Августовски државен удар
Дел од темата |
---|
(1917 — 1927) |
Руска револуција |
(1927 — 1953) |
Сталинизам • Голема чистка |
(1953 — 1964) |
(1964 — 1982) |
(1982 — 1991) |
Портал:СССР |
Августовскиот државен удар или Августовскиот пуч — обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз. Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година. Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките. Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.
Цел и план
[уреди | уреди извор]Главната цел на заговорниците била да се спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз, кое распаѓање според учесниците требало да започне на 20 август со потпишување на првиот документ според кој СССР ќе биде претворена во конфедерација на независни држави односно да се создаде Сојуз на суверени држави[4][5][6][7]. Документот требало да биде потпишан на 20 август, меѓу претставниците на РСФСР и Казахстан, а другите републики требало да се вклучат до 22 октомври 1991 година.
Овој договор ќе биде одобрен од страна на највисоките државни органи на новата унија и договорот ќе влезе во сила со негово потпишување од страна на овластените делегации. За државите кои ќе го потпишат, од истиот ден се смета неважечки Договорот за основање на Сојузот на Советските Социјалистички републики од 1922 година[8].
Организатори
[уреди | уреди извор]водач на заговорниците бил Генадиј Јанаев, но според голем број на аналитичари, зад целиот обид стоел Владимир Кручков. Заговорниците за ден на државниот удар ја одбрале неделата кога претседателот е наоѓал во отсуство, на тој начин што објавиле дека тој е привремено отстранет од должноста поради наводни здравствени причини.
Службениот комитет за вонредна состојба се состоел од следните членови:
- Олег Бакланов — прв заместник претседател на Советот за одбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Владимир Кручков — претседател на КГБ на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Валентин Павлов — Премиер на СССР.
- Борис Пуго — Министер за внатрешни работи на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Василиј Стародубцев — претседател на Селскиот сојуз на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Александар Тизјаков — претседател на Ассоциацијата на државните претпријатија
- Дмитриј Јазов — Министер за отбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Генадиј Јанаев — заменик-претседател на СССР, член на ЦК на КПСС.
Поддршка
[уреди | уреди извор]Комитетот сметал за воена поддршка на силите на специјалните единици на КГБ - "Алфа", војските на Министерството за внатрешни работи (МВД), Тулската дивизија, Таманската дивизија и Кантемировска дивизија на Советската армија. Така, во Москва биле внесени околу 400 војници, 362 тенкови, 427 оклопни возила и БМП. Дополнителни сили биле префрлени во реонот на Ленинград, Талин, Тбилиси и Рига. На чело застанале генералите Павел Грачов и неговиот заменик Александар Лебед. Грачов одржувал телефонска врска, како со Дмитриј Јазов, така и со Борис Елцин.
И покрај желбата, заговорниците немале целосна контрола над воените делови, затоа уште во првиот ден на бунтот, делови од Таманската дивизија преминале на страната на заштитниците на т.н. Бела куќа (токму од тенк на оваа дивизија, Борис Елцин го направил познатото обраќање кон народот).
Информативна поддршка заговорниците добиле од државното радио - во текот на три дена, вестите се состоеле од пораки на различни акти на корупција и на кршење на државните закони, извршени во рамките на реформскиот период.
Државниот комитет за вонредни ситуации побарал поддршка и од ЦК на КПСС но оваа институција не успеала да докаже некакво влијание врз луѓето во земјата.
Противници
[уреди | уреди извор]Главни противници на бунтот биле членовите на Комитетот предводени од политичкото раководство на РСФСР, на чело со претседателот Борис Елцин, потпретседателот Александар Руцкој, премиерот Иван Силаев и претседателот на Врховниот совет Руслан Хасбулатов. На повикот на руските власти пред зградата на сојузниот парламент, наречена Белата куќа, се собрале бројни претставници на различни социјални групи - студенти, интелектуалци, ветерани од војната во Авганистан, па дури и криминални елементи.
Хронологија
[уреди | уреди извор]- 17 јуни 1991 година. Горбачов и водачите на девет републики се обединиле околу проект за сојузен договор. Самиот проект предизвикал негативна реакција кај министрите на СССР: Јазов, Пуго и Кручков.
- 20 јули 1991 година - Претседателот на Русија Елцин издал указ за деполитизиране, вклучувајќи забрана за функционирање на партиски комитети во фабрики, установи итн
- 29 јули 1991 година, Горбачов, Елцин и претседателот на Казахстан Нарсултан Назарбаев се сретнале тајно. Дискутирале за потпишувањето на нов сојузен договор, на 20 август.
- 2 август 1991 година, Горбачов објавил дека потпишувањето на Сојузниот договор треба да се случи на 20 август.
- 4 август 1991 година, Горбачов заминал во отсуство во вилата на Крим.
- 17 август 1991 година, Владимир Кручков, Валентин Павлов, Дмитриј Јазов, и Валериј Болдин се сретнале во резиденцијата на КГБ. Била донесена одлука за воведување на вонредна состојба на 19 август, да се формира Државен комитет за вонредна состојба (ГКЧП), кој ќе го спречи Горбачов да потпише соодветните декрети и да биде принуден да поднесе оставка, предавајќи ги ингеренциите на потпретседателот Генадиј Јанаев. Елцин по ова требало да биде уапсен на аеродромот, веднаш по слетувањето од Казахстан. По ова било решено да се делува во зависност од развојот на преговорите и настаните.
