Војводство Нормандија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Војводство Нормандија
Duché de Normandie
Ducatus Normanniae
Знаме Грб
Главен градРуан
Уредување Феудална монархија
Валута Денар (Руански пени)

Војводството Нормандија било создадено со Договорот од Сен Клер сур Епте од 911 година меѓу кралот Карло III од Западна Франција и викиншкиот водач Роло. Се наоѓала на подрачјето на денешната покраина Нормандија, и со договорот францускиот крал имал намера да ги спречи понатамошните упади на Викинзите на француско тло.

Војводството името го добило по своите жители - Норманите.

Од 1066 до 1204 година, како резултат на норманското освојување на Англија, англиските кралеви биле истовремено и војводи на Нормандија, со исклучок на Роберт Куртоз (1087–1106), најстар син на Вилијам Освојувачот, но не седнал на англискиот трон.; и Џефри Плантагенет (1144–1150), сопруг на Царицата Матилда и татко на Хенри II.

Во 1204 година Филип Втори од Франција ја нападнал и ја зазел Нормандија. Таа останала спорна територија до Парискиот договор од 1259 година, кога англискиот суверен го отстапи своето барање, освен за Каналските Острови; т.е. Гернзи и Џерси, и нивните зависности (меѓу кои и Сарк).

Во Кралството Франција, војводството повремено било издвојувано како апанажа со кое владеел член на кралското семејство. Меѓутоа, по 1469 година, тоа била трајно обединето со кралскиот домен, иако титулата била доделувана како почесна на помладите членови на кралското семејство. Во таква смисла, последниот француски војвода од Нормандија бил Луј Шарл, војвода на Нормандија од 1785 до 1789 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]