Ајсел

Координати: 52°34′58″N 5°50′24″E / 52.58278° СГШ; 5.84000° ИГД / 52.58278; 5.84000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајсел
IJssel
Ајдел во Девентер
Ајсел со темносино
Местоположба
ЗемјаХоландија
ПокраиниГелдерланд, Оверајсел
ОбластиЛимерс, Веливе, Ахтерхук, Саланд
ГрадовиАрнем (предградија), Дусбург, Зутфен, Девентер, Зволе (предградија), Кампен
Физички особености
ИзворДолна Рајна
 • местоВестерворт, Гелдерланд, Холандија
 • надм. вис.6 м
УстиеКетелмер, Флеволанд
 • место
Кампен, Саланд, Оверајсел, Холандија
 • координати
52°34′58″N 5°50′24″E / 52.58278° СГШ; 5.84000° ИГД / 52.58278; 5.84000
 • надм. вис.
−3 м
Должина125 км
Проток 
 • просечен340 м3
Особености на сливот
ТечениеРајна, Панерденски Канал, Ајсел
Притоки 
 • десниСтар Ајсел, Беркел, Схипбек

Ајсел (холандски: IJssel, холандски долносаксонски: Iessel(t)) — растока на реката Рајна во Холандија тече на север и на крајот завршува во Ајселското Езеро (пред изградбата на насипот Афслаутдајк во 1932 г. наречен Заусерзе), природно сидриште во Северното Море. Тече во канал исток-југ околу полдерот Флевополдер, Флеволанд кој се одржува на надморска височина од 3 метри. Оваа водна површина потоа се пумпа во Ајселското Езеро.

Реката понекогаш се нарекува Гелдерски Ајсел (Gelderse IJssel) за да се разликува од реката Холандски Ајсел. Се протега во покраините Гелдерланд и Оверајсел. Римјаните ја нарекувале Изала (Isala). Тече од Вестерворт на источната страна на градоот Арнем.

Слично на Долна Рајна (Недеррајн), оваа рекаа е спореден истек од Рајна. Во местото на раздвојување го добила името Вал. Ова раздвојување е западно од германската граница. Вал се преплетува со други реки и долното течение на Долна Рајна, и го носи збирното име Делта Рајна-Меза-Шелда.

Историја[уреди | уреди извор]

Ајсел кај Девентер во 1567 г.

Името Ајсел (постаро Isla, Isala, од *Īsalō) се смета дека потекнува од праиндоевропскиот корен *eis- „брзање“ (старонорд. eisa „брзање“, лат. ira „лутина“).[1]

Пред римскиот топол период, плиткиот залив Заудерзе замрзнувал и се состоел од многу широки приливни блата наречени Флис (лат. Flevo). Реките Ајсел и Амстел ја одржувале рамнотежата на соленоста, и течеле на север, со тоа овоможувајќи образување на острови и насипи. Меѓу нив се ретки подрачја што се наѕираат над морето: Кампен, Елбург и североисточен насип кој некогаш бил пошумен од Најемирдум to Ставорен.

Меѓутоа, Северното Море се наметнало, обликувајќи ги т.н. Динкерчки трансгресии.

Со време овие трансгресии се ублажиле (се земјообразувале) и Ајсел ги добил своите многубројни кратки растоки кои ја разлеваат водата. Оцртот на старата потоната делта е видлива кај Зволе по најшироките делови на Ајселското Езеро; земјиштата на Емелорд, Лелистад и јужно од Дронтен се релативно нови мелиорации. Тие се продолжение на овие стари широки бразди и лежат шест метри под морското ниво.

Постои проток помеѓу морските острови Филанд и Терсхелинг наречен Фли. Излупениците под морското ниво на крајниот север (Groote Vliet) кај Медемблик и Ај (кај Амстердам) биле длабоки делови на истата водна површина во врвот на римскиот топол период и покачувањето на водата за време на темното доба на средновековието. Огромен дел од околниот басен на Холандија е мелиориран со т.н. полдеризација.

Реката претставува природна пречка, и во април 1945 г. таа била пребродена на јуриш од сојузничките сили, заземајќи ја од Германците.[2]

Ајсел како долен дел на Стар Ајсел[уреди | уреди извор]

Најголемиот дел од Ајсел бил долно течение на рекичката Стар Ајсел (или Ауде Ајсел; Oude IJssel, гер. Issel) која извира во Германија и сега е притока долга 70 км. Поврзницата помеѓу Рајна и Ајсел е веројатно вештачка, наводно прокопана од римскиот војсководец Друз Постариот ок. 12 г. п.н.е. за одбрана од германските племиња и превоз на војска со пловила.[3]

Стар Ајсел е втора по количина на прилив, веднаш по Рајна.

Изворот на Стар Ајсел се наоѓа близу Боркен во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Најпрвин тече на северозапад и продолжува така речиси додека не стаса до Рајна кај Везел; потоа свртува на запад-северозапад. Откако ќе го одмине Иселбург ја минува границата со Холандија. Потоа реката тече низ Дутинхем и се влева во Ајсел во Дусбург.

Особености[уреди | уреди извор]

Просечниот проток на реката е многу променлив. Долго време изнесувал 300 м3, но знае да се сведе на 140 и да се искачи на 1.800 м3, зависно од брзината на водата што доаѓа од погорните делови и јазовите западно од Арнем, каде се контролира дојдовната вода. Овие го контролираат Панерденскиот Канал, единствениот дотек на вода (заедничи со Долна Рајна).

