Руполовата дрег трка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Руполовата дрег трка (англиски RuPaul's Drag Race) е американско телевизиско реално шоу од натпреварувачки карактер. Во оваа емисија е прикажана потрагата на Рупол по „следната дрег суперѕвезда на Америка“. [1] Во серијата, Рупол се појавува во улога на домаќин, ментор и главен судија во разните неделни предизвици кои им се даваат на натпреварувачите. Освен Рупол, во евалуацијата на неделните предизвици и генералниот напредок на натпреварувачите се приклучуваат и други судии. Досега се снимени вкупно 12 сезони од оваа серија, со вкупно 12 победници од секоја сезона: Биби Захара Бене, Тајра Санчез, Ража, Шерон Нидлс, Џинкс Монсун, Бјанка Дел Рио, Вајолет Чачки, Дрег Кралицата Боб, Саша Велур, Акварија, Иви Одли и Џејда Есенс Хол.

  1. Hughes, Scarlett (May 16, 2008). "RuPaul's Drag Race"!“. Right TV. Архивирано од изворникот на April 3, 2012. Посетено на October 12, 2011.