Википедија:ВикиПроект Медицина/Медицина на Википедија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Википроект медицина.jpg

„Медицина на Википедија“[уреди извор]

„Медицина на Википедија“ е заеднички проект на Европската медицинска студентска асоцијација - Македонија (ЕМСА-Македонија) и на Викимедија Македонија. Со овој проект, волонтери од ЕМСА-Македонија, кои што се студенти по медицина, пишуваат и дополнуваат енциклопедиски статии поврзани со здравјето и медицината на Википедија на македонски јазик.

Мотив и идеја[уреди извор]

Википедија претставува вреден извор на информации кои се лесно достапни за сите луѓе преку статии за скоро секоја можна област од знаењето, вклучувајќи и многу информации за здравјето, медицината и биомедицинските науки. Овие содржини секојдневно се пребаруваат и користат од многу луѓе ширум светот. Поголемите јазични изданија на Википедија (на англиски, германски, холандски, италијански...) имаат завидно покривање на темите поврзани со здравствените науки.

Македонското јазично издание на Википедија моментално е релативно сиромашно со вакви информации заради недостиг на заинтересирани волонтери. Особено е загрижувачки фактот што нема никави информации за одредени теми кои се од врвно значење (на пример, до јули 2012: болка, вакцинација, депресија, забен кариес, јавно здравје, лекар, менингитис , миокарден инфаркт, сепса итн.). Постоењето на вакви информации на интернет и на македонски јазик би довеле до медицински и здравствено пообразувано население меѓу сите говорители на македонски и до актуелизирање на одредени јавно-здравствени состојби.

Студентите на медицина кои се членови на ЕМСА – Македонија имаат соодветна научна стручност за покривање на овие теми, интерес кон здравјето и медицината и волонтерски ентузијазам. Идејата на проектот е да се обучат волонтери на основите на уредувањето на Википедија, а потоа тие да се вклучат во кратка акција за пишување и дополнување на здравствени и медицински статии.

Цели на проектот[уреди извор]

  1. Збогатување на слободното, лесно пристапното и бесплатно знаење од областите на здравјето и медицината на македонски јазик;
  2. Можност на студентите да се потсетат или да ги продлабочат своите знаења од медицина;
  3. Запознавање на студентите со Википедија и процесот на уредување како шанса за тие да станат активни придонесувачи - Википедијанци;
  4. Прилика за активност и дружење на членовите на ЕМСА – Македонија.

Учесници[уреди извор]

Emblem-persons-blue-green.svg
Од Викимедија Македонија
Од ЕМСА - Македонија

Резултати од проектот[уреди извор]

Учесник Придонес
Brainmachine (разговор придонеси)
Lady Jefferson (разговор придонеси)
Klank (разговор придонеси)
/ /
/ /