Меѓународен стадион Калифа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меѓународен стадион Калифа
Khalifa Stadium, Doha, Brazil vs Argentina (2010).jpg
Место Доха, Катар
Координати 25°15′49″N 51°26′53″E / 25.26361° СГШ; 51.44806° ИГД / 25.26361; 51.44806Координати: 25°15′49″N 51°26′53″E / 25.26361° СГШ; 51.44806° ИГД / 25.26361; 51.44806
Отворен 1976
Реновиран 2005, 2014–2017
Сопственик Фудбалска асоцијација на Катар
Подлога Трева
Архитект Dar Al-Handasah [1]
Главни изведувачи Midmac Contracting Co. W.L.L., PORR, Six Construct JV, Projacs (Project Analysis and Control Systems International Co.)
Игра Фудбалска репрезентација на Катар
Гледачи 45.416[2]
Oгнометот на oтворањето на Азиските игри во 2006 година лансиран од стадионот Калифа

Меѓународен стадион Калифа (арап. ملعب خليفة الدولي), познат и како Национален стадион — повеќенаменски стадион во Доха, Катар, и е дел од комплексот Спортски град Доха. Во овој комплекс исто така спаѓаат Академијата Аспир, Олимпискиот центар за водени спортови Хамад и Кулата Аспир. Стадионот го добива името Калифа во чест на поранешниот емир на Катар, Калифа бин Хамад Ал Тани. Овој стадион бил домаќин на финалето на Азискиот куп на АФЦ во 2011 година. Во 2017 година, бил оценет со четири ѕвезди од Глобалниот систем за проценка на одржливост (GSAS), прв стадион во светот што ја добил оваа оцена.[3] Стадионот вработува околу 30.000 работници.

Историја[уреди | уреди извор]

Стадионот Калифа за првпат е отворен за натпревари во 1976 година.[4] [5][6] Во 1992 година, на овој стадион се одиграле 15 натпревари од 11-тиот Заливски куп, кој Катар го освоил за прв пат. [7][8] Во 2005 година стадионот бил реновиран и проширен, за да се зголеми капацитетот од 20.000 на 40.000 седишта. Сето ова било завршено пред почетокот на Азиските игри во 2006 година. Западната страна на стадионот е покриена со кров, а на источната страна има голем лак, кој се користел како платформа за лансирање огномет за време на церемонијата на отворањето на Азиските игри во 2006 година.[9]

Пред реновирањето во 2005 година, стадионот најчесто се користел за фудбалски натпревари, иако e опремен да се користи за голем број на други спортови. Од 1997 година, стадионот е домаќин на годишниот натпревар во атлетика организиран од Дијамантска лига на Доха (претходно познатa под други имиња). На стадионот Калифа се одиграле 6 натпревари од Панарапските игри во 2011 година, и тоа сите натпревари на репрезентацијата на Катар во групната фаза, како и четвртфиналето, полуфиналето и финалето на турнирот.[10]

Стадионот повторно бил отворен во мај 2017 година, по завршувањето на уште едно реновирање.[11] На стадионот се одржало Светското првенство во атлетика во 2019 година.[12]

На 17 декември 2019 година, било одлучено два натпревари од Светското клупско првенство на ФИФА 2019 да се одиграат на овој стадион: натпреварот за петто место како и полуфиналето помеѓу шампионите на КОПА Либертадорес и победникот од мечот 3.[13] [14] По одлуката да биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 година, беше планирано да се зголеми капацитетот на стадионот на 68.000, но тој план подоцна беше променет. [15]

Изградба за Светското првенство Катар[уреди | уреди извор]

Меѓународниот стадион Калифа е еден од осумте стадиони кои се пренаменети за Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година,[16] и е првиот стадион што е завршен. [17] [18]

Спортски настани[уреди | уреди извор]

  • Домаќин на 17. Куп на Арапскиот Залив
  • Домаќин на Азиските игри во 2006 година
  • Домаќин на Азискиот куп на АФЦ 2011 за натпреварите од групата А, четврт-финалето, полуфиналето и финалето
  • Домаќин на Панарапските игри во 2011 година
  • Домаќин на Светското првенство во атлетика 2019 година
  • Домаќин на 24. Куп на Арапскиот Залив
  • Домаќин на пет натпревари на Светското клупско првенство на ФИФА 2019 година, вклучувајќи го и финалето
  • Домаќин на Арапскиот куп на ФИФА во 2021 година
  • Домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година

Резултати од последните турнири[уреди | уреди извор]

2011 AFC Азиски куп[уреди | уреди извор]

Датум Време (QST) Тим 1 Резултат Тим 2 Фаза
7 јануари 2011 19:15 часот  Катар 0–2  Узбекистан Група А
12 јануари 2011 19:15 часот  Кина 0–2  Катар
16 јануари 2011 19:15 часот  Катар 3–0  Кувајт
21 јануари 2011 19:25 часот  Узбекистан 2–1  Јордан Четврт финале
25 јануари 2011 19:25 часот  Узбекистан 0–6  Австралија Полуфинале
29 јануари 2011 18:00 часот  Австралија 0–1  Јапонија Финале

Светско првенство во фудбал 2022 година[уреди | уреди извор]

Меѓународниот стадион Калифа ќе биде домаќин на осум натпревари за време на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Датум Време Тим 1 Резултат Тим 2 Фаза Присуство
21 ноември 2022 16:00 часот  Англија  Иран Група Б
23 ноември 2022 16:00 часот  Германија  Јапонија Група Е
25 ноември 2022 19:00 часот  Холандија  Еквадор Група А
27 ноември 2022 19:00 часот  Хрватска  Канада Група Ф
29 ноември 2022 18:00 часот  Еквадор  Сенегал Група А
1 декември 2022 22:00 часот  Јапонија  Шпанија Група Е
3 декември 2022 18:00 часот Победници од Група А Второпласирани од Група Б Осминафинале
17 декември 2022 18:00 часот Губитници од натпреварот 61 Губитници од натпреварот 62 Натпревар за трето место

Домаќини на меѓународни натпревари[уреди | уреди извор]

Пријателски[уреди | уреди извор]

Датум Време (QST) Тим 1 Резултат Тим 2
2009-11-14 19:15 часот  Бразил 1–0  Англија
2010-11-17 19:15 часот  Бразил 0–1  Аргентина
2010-11-18 18:00 часот  Катар 0–1  Хаити
2010-12-16 18:00 часот  Катар 2–1  Египет
2010-12-22 16:00 часот  Катар 2–0  Естонија
2010-12-28 19:15 часот  Катар 0–0  Иран
2013-02-06 21:00 часот  Шпанија 3–1  Уругвај
2018-09-07 19:00 часот  Катар 1–0  Кина
2018-09-11 19:00 часот  Катар 3–0  Палестина
2018-12-31 20:00 часот  Катар 1–2  Иран

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official website
  2. FIFA.com
  3. FIFA.com (2017-11-28). „Khalifa International Stadium receives major sustainability award“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 28 November 2017. Посетено на 2017-12-10.
  4. „В Катаре началась продажа билетов на Чемпионат мира по легкой атлетике 2019 года“. fingazeta.ru. 28 August 2019. Посетено на 14 December 2020.
  5. „Everything you need to know about Qatar's new Khalifa International Stadium“. iloveqatar.net. 12 November 2020. Посетено на 3 December 2021.
  6. „The Al-Khalifa International – an icon among Qatar's 2022 World Cup venues“. en.as.com. 8 July 2020. Посетено на 6 December 2021.
  7. „Gulf Cup 1992 (in Doha, Qatar)“. rsssf.com. 20 June 2007. Посетено на 14 December 2020.
  8. „When Qatar left a mark at Arabian Gulf Cup“. gulf-times.com. 24 November 2019. Посетено на 14 December 2020.
  9. „Khalifa International Stadium“. worldstadia.com. 13 October 2019. Посетено на 15 December 2020.
  10. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 11 December 2011. Посетено на 2011-12-12.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  11. „Revamped 2022 Khalifa Stadium now set to host fans“. constructionweekonline.com. 17 May 2017. Посетено на 6 December 2021.
  12. „Qatar's iconic sports venue - The Khalifa International Stadium“. thepeninsulaqatar.com. 25 September 2019. Посетено на 6 December 2021.
  13. „Education City Stadium to host FIFA Club World Cup Qatar 2019™ final“. FIFA. Архивирано од изворникот на 30 September 2019. Посетено на 30 September 2019.
  14. „Tracks worlds stadium in Qatar to host Club World Cup games“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 4 October 2019. Посетено на 30 September 2019.
  15. „FIFA World Cup Qatar 2022 stadiums: A guide“. timeoutdoha.com. 29 April 2020. Посетено на 15 December 2020.
  16. „Qatar 2022: Football World Cup stadiums at a glance“. aljazeera.com. 18 December 2020. Посетено на 30 November 2021.
  17. „Khalifa International Stadium reinforces Qatar's national vision“. en.as.com. 20 January 2021. Посетено на 30 November 2021.
  18. „Get To Know The 2022 Qatar World Cup Stadiums“. archdaily.com. 2 August 2018. Посетено на 30 November 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]