Византија под Комнинската династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Римското Царство
Βασιλεία Ῥωμαίων

1081 – 1185
Местоположба на Византија
Византија во времето на Мануил I Комнин
Главен град Цариград
Јазици грчки, ерменски
Вероисповед Православие
Уредување автократија
Цар
 -  1081–1118 Алексиј I Комнин
 -  1183–1185 Андроник I Комнин
Историја
 -  Битка кај Манцикерт (1071) 26 август1071
 -  стапување на престолот на Алексиј I 4 април 1081
 -  Прва крстоносна војна 27 ноември 1095
 -  Битка при Мариокефалон 17 септември 1176
 -  крајот на владеењето на Андроник I 31 август 1185

Византиското Царство од страна на Комнините била управувана во два периоди: периодот од 1057 година со назначувањето на Исак I Комнин за цар до крајот на неговото владеење во 1059, и назначувањето на Алексиј I Комнин во 1081 година до крајот на владеењето на Андроник I Комнин во 1185 година.

Позадина[уреди | уреди извор]

Комнинската ера започнала во период на големи тешкотии и стремење кон Византија. По еден период на релативен успех и експанзија во рамките на Македонската династија (867-1054), Византија доживеала неколку децении стагнација и опаѓање, што кулминирало со огромно влошување на ситуацијата односно земјата имала територијална, економска и политичка нестабилност.

Проблемите со кои се соочувала империјата биле делумно предизвикани од растечкото влијание и моќ на аристократијата, која ја слабеела на империјата воената структура преку поткопување на системот за темите. Заочнувајќи од смртта на успешниот војник-цар Василиј II во 1025, една долга серија на слаби владетелите ги распуштиле големите армии кои биле во одбрана на источните провинции од напади; наместо тоа, златото било складирано во Цариград, наводно со цел да се ангажираат платеници доколку се појават определени проблеми. Всушност, најголем дел од парите биле давани во форма на подароци кај фаворитите на царот.

Земјата во текот на периодот била напаѓана од Турците на исток и од Норманите на запад. Од 1080 година, империјата изгубила 78.000 км2.

Цари[уреди | уреди извор]