Меровиншка уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крстилница на катедралата Св.Леонтиј во Фрежис.
Крстилница Св.Совер во Екс ан Прованс.
Златен пехар од богатството во Гурдон.

Меровиншката уметност е уметност на меровиншката династија на Франките, која опстојала од V век до VIII век во денешна Франција, Бенелукс и дел од Германија. Доаѓањето на меровиншката династија во Галија во V век довело до значајни промени во областа на уметноста. Скулптурата назадувала да биде малку повеќе од едноставна техника за украсување на саркофази, жртвеници и црковен мебел. Од друга страна, златарството и новиот медиум на ракописното осветлување интегрирале „варварски“ животински декоративен стил, со доцноантички мотиви и други прилози од расојание на кое што се наоѓа Сирија или Ирска за да се состави меровиншката уметност.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Обединувањето на Франкиското царство под Клодовик I (465-511) и неговите наследници, кореспондирало со потребата од изградба на цркви и посебно манастирски цркви, кои претставувале главен извор на моќ за меровиншката црква. Плановите често ја продолжувале традицијата на римската базилика, но исто така попримиле и влијание на оддалеченост на кои биле Сирија и Ерменија. На истокот, повеќето градби биле од дрво, но каменот бил покарактеристичен за значајните градби на западот и во јужните делови кои подозна биле под меровиншка власт. Главните цркви биле реконструирани, најчесто повеќе пати, но многу меровинчки планови биле реконструирани од археологија. Описот во „Историја на Франките“ на епископот Григориј Турски за базиликата на Сен Мартин, изградена во Тур од Св.Перпету (епископ 460-490) на почетокот на периодот, а во тоа време на работ на франкиската територија, е причина да се жали за исчезнувањето на оваа градба, една од најубавите неровиншки цркви, за кои вели дека имала 120 мермерни столбови, кули на источниот крај, како и неколку мозаици: "Сен Мартин прикажал вертикално истакната комбинација на блок-единици кои формираат сложен внатрешен простор и соодветно богата надворешна силуета, која требало да биде заштитен знак на романескното".[1] Карактеристика на базиликата на Св.Мартин кој станал симбол на црковната архитектура на Франките бил саркофаг или реликвијар на светецет издигнат да биде видлив и седнат аксијално зад олтарот, понекогаш во Апсида. Нема римски преседани за оваа Франкиска иновација.[2] Црквата Сен Петар во Вјен е единствената преживеана. Бројни друго градби, сега загубени, меѓу кои меровиншките темели на Сен Дени, Сен Гереон во Келн и „Сен Жермен де Пре“ во Париз се опишани слично раскошни.

Крстилница Св.Жан во Поатје.

Некои мали градби преостануваат, особено крстилниците кои излегле надвор од мода и биле поштедени од реконструкција. Во Екс ан Прованс, Риез и Фрежис, три октагонални крстилници, секоја покриена со купола на столбови, сведочат за влијанието на ориенталната архитектура. Многу поразлично од овие провинциски крстилници, таа на Сен Жан во Поатје (XI век) има форма на правоаголник опкружен со три апсиди. Оригиналната градба веројатно претрпела неколку измени, но е зачувувана декорацијата на меровиншкиот карактер.

Покрај многуте крипти, многу поради важноста на култот на светците во тоа време, само тие на Св.Сурин, Бордо, Св.Лорен, Гренобл и опатијата на Жуар (XII век) успеале да опстанат.

Други уметности[уреди | уреди извор]

Гелазиски сакрамент. Примерок од ракописот во Ватикан.

Од 7 век, способностите на меровиншките занаетчии мора да биле добро познати, како што биле донесени во Англија повторно да ги воведат вештини за правење стакло, како и меровиншките каменорезачи биле користени за изградба на англиски цркви.[3] Меровиншките ѕидари, исто така, во голема мера ја применувале вештината "opus gallicum" и се одговорни за нејзино пренесување во Англија и за нејзино препуштање на Норманите, кои ја донеле во Италија.

Многу малку ммеровиншки илуминативни ракописи преживеале, од кои побогато украсен е Гелазискиот сакрамент од XIII век во ватиканската библиотека, кој има геометриска и животинска декорација, помалку сложен од оној на Островската уметност на Британските острови, но произлегуваат од металопреработувачки мотиви, со некое влијание од доцната антика и Блискиот Исток. Главните центри биле Луксејската опатија, ирска фондација, а подоцна неговата ќерка-куќа во Корбиската опатија.

Голема меровиншка уметничка колекција во Берлин била земена од страна на советските окупатори во Русија, каде што останува сè до денешен ден.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. V.I. Atroshenko and Judith Collins, The Origins of the Romanesque (Lund Humphries, London) 1985, p. 48. ISBN 0-85331-487-X
  2. Werner Jacobsen, "Saints' Tombs in Frankish Church Architecture" Speculum 72.4 (October 1997:1107-1143).
  3. Bede. The Lives of the Holy Abbots of Wearmouth and Jarrow.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]