Космос-936
Космос-936 | |
---|---|
Тип на мисија | биолошко истражување |
Датум на лансирање | 3 август 1977 |
Ракета-носач | Р-7 Семјорка (руски: Семёрка) (8К71, НАТО ознака SS-6 Sapwood), кој претставува повеќестепена ракета |
Место на лансирање | Плесецк, СССР |
Орбитален наклон | 62,8 ° |
Орбитален период | 90,7 минути |
Апоапсида | 419 км |
Периапсида | 224 км |
Меѓународна ознака | 1977-074A |
Космос-936, познат и како Бион-4 и Биокосмос-4, е еден од над 2400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата Космос.
Содржина
Податоци[уреди | уреди извор]
Општи податоци[уреди | уреди извор]
Сателитот е лансиран од космодромот Плесецк, СССР на 3 август 1977. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од повеќестепената ракета-носач Р-7 Семјорка. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 4000 килограми. Космос-936 бил сателит наменет за биолошко истражување, чии експерименти биле продолжение на истражувачката мисија на сателитот Бион-3. Мисијата на сателитот завршила по 19,5 дена.
Орбитални податоци[уреди | уреди извор]
Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 90,7 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 62,8 °. Најголемото негово растојание од Земјата било на оддалеченост од 419 km, а најмалото на 224 km.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]