Градиште (Австрија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бургенланд)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градиште
Burgenland
сојузна покраина во Австрија
Знаме на Градиште
Знаме
Грб на Градиште
Грб
Местоположба на Градиште
Земја Австрија
Главен градАјџенштат
Управа
 • УправникХанс Нисл (СПА)
Површина
 • Вкупна3.961,80 km2 (152,970 sq mi)
Население
 • Вкупно284.900
 • Густина0.72/km2 (1.9/sq mi)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
ISO 3166AT-1
NUTS-регионAT1
Гласови во Сојузниот совет3 (од 62)
Мреж. местоburgenland.at

Градиште или Бургенланд (германски: Burgenland; хрватски: Gradišće, словенечки: Gradiščanska, унгарски: Várvidék) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот источен дел. Зафаќа површина од 3.966 квадратни километри и тука живеат околу 285.000 жители. Главен град е Ајзенштат (Железно).

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градиште го зазема источниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија[уреди | уреди извор]

Со површина од 3.966 квадратни километри, Градиште е една од помалите покраини во Австрија. Според релјефот, поголемиот дел е во склоп на Панонската Низина, а мал дел на запад е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална. Водите ги застапуваат многу реки и езера, меѓу кои најпознато е Нежидерското Езеро, на границата со Унгарија.

Население[уреди | уреди извор]

Со над 285.000 жители и густина на населеност од 72 жит./км2 Градиште е последна по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Хрвати и Унгарци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција, но не толку како во останатите делови на Австрија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]