Мит Лоуф

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајкл Ли Адеј (роден Марвин Ли Адеј; 27 септември 1947 - 20 јануари 2022), професионално познат како Мит Лоуф (анг: Meat Loaf), бил американски рок пејач и актер. Бил познат по неговиот моќен глас со широк дијапазон и театаралните изведби во живо. Тој се наоѓа на листата на најпродавани музички уметници. Неговата трилогија — Bat Out of Hell (1977), Bat Out of Hell II: Back into Hell (1993), и Bat Out of Hell III: The Monster Is Loose (2006) — се има продадено во над 100 милиони плочи ширум светот.[1] Првиот албум останал на топ листите повеќе од девет години, и сè уште се продаваат околу 200.000 копии годишно и е на листата на најпродавани албуми.[2][3]

По комерцијалниот успех на Bat Out of Hell и Bat Out of Hell II: Back Into Hell, и добивањето на Греми награда за најдобра соло рок вокална изведба за песната „ I'd Do Anything for Love “, Мит Лоаф сепак имал одредени тешкотии во воспоставувањето на стабилна кариера во Соединетите Држави.[4][5][6] Клучот на неговиот успех лежи во неговата популарност во Европа, претежно во Обединетото Кралство и Ирска. Во 1994 година добил награда на Британските музички награди во Обединетото Кралство за најпродаван албуми и песна. Тој се појавил во филмот „Spice World“ од 1997 година и во 2006 г. се нашол на 23-то место по бројот на недели поминати на топ листите во Велика Британија. Се наоѓа на 96-то место на листата од VH1 „100 најголеми хард рок уметници“.[2]

Мит Лоуф се појавил во преку 50 филмови и телевизиски емисии,[7] понекогаш како себе си или глумел ликови кои потсеќаат на неговата сценска изведба. Најпоснати негови филмски улоги се: Еди во „Изложбата на слики од Роки Хорор“ (The Rocky Horror Picture Show) (1975) и Роберт Полсен во Боречки клуб (1999). Неговите рани театарски улоги вклучуваат двојни улоги во оригиналната постава на Бродвејската претстава The Rocky Horror Show. Тој, исто така, се појавил во мјузиклот Коса, на и вон Бродвеј.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Марвин Ли Адеј е роден во Далас, на 27 септември 1947 година.[8][9] Уште од најмала возраст поради својата корпулентност го добил прекарот Мит Лоуф (во буквален превод „парче месо“ [10][11]

Во 1965 година, Адеј матурирал во средното училиште Томас Џеферсон, а потоа се запишал на Државниот универзитет во Северен Тексас.

Во 1967 година, на негова 19 годишна возраст, мајка му починала од рак.[12] Наследството кое што го добил од смртта на мајка му го искористил за да изнајми стан во Далас,[13] а по кратко време заминал за Лос Анџелес.[14] Тој намерно се здебелил 27 килограми за да не биде регрутиран за војната во Виетнам.[8]

Промена на името[уреди | уреди извор]

Во 1984 година, Мит Лоуф законски го сменил своето име од Марвин во Мајкл бидејќи го нервирала рекламата на Levi Strauss & Co. на која пишувало: „Кутриот дебел Марвин не може да носи Левис“.[12][10]

Мит Лоуф починал во Нешвил, Тенеси, на 20 јануари 2022 година, на 74-годишна возраст. Не е објавена официјална причина за смртта.[4] Тој, наводно, претходно во јануари бил болен од КОВИД-19 а било наведено дека починал од компликации од болеста.[15][16]

Дискографија[уреди | уреди извор]

  • Bat Out of Hell (1977)
  • Dead Ringer (1981)
  • Midnight at the Lost and Found (1983)
  • Bad Attitude (1984)
  • Blind Before I Stop (1986)
  • Bat Out of Hell II: Back Into Hell (1993)
  • Welcome to the Neighbourhood (1995)
  • Couldn't Have Said it Better (2003)
  • Bat Out of Hell III: The Monster is Loose (2006)
  • Hang Cool Teddy Bear (2010)
  • Hell in a Handbasket (2011)
  • Braver Than We Are (2016)

Книги[уреди | уреди извор]

  • Meat Loaf (1999). To Hell and Back: An Autobiography. ReganBooks. ISBN 0-06-039293-2.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Meat Loaf at the Internet Broadway Database
  1. „Meat Loaf in numbers - after death of icon whose album spent 10 years in charts and with more film credits than Meryl Streep“. Sky News. January 21, 2022. Посетено на January 21, 2022.
  2. 2,0 2,1 „BBC – radio 2 – Sold on Song – Top 100 – no 8 – 'Bat Out Of Hell'. BBC News. Архивирано од изворникот на January 9, 2016.
  3. Hotten, Jon (September 2000). „Bat Out Of Hell – The Story Behind The Album“. Classic Rock. Архивирано од изворникот на June 2, 2017 – преку Jim Steinman.
  4. 4,0 4,1 „Meat Loaf, rock superstar, 'Bat Out of Hell' singer, has died at 74“. CBS News. Associated Press. Архивирано од изворникот на January 21, 2022. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „cbsdied“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Marshall, Alex; Taylor, Derrick Bryson (January 21, 2022). „Meat Loaf, 'Bat Out of Hell' Singer and Actor, Dies at 74“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на January 21, 2022.
  6. „Rock legend and 'Bat Out of Hell' singer Meat Loaf dies at 74“. Today. Архивирано од изворникот на January 21, 2022.
  7. „Meat Loaf“. IMDb. Архивирано од изворникот на June 16, 2018.
  8. 8,0 8,1 „Meat Loaf Biography“. Biography. Архивирано од изворникот на December 17, 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „biography“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. Sullivan, Lindsey (January 21, 2022). „Meat Loaf, Bat Out Of Hell Singer and Rocky Horror Picture Show Actor, Dies at 74“. Broadway.com. Архивирано од изворникот на January 23, 2022.
  10. 10,0 10,1 Edwards, Verity (September 16, 2016). „Q&A: Meat Loaf (Michael Lee Aday), musician, 68“. The Australian. Архивирано од изворникот на March 23, 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „qameatloaf“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. Bjornson, Greta (January 21, 2022). „Meat Loaf: The Many Origin Stories Behind the Late Singer's Name“. People.
  12. 12,0 12,1 Barber, Lynn (December 7, 2003). „Bat man“. The Guardian. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „batman“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  13. BURGOS, JENZIA (January 21, 2022). „Meat Loaf's Net Worth Reveals How Much He Made as One of the Greatest Rockstars of All Time“. SHE Media. Архивирано од изворникот на January 23, 2022.
  14. Meat Loaf (1993). To hell and back : an autobiography (1. изд.). New York: ReganBooks. ISBN 0060392932. OCLC 42397459.
  15. Rodriguez, Katherine (January 27, 2022). „Howard Stern wants Meat Loaf's survivors to advocate for COVID-19 vaccines“. The Patriot-News.
  16. Koehn, Alexandra (January 21, 2022). „Music City remembers music legend Meat Loaf“. WTVF.