Зејнаб Ханларова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зејнаб Ханларова
Народен уметник на СССР
Роден(а)28 декември 1936(1936-12-28)
Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република
Занимањесоло пејачка
Активен период1961 - денес
Потпис
Страница
www.zeynabxanlarova.com

Зејнаб Јахја кизи Ханларова (азерски: Zeynəb Xanlarova) (родена на 28 декември 1936 година, во Баку) - е советска и азербејџанска пејачка (сопран), народен уметник на СССР (1980), Азербејџан (1975), Ерменија (1978) и Узбекистан.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Зејнаб Ханларова е азербејџанска уметница со турско потекло[2], родена на 28 декември 1936 година, во Баку. Во 1956 година, Зејнаб Ханларова дипломирала на Педагошката школа „М.А Сабир“ во Баку . Во 1961 година, дипломирала на Музичкото училиште „Асаф Зејнали“ во Баку (во класта на С.И. Шушински) и станала солист на Националната азербејџанска Опера и Балет.

Зејнаб Ханларова била пратеничка на Азербејџанската советска република (XI-XII собир) и на Народното собрание на Азербејџан (I-III собир).

Во 2012 година, била основана Фондацијата на Зејнаб Ханларова во САД. Организацијата имала за цел да им помогне на Азербејџанците кои живеат во САД, како и во Азербејџан, на децата без родители, домови за стари лица, семејства, како и на работниците од областа на уметноста и културата кои имаат материјални проблеми.[3]

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Зејнаб Ханларова ја играла Лејли во операта "Лејли и Маџнун", Азли во операта во "Азли и Карам" на Узејир Хаџибејов, Арабзанги во операта „Шах Исмајил“ на Магомајев и други.[4] Покрај тоа, Зејнаб Ханларова успешно го изведувала азербејџанскиот музички стил – мугам.

Зејнаб Ханларова постигнала голем успех и како естрадна пејачка. Песните во нејзиниот репертоар биле создадени од композитори како Тофик Гулијев, Ариф Маликов, Емин Сабитоглу, Гара Гарајев, Фикрет Амиров и многу други познати композитори. Ханларова успешно изведувала песни на руски, ерменски, англиски, молдавски, грузиски, персиски, арапски, кинески, индиски, турски и многу други јазици.

Зејнаб Ханларова одржала концерти во Русија, Украина, Латвија, Молдавија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Туркменистан, Индија, Кина, Иран, Ирак, Египет, Израел, Турција, Грузија, Ерменија, Бугарија, Германија, Полска, Унгарија, Австрија, Финска, Шведска и Чешка.

Во Азербејџан освен во Баку, Зејнаб Ханларова имала концерти и во други градови и региони. Зејнаб Ханларова настапила повторно во Баку, во 2008 година, по долга пауза.

Награди и титули[уреди | уреди извор]

  • Народен уметник на Азербејџан РБС (1975)
  • Народен уметник на Узбечка СС Република
  • Народен уметник на Ерменска СС Република
  • Народен уметник на СССР (1980)
  • Државна награда на Азербејџанската Советска Социјалистичка Рерублика (1985)
  • Орден на "Славата" на Азербејџан.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]