Медисон Бир
Медисон Бир | |
---|---|
Медисон Бир во 2019 | |
Роден(а) | Madison Elle Beer[1] 5 март 1999 Џерихо, Њујорк, САД[2] |
Занимање |
|
Активен период | 2012–денес |
Медисон Ел Бир (англ. Madison Elle Beer; родена на 5 март 1999 година)[3] ― американска пејачка и текстописец. Taa добила значителна медиумска покриеност откако Џастин Бибер објавил врска до една од нејзините преработени песни што таа ги објавувала на YouTube. Првиот сингл „Melodies“ го издала во 2013 година.
Во 2018 година, Бир го објавила нејзиното прво ЕР, As She Pleases. Од него произлегле сингловите „Dead“ и „Home with You“. Следната година, Бир потпишала договор со Epic Records и во 2021 година го објавила нејзиниот прв студиски албум, Life Support. Албумот бил поддржан од неколку синглови, меѓу кои бил и „Selfish“, сертифициран со златен тираж од RIAA.[4][5]
Вториот студиски албум од Бир, Silence Between Songs, бил објавен во септември 2023 година. На 66-тото годишно доделување на Греми-наградите албумот бил предложен за „Најдобар албум со сараунд-звук“.
Покрај нејзината соло-пејачка кариера, Бир го позајмила гласот на виртуелниот лик Евелин од виртуелната група K/DA во видеоиграта Лига на легенди. Како член на групата, таа ги издала сингловите „Pop/Stars“ (2018) и „More“ (2020); сингловите успеале да се пласираат на топ-листите во неколку земји. Таа, исто така, глумела во телевизиските серии: Тодрик (2015) и Руполовата дрег трка (2020) и во филмот Louder Than Words (2013).
Детство
[уреди | уреди извор]Медисон Ел Бир е родена на 5 март 1999 година во Џерихо, Њујорк, во еврејско семејство. Бир се појавила на насловната страница од магазинот Child откако на четиригодишна возраст победила на натпревар за моделирање.[6] Кога имала околу шест или седум години, била сексуално злоставувана од некој кој често бил покрај неа.[7] Нејзините родители се развеле кога таа имала седум години.[8] Таа ја прославила нејзината бат-мицва во 2012 година.[9][10]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Бир живее во Лос Анџелес.[11]
Во 2016 година, Бир во интервју за YouNow разговарала за нејзината сексуалност и рекла: „Јас не сум лезбијка, но со сигурност сакам девојки“ и дека во минатото била заљубена во жена.[12] Во пренос во живо на TikTok во март 2020 година, изјавила дека е бисексуалка.[13][14]
Бир била во врска со Џек Гилински (член на американското рап-дуо Jack & Jack) од 2015 до 2017 година.[15] По раскинувањето со Гилински, таа имала кратка врска со Бруклин Бекам[16] (син на Дејвид и Викторија Бекам). Таа била во нестабилна врска со Зак Бија од крајот на 2017 година до почетокот на 2019 година.[17]
Бир имала проблеми со менталното здравје и изјавила дека за тоа придонеле социјалните мрежи и интернетот. Таа била подложна на самоповредување и ѝ било дијагностицирано гранично растројство на личноста (БПД).[18] Кога Бир имала 15 години, на интернет протекле видеа каде таа била гола. Инцидентот, за кој рекла дека ја потсетил на сексуалното злоставување што го доживеала како дете, придонел да заболи од посттрауматско стресно растројство (ПТСН) и двапати се обидела да се самоубие.[7][19]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- Life Support (2021)
- Silence Between Songs (2023)
Турнеи
[уреди | уреди извор]Сопствени
- As She Pleases Tour (2018)
- The Life Support Tour (2021–2022)
- The Spinnin Tour (2024)
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Половина од тоа (2023)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kolokathis, Tina (August 6, 2019). „Madison Beer Is Taking Back Her Voice — This Time On Her Own Terms“. Elite Daily. Посетено на November 9, 2019.
- ↑ Gamboa, Glenn (May 20, 2018). „LI's Madison Beer wows in hometown debut“. Newsday. Посетено на April 3, 2019.
- ↑ My precious baby turns 21 today – Twitter
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Посетено на February 26, 2021.
- ↑ „20 Little-Known Facts About Singer, Madison Beer“. January 19, 2020.
- ↑ 7,0 7,1 Melendez, Miguel A. (April 19, 2023). „Madison Beer Opens Up About Nude Photo Leak as a Teen and Attempting Suicide“. Entertainment Tonight. Посетено на April 20, 2023.
- ↑ Beer, Madison [@madisonbeer] (March 25, 2016). „my parents split up when I was 7. it'll get easier and you'd rather them be happy & apart, then together and sad“ (Tweet). Посетено на April 20, 2023 – преку Twitter.
- ↑ Frydberg, Tracy (July 22, 2012). „Justin tweets tween Madison to fame“. The Times of Israel.
- ↑ Rubin, Hannah (August 2, 2012). „Justin Bieber Makes Jewish Teen a Star“. The Forward. Посетено на April 20, 2023.
- ↑ Riccardi, Alex (2017-08-01). „Madison Is More Than Just Someone's GF“. J-14 (англиски). Посетено на 2022-12-24.
- ↑ Willen, Claudia. „20 things you probably didn't know about Madison Beer“. Insider. Посетено на February 26, 2021.
- ↑ Madison Beer talking about her bisexuality (англиски), Посетено на February 26, 2021
- ↑ „Madison Beer Updates on Instagram: "#MadisonBeer in her live at Tik Tok talking about her bisexuality, two days ago."“. Instagram (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-09-29. Посетено на February 26, 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Prahl, Amanda (March 8, 2020). „Jack Gilinsky“. POPSUGAR Celebrity (англиски). Посетено на February 26, 2021.
- ↑ Prahl, Amanda (March 8, 2020). „Brooklyn Beckham“. POPSUGAR Celebrity (англиски). Посетено на February 26, 2021.
- ↑ Prahl, Amanda (March 8, 2020). „Zack Bia“. POPSUGAR Celebrity (англиски). Посетено на February 26, 2021.
- ↑ Jokic, Natasha (February 25, 2021). „Madison Beer Opened Up About Her Debut Album, Mental Health, And Why She Mostly Stays Off TikTok“. BuzzFeed (англиски). Посетено на February 26, 2021.
- ↑ Warren-Lister, Meg (April 19, 2023). „Madison Beer says leaked nudes left her suicidal aged 16“. The Independent (англиски). Посетено на April 20, 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Медисон Бир на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|