови со шминка на себеси и испушил преку 400 пури (во вредност од 20,000 долари) во текот на снимањето.[2][17]

Џон Херт првично бил назначен да го толкува британскиот премиер Невил Чемберлен.[18] Сепак, според Олдмен, Херт бил подложен на третмани за рак на панкреасот и не бил во состојба да присуствува на читањата.[19] Наместо него, Роналд Пикап ја добил улогата. Херт починал од рак во јануари 2017 година.[20]

Заработка

[уреди | уреди извор]

До 2 март 2018 година, Најмрачниот час остварил заработка од 54,8 милиони долари во Северна Америка и 81,3 милиони долари во другите територии (вклучително и 28,8 милиони долари во Обединетото Кралство), за вкупна заработка од 136,1 милиони долари во светски рамки.[3]

Во САД и Канада, филмот започнал ограничено да се прикажува на 22 ноември 2017 година. Во првите пет дена на прикажување, Најмрачниот час остварил заработка од 246,761 долари од четири кина.[21] Филмот бил нашироко издаден на 22 декември 2017 година, заедно со филмовите Малиот голем живот, Совршен ритам 3, Се бара стариот и Обликот на водата, и заработил 3,9 милиони долари од 804 кина преку викендот, и 5,5 милиони долари во четиридневниот божиќен период.[22] 85% од публиката имала над 25 години, а 30% имале 50 години или биле постари.[23] Следниот викенд филмот заработил 5,5 милиони долари и вкупно 7 милиони долари во четиридневниот новогодишен период.[24] Во првиот викенд по објавувањето на шесте номинации за Оскар, филмот заработил 2,1 милиони долари.[25]

  1. „Darkest Hour“. tiff. Посетено на 15 August 2017.
  2. 2,0 2,1 Alex Ritman (12 December 2017). „How 'Darkest Hour's' Grand Transformation of Gary Oldman Into Winston Churchill Took $20,000 Worth of Cigars“. The Hollywood Reporter. Посетено на 16 December 2017.
  3. 3,0 3,1 „Darkest Hour (2017)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 26 February 2018.
  4. Prijelomni čas, američko-britansko-kineski film (2017.) (пристапено на 21.4.2023)
  5. Hammond, Pete (31 August 2017). 'Darkest Hour', 'Battle of the Sexes', 'Lady Bird' Among World Premieres in 2017 Lineup – Telluride Film Festival“. Deadline.com. Посетено на 31 August 2017.
  6. „Toronto Film Festival 2017 Unveils Strong Slate“. Deadline. Посетено на 25 July 2017.
  7. 7,0 7,1 McNary, Dave (6 September 2016). „Gary Oldman's Winston Churchill Film 'Darkest Hour' Gets Release Date, Rounds Out Cast“. Variety. Посетено на 4 November 2016.
  8. Rubin, Rebecca (11 December 2017). „Golden Globe Nominations: Complete List“. Variety. Посетено на 11 December 2017.
  9. „The Shape of Water leads Bafta nominations“. BBC News. 9 January 2018. Посетено на 9 January 2018.
  10. Prijelomni čas, američko-britansko-kineski film (2017.) (пристапено на 21.4.2023)
  11. Fleming, Jr., Mike (5 February 2015). 'Theory of Everything's Anthony McCarten & Working Title Set Winston Churchill WWII Epic“. Deadline.com. Посетено на 4 November 2016.
  12. Jaafar, Ali (29 March 2016). „Joe Wright in Talks To Direct Winston Churchill Pic For Working Title“. Deadline. Посетено на 4 November 2016.
  13. McNary, Dave (14 April 2016). „Gary Oldman in Talks to Play Winston Churchill in 'Darkest Hour'. Variety. Посетено на 4 November 2016.
  14. Lodderhose, Diana (8 November 2016). „Stephen Dillane Joins Working Title's Churchill WWII Epic 'Darkest Hour' As Production Begins in UK“. Deadline. Посетено на 14 December 2016.
  15. Raup, Jordan (3 November 2016). „First Look: Gary Oldman Thoroughly Transforms into Winston Churchill in 'Darkest Hour'. The Film Stage. Посетено на 4 November 2016.
  16. „Dario Marianelli to Score Joe Wright's 'Darkest Hour'. Посетено на 15 May 2017.
  17. „Gary Oldman Spent 200 Hours in Make-Up Chair To Become Winston Churchill In 'Darkest Hour'. Deadline.com. 29 March 2017. Посетено на 30 March 2017.
  18. Barbage, Rachel (May 16, 2017). „John Hurt won't appear in Darkest Hour, what was thought to be his final film“. Digital Spy. Посетено на May 20, 2017.
  19. Dunn, James (January 28, 2017). „A terminally ill writer saying his final goodbyes and former Prime Minister Neville Chamberlain: John Hurt's last roles set for release from beyond the grave“. Daily Mail. Посетено на January 5, 2018.
  20. McNary, Dave (September 6, 2016). „Gary Oldman's Winston Churchill Film 'Darkest Hour' Gets Release Date, Rounds Out Cast“. Variety. Посетено на January 5, 2018.
  21. D'Alessandro, Anthony (26 November 2017). „Thanksgiving B.O. At $268M, +3% Over 2016 Spurred By 'Coco' & Holdovers – Sunday Update“. Deadline.com. Посетено на 26 November 2017.
  22. Anthony D'Alessandro (24 December 2017). „Last Jedi' Lords Over Christmas Weekend B.O. With $100M+ As 'Jumanji' Roars $65M+ & 'Pitch Perfect 3' Sings $27M“. Deadline.com. Посетено на 24 December 2017.
  23. Pamela McClintock (22 January 2018). „Box Office: 'Darkest Hour' Conquers U.S., Pulls Ahead of 'Lady Bird'. The Hollywood Reporter. Посетено на 30 January 2018.
  24. Anthony D'Alessandro (31 December 2017). 'Last Jedi' Has Upper Hand Over 'Jumanji' In New Year's Weekend Duel As 2017 B.O. Closes With $11.1B – Monday Update“. Deadline.com. Посетено на 1 January 2018.
  25. D'Alessandro, Anthony (28 January 2018). „Fox Controls Close To 40% Of Weekend B.O. Led By 'Maze Runner' & Oscar Holdovers; 'Hostiles' Gallops Past $10M“. Deadline.com. Посетено на 28 January 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]