Исчезната (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Исчезната“
РежисерДејвид Финчер
Продуцент
СценаристЏилијан Флин (по нејзиниот истоимен роман)
Настапуваат
Музика
КинематографијаЏеф Кроненвет
МонтажаКирк Бакстер
Студио
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера26 септември 2014 (2014-09-26) (Њујоршки фестивал)
3 октомври 2014 (2014-10-03) (САД)
Времетраење149 минути[1]
Држава САД
ЈазикАнглиски јазик
Буџет61 милион долари[2]
Бруто заработка368 милиони долари[2]

Исчезната (англиски: Gone Girl) е американски психолошки трилер од 2014 година, режиран од Дејвид Финчер. Сценариото на Џилијан Флин било базирано на нејзиниот истоимен роман. Главните улоги во филмот ги играат Бен Афлек и Розамунд Пајк. Поставена во Средниот запад во САД, приказната во филмот почнува како мистерија која ги следи настаните околу Ник Дан (го игра Афлек), кој станува главен осомничен за ненадејното исчезнување на неговата жена, Ејми (ја игра Пајк).
Филмот ја имал својата светска премиера на првата вечер на 52. издание на Њујоршкиот филмски фестивал на 26 септември 2014, а од 3 октомври бил достапен во киносалите ширум светот, во кои поминал одлично, заработувајќи преку 368 милиони долари. За улогата на Ејми, Розамунд Пајк добила позитивни критики и добила номинации за „Оскар“ за најдобра актерка во главна улога, „БАФТА награда“ за најдобра актерка во главна улога, „Златен Глобус“ за најдобра актерка во главна улога во драма, како и номинација од страна на здружението на филмски глумци за најдобра актерка во главна улога. Понатаму, Финчер добил номинација за „Златен глобус“ за најдобар режисер, а сценаристката Флин била номинирана за најдобро сценарио за наградите „Златен Глобус“ и „БАФТА“, како и за наградата на филмските критичари, која подоцна ја добила.[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Брачниот пар њујоршки писатели, Ејми (Розамунд Пајк) и Ник (Бен Афлек) е приморан да се пресели во мал град во Мисури поради финансиската криза и поради болеста на мајката на Ник. Од хармоничен и среќен пар, тие стануваат несреќни и оттуѓени. На денот на нивната петгодишнина, Ник се враќа дома и затекнува превртена маса и неред во дневната соба, кој укажува на знаци на борба. Тој сфаќа дека неговата жена е исчезната и ја известува полицијата. Набрзо неговите лаги, измами и чудно однесување ги принудуваат сите да си го постават истото мрачно прашање: дали Ник ја убил жена си?[4]

Улоги[уреди | уреди извор]

Бен Афлек Ник Дан
Розамунд Пајк Ејми Елиот-Дан
Нил Патрик Харис Деси Колингс, поранешно момче на Ејми
Тајлер Пери Танер Болт, адвокат на Ник
Кари Кун Марго Дан, сестра близначка на Ник
Ким Дикенс детективка Ронда Бони
Патрик Фјуџит детектив Џим Гилпин
Кејси Вилсон Ноел Хоторн, сосетка на Ник и Ејми
Миси Пајл Елен Абот, телевизиска презентерка
Сила Ворд Шерон Шибер, телевизиска водителка
Емили Ратаковски Енди Харди, љубовница на Ник
Лиса Бејнс Мерибет Елиот, мајка на Ејми
Дејвид Кленон Ранд Елиот, татко на Ејми
Скут Мекнери Томи О'Хара, поранешно момче на Ејми

Издавање[уреди | уреди извор]

Афлек и Пајк на премиерата на фестивалот во Њујорк.

Исчезната го отворил 52. издание на Њујоршкиот филмски фестивал, добивајќи позитивни критики уште на почетокот. На 3 октомври 2014 година, филмот ја имал својата премиера во 3.014 кино сали во Северна Америка. Освен во Северна Америка, филмот бил издаден во 5.270 кино сали во 39 држави во првиот викенд на прикажувањето.[5]

Заработка[уреди | уреди извор]

Филмот имал заработка од 167,8 милиони долари во САД и Канада и 200,3 милиони долари во кината ширум светот, т.е. вкупна заработка од 368 милиони долари, наспроти буџетот од 61 милион долари.[2] Пресметувајќи ги сите трошоци, Deadline.com пресметал дека филмот имал профит од 129,99 милиони долари.[6] Филмот заработил 13,1 милиони долари на првиот ден на прикажувањето во Северна Америка.[7][8][9][10] Во првата недела на прикажувањето, филмот имал најголема заработка во САД од 37,5 милиони долари, оставајќи го на второто место хороротАнабела“ на „Warner Bros./New Line Cinema“, кој имал заработка од 37,1 милиони долари. Филмот имал најдобро отворање во кариерата на Финчер, соборувајќи го отворањето на трилеротПанична соба“. Во кариерата на Афлек, филмот имал трето најголемо неделно отворање и се нашол веднаш зад „Перл Харбор“ кој имал почетна заработка од 59,1 милиони долари и „Дердевил“ со заработка од 40,3 милиони долари, додека пак во кариерата на Пајк, филмот се нашол на второто место зад „Умри некој друг ден“ кој имал почетна заработка од 47 милиони долари. Филмот „Исчезната“ и во втората недела на прикажувањето останал на врвот и покрај конкуренцијата од „Дракула“,[11] но во третата недела бил престигнат од „Бес“.[12]
Надвор од Северна Америка, филмот заработил 24,6 милиони долари во првата недела на прикажувањето, што било многу повеќе од очекуваното.[5] Висока заработка била забележана во Обединетото Кралство (6,7 милиони долари),[13] Австралија (4,6 милиони долари),[13] Франција (3,65 милиони долари)[14] Русија (3,4 милиони долари),[13] и во Германија (2,6 милиони долари).[13]

