Андон Дончевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андон Дончевски
Лични податоци
Полно име Андон Дончевски
Роден на 1939
Роден во Скопје, Македонија
Позиција напад
Младинска кариера
?-1957 ФК Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1957–1971 ФК Вардар 305 (217)
Репрезентација
Југославија 1 (0)
Раководител на екипите
1985–1991 ФК Вардар
1993–1995 Македонија
1998 ФК Престон Лионс
ФК Тиквеш
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Андон Дончевски - македонски фудбалер и фудбалски тренер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961година го совоил Титовиот Куп на поранешна Југославија.[1] Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд.[2] Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.[3]

Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“,[4] клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија.

Селектор на репрезентацијата на Македонија[уреди | уреди извор]

Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски.[5] Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0.[6] [7]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така, и Тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“.[8] Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1961 „Македонска недела на сајтот на УЕФА“, Време, 10.8.2004.
  2. „Димитровски рекордер по настапите, Дончевски по постигнатите голови“, Утрински весник, 16 октомври 2006.
  3. Историја полна со трофеи, ѕвезди, големи победи..., Време, 14.11.2007.
  4. 1998 Victorian Premier League - 1998 Season Results
  5. [http://www.ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=52&Itemid=27&lang=mk.html „Селектори на Македонската фудбалска репрезентација“, Фудбалска Федерација на Македонија
  6. [http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D0290BCBC7AF6F41BBE6D7E18AA3E085.html „Кој и зошто ги менуваше селекторите?“, Утрински весник, 9 април 2009.
  7. „Дончевски: Круна за целосната посветеност на спортот“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
  8. „Ново признание за Андон Дончевски“, Утрински весник, 28 февруари 2009.
  9. „Дончевски: Круна за целосната посветеност на спортот“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.