Фовизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Фовизмот е уметничка група основана во 1905 година во Париз. Фовизмот е првата уметничка револуција во 20 век. Фовистите се мала група на истомисленици сликари како Анри Матис, Морис де Вламенк и Андре Дерен кои во 1905 година изложувале свои слики во Парискиот есенски салон. Еден новинарски критичар го искористил изразот "-{Les Fauves}-" (во превод „диви ѕверови“) за овие уметници (како иронично подбивање). Оттогаш тоа е име на целата сликарска група.

Главното обележје на фовистичката уметност е жестокост на бојата и деформација на ликовите. На сликите на уметниците од оваа група очигледна е и намерната отсутност на законот на перспектива. Тоа предизвикало голем скандал поради што и го добиле името „диви ѕверови“ . Фовизмот не била поврзана уметничка група. Тие уметници само еднаш имале заедничка изложба. Нивната уметност подоцна ќе има влијание врз германскиот експресионизам.