Гордост и предрасуда (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биста на Метју Мекфадиен како Фицвилијам Дарси од филмската адаптација на Гордост и предрасуди од 2005 година.

Гордост и предрасуда (англиски: Pride and Prejudice) е британски филм од 2005 година, во режија на Џо Рајт. Главните улоги ги толкуваат: Кира Најтли и Доналд Сатерленд.

Изложба „Гордост и предрасуди“ во Паркот Басилдон, која се користеше како локација на Недерфилд, домот на Џорџ Бингли
Groombridge Place служеше како локација за снимање на семејната куќа Бенет

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во грегоријанска Англија. Госпоѓата Бенет ги одгледува своите ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија, со намера да ги омажи за богат маж, кој со своето богатство би го издржувал целото семејство. Тие не се од висока класа, а нивната куќа во Хартфордиш ќе биде наследена од далечен роднина, ако умре господинот Бенет. Кога богатиот господин Бингли и неговиот најдобар пријател, господинот Дарси пристигнуваат во градот за да го поминат летото на еден имот што се наоѓа во близина. Тогаш, Џејн се вљубува во Бингли.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 21.
  2. „Гордост и предрасуда“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]