ЖС „Чашка“
ЖС „Чашка“ | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Поглед на железничката станица (сликана од воз) | |||||||||||
Општи информации | |||||||||||
Место | Чашка Општина Чашка ![]() | ||||||||||
Сопственик | Македонски железници | ||||||||||
Линии | Скопје — Битола | ||||||||||
Колосеци | 3 | ||||||||||
Услуги | |||||||||||
| |||||||||||
Локација | |||||||||||
Железничка станица „Чашка“ — железничка станица во селото Чашка, Македонија. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, издигната на рид, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје - Битола.
Во железничката станица повеќе не работи самата билетарница и дел од самата градба се користи како станбен простор, но сепак во станицата работи отправник, кој ги контролира возовите кои поминуваат низ самата станица.
Железничката станица „Чашка“ е оддалечена 65,2 километри од главната железничка станица во Скопје.
Обнова[уреди | уреди извор]
Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Чашка, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
ЖС „Чашка“ на Ризницата ?
![]() | Оваа статија за железничка станица во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Координати: 41°38′50.25″N 21°41′36.80″E / 41.6472917° СГШ; 21.6935556° ИГД