- 19 август, во 6 часот наутро, медиумите на СССР изјавиле дека во земјата е објавена вонредна состојба и дека претседателот Михаил Горбачов нема да може да ги извршува своите функции "поради здравствени причини", функции, кои ќе се преземат целосно од Комитетот за вонредната ситуација. Истовремено со тоа во главниот град и други големи градови биле воведени армиски сили, а членовите на Демократската опозиција (како што самите се нарекувале) им било изјавено дека ќе бидат уапсени. Во текот на ноќта специјалните единици Алфа се движиле кон вилата на Борис Елцин во Архангелска област, но не го блокирале претседателот и не добиле наредба за какви било активности. Во исто време Елцин во екстремни услови ги мобилизирал сите свои поддржувачи и симпатизери. Противниците на бунтот подготвиле и испратиле по факс до сите медиуми обраќање "Кон граѓаните на Русија". Главен портпарол на противниците на превратот станало радио "Ехо Москвы". Елцин јавно го осудил обидот за државен удар и дал жестока критика за Комитетот застанувајќи врз еден тенк од Таманската дивизија, пред Белата куќа. Со обезбедувањето на Специјалните единици Алфа, Елцин влегол во 9 часот наутро во Белата куќа и заедно со раководството на РСФСР основал Центар за отпор на превратот. Противењето на одлуките од страна на Комитетот довеле до организирање на митинзи во Москва и Ленинград околу Белата куќа, Краснопресненски плоштад и Мариинскиот плоштад во Ленинград. Биле организирани концерти во поддршка на противниците на превратот, и истите концерти биле наречени "Рок на барикадите". Во Москва започнале да се издигнуваат барикади и да се шират летоци. Во 12 часот, Елцин се обратил на насобраната толпа од народ. Од редовите на толпата луѓе започнале да се прегрупираат вооружени единици на командата од пратеникот Константин Кобеца. Главните сили биле составени од борци-ветерани од војната во Авганистан и соработници од приватната фирма за обезбедување "Алекс". Елцин во исто време испратил свои претставници во Париз за преговарање од можното создавање на влада во егзил.
- 20 август, по наредба на Комитетот била спроведена подготовка за преземањето на зградата на Белата куќа од групата со посебна намена на КГБ. Некои од генералите кои останале верни на министерот за одбрана Дмитриј Јазов, започнале да изразуваат сомневања за соодветноста на бунтот. Генералот Александар Лебед преминал на страната на заштитниците на Белата куќа. Командантите на специјалните единици "Алфа" и "Вимпел", Карпухин и Бесков го замолиле заменик-претседателот на КГБ Агеев да ја поништи операцијата. На тој начин нападот бил откажан.
- 21 август, тенковските единици контролирани од Комитетот, спровеле маневри во близина на Белата куќа (зграда на Врховниот Совет на РСФСР). Единиците на "Алфа" одбиле да учествуваат во нападот врз Белата куќа. Во 5 часот наутро Јазов дал наредба за повлекување на единиците од Москва. Во текот на денот се одржала седница на Врховниот совет на РСФСР под претседателство на Руслан Хасбулатов. На седницата биле осудени активностите на Комитетот. Потпретседателот на РСФСР Александар Руцкој и Премиерот Иван Силаев отишле за Форос, каде што се наоѓал Горбачов. Редица други авиони, во кои се наоѓале и некои членови на комитетот, се упатиле кон Крим, за да побараат прошка од Горбачов, која не била прифатена. Кон крајот на бунтот, Елцин се изјаснил за заштита на законската власт на Горбачов и заштита на слободна Русија. Михаил Горбачов на 22 август се вратил во Москва, заедно со Руцкој и Силаев. Членовите на Комитетот биле уапсени. Во директно предавање, Елцин во присуство на Горбачов потпишал Указ за прекин активностите на КПСС на територијата на РСФСР, лишавајќи го Горбачов од власт.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ольга Васильева, «Республики во время путча» в сб.статей: «Путч. Хроника тревожных дней». // Издательство «Прогресс», 1991. (in Russian). Accessed 2009-06-14. Archived 17 June 2009.
- ↑ Solving Transnistria: Any Optimists Left? by Cristian Urse. p. 58. Available at http://se2.isn.ch/serviceengine/Files/RESSpecNet/57339/ichaptersection_singledocument/7EE8018C-AD17-44B6-8BC2-8171256A7790/en/Chapter_4.pdf
- ↑ партијата предводена од националистичкиот политичар Владимир Жириновски - http://www.lenta.ru/lib/14159799/full.htm. Accessed 13 September 2009. Archived 16 September 2009-.
- ↑ 10-я годовщина событий августа 1991 года // Эхо Москвы, 19.08.2001
- ↑ Ъ-Власть — Государственный недоворот
- ↑ Маршал Советского Союза Дмитрий Язов: Возможно, ГКЧП был клубом самоубийц... // «Комсомольская правда», 16.08.2001
- ↑ ГКЧП: реабилитация намерений
- ↑ Договор и Декларация об образовании СССР в 1924 году были объединены в первую конституцию СССР, которая прекратила действие в 1936 году, когда была принята новая конституция СССР