†Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[2] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[3]
Лисичарка (науч.Cantharellus cibarius) — најпозната јадлива печурка од семејството лисичарки (Cantharellaceae). Личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини.