Прејди на содржината

Боречки клуб (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Боречки клуб“
Театричен постер
РежисерДавид Финчер
ПродуцентАрнон Милчан (exec.)
Арт Линсон
Рос Грејсон Бел
СценаристЏим Улс
РаскажувачЕдвард Нортон
Главни улогиЕдвард Нортон
Бред Пит
Хелена Бонхем Картер
МузикаБраќата Даст
КинематографијаЏеф Кроненвет
МонтажаЏејмс Хејгуд
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера15 октомври 1999
Времетраење139 мин.[1][2]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$63 милиони
Бруто заработка$100.853.753 (глобално)

Боречки клуб (англиски: Fight Club) — американска играна филмска адаптација од 1999 на истоимениот роман од 1996 на Чак Паленик, адаптиран од Џим Улс и режиран од Давид Финчер. Романот бил откупен од продуцентот Лора Цискин, која го вработи Улс да го напише сценариото за филмот. Неколку режисери биле предвид за да го режираат Боречки клуб; Давид Финчер бил одбран да го режира според неговиот интерес во проектот и покрај преткодните потешкотии со студиото 20th Century Fox. Големи и признаени глумци и глумици биле предвид за да се помогне на студиото да го промовира филмот, а глумците Бред Пит, Едвард Нортон и Хелена Бонхем Картер финално биле одбрани за главните улоги. Финчер работел со Улс за развивањето на сценариото, барајќи совети од други од филмската индустрија и од сопствената глумечка екипа.

Финчер го опишал Боречки клуб како црна комедија која применува тешка сатира; тој и глумечката екипа исто така го споредиле филмот со Дипломец (1967) и Бунтовник без причина (1955). Тематски, филмот бил наменет да го прикаже конфликтот меѓу генерацијата на млади луѓе и вредносниот систем на маркетингот. Употребата на насилство во клубовите за борци имала улога на метафора за конфликтот на генерацијата. Безимениот протагонист, портретиран од Едвард Нортон, е обична личност во која публиката треба лесно да се препознае, а претставува и компромитиран (несигурен) раскажувач на приказната кој се вмешува со Тајлер Дурдејн (Бред Пит) и е во конфликтен љубовен триаголник со Дурден и Марла Сингер (Хелена Бонхем Картер). Режисерот искористил хомоеротски тонови од романот на Паленик за имплементација во филмот верувајќи дека со тие тонови ќе ја прави публиката неудобна и со тоа ќе ја чува за очекување на драмаичниот крај со пресврт.

Извршните членови на студиото не биле позитивни кон филмот и ја промениле маркетинг кампања која Финчер ја замислувал за да се соземат од евентуалните загуби. Боречки клуб не успеал да ги доживее очекувањата во бокс офисот, а добил и поларизирани реакции од филмските критичари. Филмот се смета за најдискутираниот и најконтроверзниот филм на 1999 година. Бил приман како премин кон нови граници на кинематографскиот визуелен стил и за запознавање на ново расположение кон политичкиот живот. Филмот подоцна најде комерцијален успех со своето ДВД издание, кое го зацрсти статусот на Боречки клуб како култен филм. Филмот исто така изврши промени врз некои општества, особено во Америка, инспирајќи ги луѓето и самите да создадат клубови на борци.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден неименуван човек, односно Раскажувачот, работи како специјалист за отповикување на патници и страда од несоница. Тој се обидува да добие лекарска помош за својата несоница, но лекарот му препорачува да посетува т.н групи за поддршка за луѓе што страдаат од рак на тестисите, за да се справи со својата несоница. Тој успешно се справува со својата несоница и решава да посети повеќе групи за поддршка. Се оди во ред за него сè додека не здогледа уште еден измамник како него, Марла Сингер, нејзиното присуство го вознемирува и затоа преговара со неа за да избегнат присуство во истите групи. Тие исто така одлучуваат да останаат во контакт и Марла му го дава нејзиниот телефонски број. Еден ден, на лет кога се враќа од службено патување, Раскажувачот се сретнува со продавач на сапун Тајлер Дурден и започнува разговор со него. Кога се враќа дома, на свое изненадување, го наоѓа својот апартман уништен од експлозија. Сега без место за живеење, тој му се јавува на Тајлер и тие се сретнуваат во еден бар. По еден разговор надвор од барот, Тајлер ненадејно бара од Раскажувачот да го удри, и после мала двоумица, Раскажувачот го удира што започнува тепачка. Раскажувачот се преселува во домот на Тајлер и тие продолжуваат да се тепаат надвор од барот наредните ноќи, мажите што ги гледаат пројавуваат интерес во ваквите тепачки. Поради големиот интерес, тие формираат еден боречки клуб во подрумот на барот, каде мажите можаат рекреативно да се тепаат. Тајлер воведува неколку правила за клубот. Еден ден, Марла му се јавува на Раскажувачот и му кажува дека се предозирала на апчиња и го вика да дојде за да и помогне. Ама Раскажувачот одлучува да ја игнорира и невнимателно го остава телефонскиот приемник да виси. Тајлер го забележува телефонот и разговара со Марла, потоа оди во нејзиниот апартман за ја спаси. Тајлер и Марла се спријателуваат, редовно имајќи секс што го нервира Раскажувачот. Тајлер го предупредува Раскажувачот никогаш да не разговара со Марла за него. Тајлер потоа формира повеќе боречки клубови ширум државата, кои наскоро стануваат дел од една анти-материјалистичка и анти-корпоративна организација, Проектот Хаос. Повеќе од членовите на боречките клубови се преселуваат во куќата на Тајлер и ја подобруваат. Раскажувачот дознава дека Тајлер прави работи зад неговиот грб и не го вклучува во новата организација, Тајлер исто така ја напушта куќата без најава. За време на една неуспешна операција на Проектот Хаос, еден член на организација е убиен од страна на полицијата, тогаш Раскажувачот се обидува да ја затвори организацијата. За да дознае што се случува и за да го најде Тајлер, Раскажувачот патува во неколку градови. Скори сите го знаат Раскажувачот како Тајлер Дурден, дури и Марла го знае како Тајлер откако му признава на Раскажувачот во телефонски повик. Кога одеднаш се појавува Тајлер, тој му кажува дека тие се два одделени карактери во едно тело. Раскажувачот се онесвестува по разговорот со Тајлер и кога се разбудува, дознава дека Тајлер има план да ги униште финансиските згради. Раскажувачот се обидува да го спречи овој план да се случи што ќе го пријави планот во полиција, но дознава дека полицајците се членови на Проектот Хаос и успева да избега. Раскажувачот потоа се обидува да ги исклучи експлозивите, но го претепува Тајлер и го носи во најгорниот кат на зградата. Тајлер му се заканува на Раскажувачот со пиштол, но Раскажувачот набрзо сфаќа дека всушност тој го држи пиштолот, бидејќи е во истото тело со Тајлер. Раскажувачот си пука во устата, бидејќи пука низ образот не се убива и со тоа го убива Тајлер кој паѓа на земја. Проектот Хаос му ја донесуваат Марла на Раскажувачот, верувајќи дека тој е Тајлер и бидејќи праваат како што побара од нив Тајлер, потоа ги оставаат Раскажувачот и Марла насамо. Раскажувачот и Марла се фаќаат за раце и гледаат како паѓаат зградите пред нив по детонацијата на експлозивите.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Англиски јазик
[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: