Радиопредавател

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Надзорен панел на радиопредавател со ФМ (фреквенциска модулација)

Радиопредавателот е електронски уред кој генерира електрични осцилации со висока фреквенција, ги засилува и модулира со корисниот сигнал на информација и преку антена зрачи во слободниот простор.

Мал дел од таа емитувана енергија се прима во радиоприемникот, кој ја претвора во корисен сигнал на информацијата.

Радиопредавателот се нарекува и радиостаница, иако обично се смета дека радиостаница е установа која ја емитува содржината (забавно-информативна програма).


Поделба[уреди | уреди извор]

Според подвижноста се делат на:

  • преносни,
  • превозни, и
  • стационарни

Според фреквенцискиот опсег на:

  • нискофреквенциски,
  • среднофреквенциски,
  • високофреквенциски,
  • многу високофреквенциски, и
  • ултрависокофреквенциски

Според излезната снага се делат на:

  • мали (до 100 W),
  • средни (до 1000 W), и
  • големи (над 100о W)

Според видот на модулација се делат на предаватели со:

Делови[уреди | уреди извор]

Секој радиопредавател се состои од повеќе делови. Основните се: степен за генерирање на осцилации на работната фреквенција, степен за засилување на високофреквентната (ВФ) моќност, антенски степен, и модулациски степен (модулатор)

Степенот за генерирање на осцилации на работната фреквенција се базира на електронски осцилатор кој може да има различни конструкции. Најчесто тие се кристални осцилатори (користат кристал на кварц) и осцилатори со осцилаторни кола.

Степените за засилување на ВФ моќноста обично работат во Б или Ц класата, затоа што степенот на изобличување не е битен, туку битна е моќноста. Во класата Ц една излезна полупериода на сигналот потполно се отсекува. За да се врати брановиот облик, во излезното коло на тој степен се наоѓа осцилаторно коло, кое осцилира на потребната фреквенција примајќи енергија од засилувачот на секоја втора полупериода.

Антенскиот степен има задача да го прими засилениот и веќе модулираниот ВФ сигнал, да ја адаптира импедансата на излезниот степен на предавателот на антената, и преку антената да го зрачи сигналот на информацијата во околниот простор.

Модулаторскиот степен служи за вметнување на корисниот сигнал на информацијата во носечката фреквенција на предавателот. Самиот начин на работа зависи од конструкцијата и видот на модулација. При едноставната амплитудна модулација, можно е да се менува амплитудата (големината) на излезниот ВФ сигнал со промена на напонот на колекторот/анодата на излезниот степен на предавателот. Таквата модулација се нарекува колекторска или анодна модулација, во зависност од излезниот елемент (транзистор или електронска цевка)


Поврзано[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]