Како низинска река чија брзина се намалува, Ајсел има свиоци. Некои свиоци (и земјишни теснеци, ханк) се вештачки одвоени, како што е случај кај Реден и Дусбург, смалувајќи ја должината од 146 км[4] на 125 км, но не толку драстично како Меза или Голем Уз. Напластувањето на нанос кое образува острови надвор од свиоците е оневозможено уште од крајот на XIX век.

Ајсел како растока на Рајна[уреди | уреди извор]

Мост преку Ајсел во Зволе
Скулптурата „Господарот на Ајсел“ кајшто Ајсел се двои од Рајна.

Откако е прокопана поврзницата помеѓу Рајна и Ајсел, Рајна станала главен дотек на Ајсел — мал дел од поранешниот тек го сочинува горното течение на Ајсел. Разни мали и поголеми притоки исто така дотураат вода во Ајсел, какви што се потоците Беркел и Схипбек од релативно месни врнежи. Ако се смета за огранок на делтата Рајна-Меза-Шелда, Ајсел е единствениот кој добива вода од притоки наместо да губи во растоки. Тој не е поврзан со Меза и Шелда, ниту пак со теченијата што произлегуваат од нив.

Во последните неколку километри на реката кај градот Кампен се образуваат растоки и прават мала делта. На некои од нив има брани за да се спречи ризикот од поплавување. Некои се преполнети со нанос. Други течат непречено. Највеќето брани се изградени пред 1932 г. кога Заудерзе е претворен во слатководното Ајселско Езеро. Целата делта порано била подлежна на поплавување во текот на западните луњи, туркајќи ја солената вода од Заудерзе наназад во делтата.

Денешните имња на ограноците на делтата (од запад кон исток) се следниве:

  • Кетелдип
  • Катендип
  • Норддип (само месен одливен шанец)
  • Ганзендип
  • Гот

Првите два на списокот се главни за пловидба. Норддип е запрен од обата краја. Друг огранок, наречен Гарсте, веќе целосно се наполнил со нанос уште во средината на XIX век.[5] Сè до околу 1900 г. Ганзендип сè до Гот се сметал за главнина на Ајсел[5] и во минатото бил главниот канал. Денешниот се нарекувал Регтедип или Рехтердип до некое време во XX век.[6]

Ајсел, денес претежно огранок на Рајна според водата, го задржал својот карактер како посебна река. Има своои притоки, до Стар Ајсел (Oude IJssel), поранешно извориште.

Притоки и поврзни канали[уреди | уреди извор]

Во Ајсел се влеваат следниве канали, долги бразди и приточни потоци, по низводен редослед:

  • Апелдорнски Канал (запад) близу градот Дирен
  • река Стар Ајсел (исток) во градот Дусбург
  • поток Беркел (исток) во градот Зутфен
  • Твентски Канал (исток) помеѓу Зутфен и селото Ефде
  • поток Схипбек (исток) близу градот Девентер
  • поток Грифт (запад) во градот Хатем; долното течение е канализирано и го образува устието на Грифтскиот Канал
  • канал Вилемсварт (исток) во градот Зволе
  • канал Зволе-Ајсел (исток) кај Зволе

Премини преку реката[уреди | уреди извор]

Ајсел кај Фелп
Ајсел кај Дусбург
Ајсел кај Зутфен

Патни мостови[уреди | уреди извор]

Патните мостови преку Ајсел (со најблиските места на левиот или десниот брег) се следниве:

  • Арнем – Вестерворт
  • Арнем – Даувен (автопат A12)
  • Елеком – Дусбург (N317)
  • Брумен – Зутфен (N348)
  • Зутфен – Зутфен
  • Вилп – Девентер (автопат A1)
  • Девентер – Девентер (N344)
  • Хатем – Зволе
  • Хатемербрук – Зволе (автопат A28)
  • Кампен – Кампен (N764)
  • Кампен – Кампен
  • Кампен – Камперејланд (N50)
Ејландбруг (2003) во Кемпен (N50)

Железнички мостови[уреди | уреди извор]

Ова се железничките мостови преку реката (со најблиската железничка станица на левиот или десниот брег):

Скелиња[уреди | уреди извор]

Ова се скелињата способни да превезуваат моторни возила.

  • Дирен – Олбурген
  • Брумен – Бонкхорст
  • Велсум – Олст
  • Форхтен – Вајхе

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. J. de Vries, Etymologisch woordenboek. Utrecht: Het Spectrum, 1959
  2. Stacey, C. P. History of the Canadian Army in the Second World War: Volume III The Victory Campaign
  3. ter Laan, K.; и др., уред. (1942). Van Goor's aardrijkskundig woordenboek van Nederland. Den Haag: Van Goor Zonen.
  4. Augé, Claude, уред. (1922). Larousse universel en deux volumes. Paris: Larousse.
  5. 5,0 5,1 Grote (1990). Grote historische atlas van Nederland (3): Oost-Nederland 1830–1855. Groningen: Wolters-Noordhoff Atlasprodukties. ISBN 90-01-96232-7.
  6. Kwast, B., уред. (1932). Schoolatlas der geheele aarde. Groningen: Wolters.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]