Бекингхарде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општинската заедница Бекингхарде во округот Северна Фризија

Бекингхарде (германски: Bökingharde; мориншки: Böökinghiird; дански: Bøking Herred) — поранешна општинска заедница во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓала на брегот на Северното Море, близу 35 километри северозападно од Хузум. Нејзиното седиште било во Ризум-Линдхолм. Во јануари 2008 година била споена со општинските заедници Кархарде, Зидерлигум и Видингхарде и општините Нибил и Лек за да ја создадат општинската заедница Зидтондерн.

Општинската заедница Бекингхарде се состоела од следниве општини:

  1. Дагебил
  2. Галмсбил
  3. Ризум-Линдхолм
  4. Штедезанд

Координати: 54°46′N 8°52′E / 54.767° N; 8.867° E / 54.767; 8.867