Кондензатор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кондензатор
Photo-SMDcapacitors.jpg
Минијатурни нисконапонски кондензатори и линијар за споредба
Ел. симбол
Симбол за кондензатор по IEC

Кондензаторот е електротехнички елемент, кој може да ја сочува енергијата во облик на електрично поле. Најзначајната големина на кондензаторот е неговиот електричен капацитет. SI единицата за електричен капацитет е 1 F (фарад).

Во електрониката, кондензаторот е пасивен електронски елемент, па поради потребата за поголем капацитет и други работни својства се произведуваат технолошки различни видови кондензатори.

Постојат повеќе видови на кондензатори: повеќеслоен керамички, дисков керамички, повеќеслоен фолиски, цевчест керамички, полистиролски (аксијален и радијален), електролитски.

Опис[уреди | уреди извор]

Електричните полнежи на паралелните плочи на кондензаторот предизвикуваат внатрешно електрично поле. Диелектрикот (портокалов) го намалува полето и го зголемува капацитетот

Кондензаторот претставува систем од две меѓусебно изолирани проводни тела, со каков било облик и големина, електризирани со исти по износ, но спротивни по предзнак полнежи. Проводните тела се нарекуваат електроди. Полнежите се распределени по површината на проводните тела и создаваат електрично поле чии силови линии почнуваат од површината на позитивното и завршуваат на површината на негативното тело. Меѓу електродите постои напон. [1]

Нека едната електрода на еден кондензатор е наелектризирана со количество електрицитет Q, а другата со -Q, при што напонот меѓу нив е U. Со помош на низа мерења (електризирајќи го кондензаторот со различни количини електрицитет и мерејќи го напонот) или со помош на теоретски испитувања, се заклучува дека напонот меѓу електродите е правопропорционален со количината електрицитет. Константата на пропорционалност C се нарекува „капацитет на кондензаторот“ и е дадена со изразот

е карактеристичен за дадениот кондензатор. Оваа величина се вика капацитет на кондензаторот, а единицата во која се мери се вика фарад (F), во чест на Фарадеј. Фарадот е многу голема единица за практична примена, затоа се користат помалите единици: микрофарад, нанофарад и пикофарад.

Електричниот кондензатор е, всушност направа во која при определен потенцијал може да се собере (кондензира, натрупа) големо количество електричество.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Отпорник

Индуктивитет

Наводи[уреди | уреди извор]