Прејди на содржината

Бар и Бат мицва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прослава на Бар мицва

Бар мицва и Бат мицва (хебрејски: בר מצוה - дете на божјата заповед) се еврејски ритуали за тринаесеттиот роденден кај момчињата и дванаесеттиот кај девојчињата.

Еврејските момчиња се сметаат за возрасни и, во духовна смисла, способни да ја пренесуваат еврејската традиција, право и етика кога ќе наполнат тринаесет години и еден ден. Тогаш стекнуваат право на учество во сите општествени сфери на еврејскиот живот. Тие се должни да се придржуваат до бројните заповеди, а верските обреди од празнувањето на Бар и Бат Мицва ги извршуваат еднакво на возрасните.

Церемонија

[уреди | уреди извор]

Момчето го покануваат во локалната синагога на читање извадоци од светата книга на јудаизмот - Тора. Таткото на момчето симболично му се заблагодарува на Бога што му се простуваат гревовите на неговиот син. Родителите подготвуваат веселба за пријателите и роднините. Бар Мицва и Бат Мицва исто така означуваат почеток на пубертетот кај момчињата, односно девојчињата.

Девојчиња

[уреди | уреди извор]

Со исклучок на Евреите во Италија, во историјата не биле забележани празнувања на Бат Мицва за еврејските девојчиња. Поединечни прослави датираат од XIX и XX век во Полска и делови од источна Европа. Притоа се правела приватна семејна забава без религиозни обреди во синагогата. 

Денес еврејските девојчиња го празнуваат Бат Мицва исто како и момчињата. Родителите подготвуваат забава и на првиот саботен ден девојчето оди во локалната синагога и чита од Тората. Исклучок претставуваат православните Евреи, кои поради историската традиција се откажуваат од празнувањето на обредот.