Филмски критики[уреди | уреди извор]

Исчезната добил главно позитивни ревизии од филмските критичари кои најголемите пофалби ги упатиле за изведбата на Пајк. На „Rotten Tomatoes“ филмот има рејтинг од 88%, врз основа на 281 ревизија, со просечен рејтинг од 8/10. Описот на сајтот гласи: „Мрачен, интелигентен, и стилски до грешка, Исчезната игра на силата на режисерот Дејвид Финчер и го вади најдоброто од Бен Афлек и Розамунд Пајк.“[15]Metacritic“ му дава на филмот рејтинг од 79 од можни 100, врз основа на 49 критики, укажувајќи на „генерално позитивни критики“.[16] Публиката анкетирана од „CinemaScore“ го оценила филмот со оценка 4 од можни 5.[17][18]

Продолжение[уреди | уреди извор]

Во интервју во октомври 2014 година, Розамунд Пајк изјавила дека таа би глумела во евентуално продолжение доколку Џилијан Флин повторно би го напишала сценариото.[19] Во јануари 2015 година, Флин изјавила дека е отворена кон идеата за продолжение, но тоа би се случило во иднина кога целата екипа би била повторно слободна.[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "GONE GIRL (18)". British Board of Film Classification. September 25, 2014. конс. September 25, 2014. 
  2. 2,0 2,1 2,2 "Gone Girl (2014)". Box Office Mojo. Internet Movie Database. January 21, 2015. конс. December 31, 2014. 
  3. Golden Globe: 'Birdman,' 'Boyhood' and 'Imitation Game' Top Nominations“, „Variety“, 11 декември 2014 (посет. 11 декември 2014 г).
  4. „Исчезната“, Антена, број 900, 25.9.2015, стр. 17.
  5. 5,0 5,1 Ray Subers (October 5, 2014). "Around-the-World Roundup: Strong Overseas Debuts for 'Gone Girl,' 'Annabelle'". Box Office Mojo. Internet Movie Database. конс. October 6, 2014. 
  6. Mike Fleming Jr (March 10, 2015). "No. 12 ‘Gone Girl’ – 2014 Most Valuable Blockbuster Movie Tournament". Deadline.com. конс. March 21, 2015. 
  7. Scott Mendelson (October 4, 2014). "Friday Box Office: 'Annabelle' Nabs $15.5M, 'Gone Girl' Nabs $13.2M". Forbes. конс. October 5, 2014. 
  8. Maane Khatchatourian (October 4, 2014). "‘Gone Girl’ Headed for $38 Mil Weekend Win, ‘Annabelle’ Tops Friday Box Office". Variety. конс. October 5, 2014. 
  9. McClintock, Pamela (October 3, 2014). "Box Office: 'Annabelle' Beats 'Gone Girl' Thursday Night, Both Off to Strong Start". The Hollywood Reporter. конс. October 3, 2014. 
  10. McNary, Dave (October 3, 2014). "Box Office: ‘Annabelle’ Tops ‘Gone Girl’ with $2.1 Million Thursday Night". Variety. конс. October 3, 2014. 
  11. Brent Lang (October 12, 2014). "Box Office: ‘Gone Girl’ Edges Out ‘Dracula Untold,’ ‘The Judge’ With $26.8 Million". Variety. конс. October 12, 2014. 
  12. Brent Lang (October 19, 2014). "Box Office: Brad Pitt's 'Fury' Edges Out 'Book of Life,' 'Gone Girl'". Variety. конс. October 19, 2014. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 Nancy Tartagloine (October 5, 2014). "Int’l Box Office Update: ‘Breakup Buddies’ In Huge China Debut; ‘Gone Girl’ A Beaut With $24.6M; ‘Bang Bang’ Holsters $25.4M; More". Deadline.com. конс. October 6, 2014. 
  14. Nancy Tartagloine (October 12, 2014). "Int’l Box Office Update: ‘Gone Girl’, ‘Annabelle’ Tussle In $27M Tie; ‘Dracula’ Drinks Up $34M; ‘Guardians’ Strong In China; More". Deadline.com. конс. October 13, 2014. 
  15. "Gone Girl (2014)". Rotten Tomatoes. Flixster. конс. December 31, 2014. 
  16. "Gone Girl Reviews". Metacritic. CBS Interactive. конс. October 4, 2014. 
  17. Subers, Ray (October 5, 2014). "Weekend Report: Moviegoers Thrill to 'Gone Girl,' 'Annabelle' This Weekend". Box Office Mojo. конс. October 18, 2014. 
  18. McClintock, Pamela. „Box Office: David Fincher's 'Gone Girl' Tops 'Annabelle' With Career-Best $38M“, „The Hollywood Reporter“, 5 октомври 2014 (посет. 18 октомври 2014 г).
  19. http://www.cinemablend.com/new/Rosamund-Pike-Return-Gone-Girl-2-Person-Does-67648.html
  20. http://www.telegraph.co.uk/culture/film/film-news/11341710/Gone-Girl-2-could-happen.html

Надворешни врски[уреди | уреди извор]