Вестерн унион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вестерн унион (англиски: Western Union) — американска компанија која обезбедува финансиски и комуникациски услуги. Компанијата има повеќе од 160-годишна историја, повеќе од 500.000 агенти, со локации во повеќе од 200 земји и територии. Основана е во 1851 година во Њујорк и Мисисипи како компанија за печатење телеграфи, додека денес таа е развиена со многу иновативни услуги, како премостување на празнини во секторот на финансиските услуги. Вестерн унион ги врши следниве услуги:

  • испраќање и примање на пари;
  • при-пејд услуги и парични налози (money orders);
  • плаќање на сметки; и други
  • бизнис решенија;

Испраќање и примање на пари[уреди | уреди извор]

Без разлика дали клиентите се во САД, Африка или во некој друг дел од светот, тие можат да испраќат и примаат пари преку Вестерн унион, и тоа се прави многу лесно, се разбира поради големата мрежа на агенти на Вестерн унион. Во многу земји се обезбедени и други опци за испраќање на пари, како што се он-лајн или по телефон, со помош на кредитна или дебитна картичка. Исто така, кога станува збор за добивање на парите, постојат неколку опции во зависност од локацијата, а тоа се:[1]

При-пејд услуги и парични налози[уреди | уреди извор]

Услугите трансфер на пари и плаќање на сметките се надополнети со разновидни припејд услуги, вклучувајки надополнувачки при-пејд картички, телефонски картички и парични налози. При-пејд картичките на клиентите им овозможуваат:

Плаќање на сметките[уреди | уреди извор]

Платежната функција на Вестерн унион е многу сигурен начин за клиентите да направат исплати на илјадници приматели, вклучувајќи ги и комуналните услуги, финансии, осигурителни компании и владини тела. Плаќањето може да се изврши со готовина или по електронски пат, било еднократно или периодично. Уплатите може да се извршат во секоја локација на агентите, онлајн или по телефон.

Бизнис решенија[уреди | уреди извор]

Вестерн унион им помага на компаниите да се натпреваруваат на глобално ниво. Со многу меѓународни банкарски односи, со многу збогатено знаење во индустријата и многу прилагодени решенија го прават Вестерн унион да им обезбеди на компаниите многу можности. Како најприлагодени решенија се:[2]

  • меѓународни платежни услуги;
  • девизни решенија;
  • консултации за управување со ризикот;
  • платформа за онлајн исплата.

Aгенти[уреди | уреди извор]

Секој ден, компанијата Вестерн унион соработува со повеќе од 500.000 агенти, во повеќе од 200 земји. За да се стане агент на Вестерн унион, треба да се исполнат барањата на компанијата, да се има одобрение од компанијата и да се работи според правилата и законите пропишани во склучениот договор.

Вестерн унион во Македонија[уреди | уреди извор]

Историја на Вестерн унион[уреди | уреди извор]

Услугата на Вестерн унион се нуди во Македонија од септември 1999 година, од страна на „Интернационална финансиска унија“ (ИФУ) како подружница на „Финансиска унија“ од Тирана. Со текот на годините, ИФУ ја проширила мрежата низ целата територија на Македонија. На крајот на 2003 година, ИФУ имала 28 агенции во својата мрежа.

Во август 2004 година, „Унија финансиска Скопје“ (УФС), (формирана во јануари 2004, како наследник на „Интернационална финансиска унија“), се стекнала со лиценца од страна на Народна банка на Република Македонија, како небанкарска финансиска институција која ги нуди услугите на брз трансфер на пари. УФС има договор на застапување на Вестерн унион. Локациите на УФС јасно се обележени со детелинка со пет листови со различна боја.


УФС има воспоставено мрежа во Македонија со повеќе од 200 агенции, во повеќе од 29 градови. Во Македонија постојат неколку типови на агенти на Вестерн унион:

Најголемиот дел од агенциите на Вестерн унион се комбинација од горенаведените услуги. Сите агенции се позиционирани на многу видливи и соодветни места како на пример: во центар на град, на главна улици и во трговски центри. За да се постигне највисок степен на квалитет и брза услуга, сите агенции на Вестерн унион располагаат со компјутер, факс, фотокопир и друга потребна опрема за вршење на дневни активности. УФС редовно организира обуки за сите оператори во мрежата на Вестерн унион во Македонија.

Провизии кои се наплатуваат при испраќање пари[уреди | уреди извор]

Табела 1: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион[3]

Износ во долари Провизија во долари Износ во евра Провизија во евра
до 100 15 до 90 13,5
од 101 до 200 22 од 90,01 до 180 20
од 201 до 300 29 од 180,01 до 270 26,5
- - од 270,01 до 360 32
од 301 до 400 35 од 360,01 до 465 38
од 401 до 500 42 од 465,01 до 665 49,5
од 501 до 750 54 од 665,01 до 870 59,5
од 751 до 1000 65 од 870,01 до 1075 69
од 1001 до 1250 76 од 1075,01 до 1280 78
од 1251 до 1500 85 од 1280,01 до 1535 89
од 1501 до 1750 98 oд 1535,01 до 1790 99,5
од 1751 до 2000 110 oд 1790,01 до 2050 109,5
од 2001 до 2250 120 oд 2050,01 до 2310 119,5
од 2251 до 2500 130 oд 2310,50 до 2500 129,5

За секои дополнителни 250 долари, се наплаќа провизија од 10 долари. Исто така, за секои дополнителни 260 евра се плаќа провизија од 10 евра.


Табела 2: Дополнителни провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион

Услуга Провизија во долари Услуга Провизија во евра
Телефонско јавување 3 УСД Телефонско јавување 2,5 ЕУР
Порака до 10 збора 2 УСД Порака до 10 збора 1,5 ЕУР
Секој нареден збор 0,2 УСД Секој нареден збор 0,2 ЕУР


Табела 3: Провизии за трансфер на пари преку Вестерн Унион во: Хрватска, Босна, Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово и Албанија.

Износ во долари Провизија во долари Износ во евра Провизија во евра
до 130 9 до 100 7
од 130,01 до 260 13 од 100,01 до 200 10
од 260,01 до 390 16 од 200,01 до 300 12
од 390,01 до 650 18 од 300,01 до 500 13,50
од 650,01 до 1000 26 од 500,01 до 750 20
од 1000,01 до 1300 33 од 750,01 до 1000 25
од 1300,01 до 2000 39 од 1000,01 до 1500 30
од 2000,01 до 2600 45 од 1500,01 до 2000 35
од 2600,01 до 3200 55 од 2000,01 до 2500 42

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]