Џенифер Лопез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џенифер Лопез на гала манифестацијата Time 100.

Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.

Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни, 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).

Почетоци[уреди]

Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во Бронкс, Њујорк. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригез), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Линда и Лесли. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".

Филм и телевизија[уреди]

Првото телевизиско деби на Лопез како актерка беше во серија на Fox, South Central. Таа, исто така гостуваше во Second Chances и Hotel Malibu. Потоа се појави во филмот Nurses on the Line: The Crash of Flight 7. Првата сериозна улога на Лопез беше во 1995 година во драмата на Gregory Nava, My family, играјќи ја улогата на младата Марија во 1920-тите. По играњето заедно со Jimmy Smits и Edward James Olmos во My Family, Лопез се појави во акциониот филм Money Train, заедно со Wesley Snipes и Woody Harrelson. Во 1996 година, таа пред другите кандидати (Ashley Judd и Lauren Holly) ја доби споредната улога во комедијата на Francis Ford Coppola, Jack, глумејќи заедно со Робин Вилијамс. Потоа, заедно со Џек Николсон, се појави и во трилерот на Bob Rafelson, Blood and wine.

Првиот голем успех за Лопез дојде во 1997 година, кога беше избрана да ја игра главната улога во Selena, биографски филм за поп пејачката Selena. И покрај тоа што претходно работеше со Nava на филмот Mi Familia, Лопез беше подложена на поригорозен аудициски процес за да ја добие таа улога. За нејзината глума во филмот доби многубројни награди и пофалби, вклучувајќи ја и номинацијата за Најдобра актерка во мјузикл или комедија на доделувањата на наградите „Златен глобус". Подоцна таа година, Лопез се појави во два значајни филмови. Глумеше во филмот Anaconda заедно со Ice Cube и Jon Voight, играјќи ја улогата на Teri Flores, режисерка која снима документарен филм, додека патува по реката Амазон. И покрај тоа што скромно помина на кино благајните, за учеството и глумата во филмот доби добри оцени од критичарите. Потоа ја доби главната улога во филмот U Turn, која е базирана на книгата Stray dogs, во кој се појавува со Sean Penn и Billy Bob Thornton. Во 1998 година, ја има една од нејзините најценети улоги, глумејќи заедно со George Clooney, во адаптацијата на Steven Soderbergh на романот Out of sight на Elmore Leonard. Играјќи како заменик федерален маршал кој се вљубува во осуденик, Лопез доби многу позитивни критки и воедно стана и првиот актер од латинско потекло кој заработил повеќе од 1.000.000 долари за улога во филм. Во истата година, нејзин беше гласот за Azteca во компјутерски - анимираниот филм Antz. Потоа се појави заедно со Vincent D'Onofrio, во психолошкиот трилер Cell. Таа го играше детскиот психолог Catherine Deane, кој ja користи виртуелната реалност за да влезе во главите на своите пациенти и да ги разбуди од кома. Филмот имаше премиера во август 2000 година и успех на благајните искачувајќи сè до првото место. Следната година, Лопез паузираше со актерството во филмовите, со цел да работи на нејзината музичка кариера Во 2001 година, се појави заедно со Matthew McConaughey во романтичната комедија Wedding Planner. Филмот дебитираше на прво место, правејќи ја првата актерка и пејачка во историјата која истовремено зад себе има филм и албум на прво место на табелите (албумот J.LO беше на прво место во истата таа недела). Нејзината следна улога беше во натприродната романса Angel eyes ( 2001) и во психолошкиот трилер Enough (2002). И двaтa не успеајa кај публиката, а исто така имаа и негативни критики. Таа се појави заедно со Ralph Fiennes во романтичната комедија Maid in Manhattan (2002). Нејзиниот лик, Marisa Ventura е самохрана мајка која живее во Бронкс заработувајќи како чистачка во супер-луксузен хотел на Менхетен, во која се заљубува еден политичар. Maid in Manhattan беше хит на благајните заработувајќи одлично и уште на почетокот се искачи на прво место. New York Times ја спореди приказната од филмот со нејзината песна " Jenny from the Block ", коментирајќи: „Во нејзиниот нов сингл, Jenny from the Block, Џенифер Лопез изјавува дека и покрај нејзиното огромно богатство и светската слава, таа не заборава од каде потекнува." Некои од нејзините филмови за кои доби позитивни критики се An Unfinished Life и Shall We Dance?. Два независни филмови продуцирани од Лопез имаа добри критики на филмските фестивали: El Cantante на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и филмот Bordertown на Бриселскиот филмски фестивал. Нејзината скромно успешна филмска кариера го вклучува и филмот Monster-in-law (2005). Сепак, Gigli, ќе стане многу познат по тоа што воопшто не направи некоја голема заработка на кино благајните. Во август 2007 година, Лопез соработуваше со нејзиниот сопруг – пејачот и актер Марк Ентони, за филмот Еl Cantante. Филмот е на англиски јазик, со креативна употреба на преводи за песни со шпанската лирика. Во 2010 година, таа се појави во романтичната комедија Back up plan.

Лопез е еднa од највисоко платените актерки во Холивуд и најскапо платената актерка со латинско потекло во историјата на Холивуд, иако таа никогаш немала филм кој заработил над 100.000.000 долари во САД. Таа беше во првите десет најплатени актерки на листата на "Hollywood Reporter" во 2002, 2003, и 2004 година. Лопез доби 15.000.000 долари за нејзината улога во Monster-in-law. Филм кој најмногу заработил на кино благајните во САД е Maid in Manhattan, кој заработи 94.011.225 долари, а нејзин најуспешен филм во однос на заработката на меѓународно ниво е Shall we dance, кој заработи 112.238.000 долари, на благајните ширум светот. Во САД, Shall we dance заработи 57.890.460 долари, што вкупно низ целиот свет би дало сума од 170.128.460 долари. Во 2007 година, Лопез се појави на деветтото место на листата на списанието Forbes за 20 најбогати жени во шоу бизнисот. Нејзиното богатство беше проценето на 110.000.000 долари во 2007 година. На 27 јануари 2010 година беше најавено дека Лопез ќе гостува во една епизода од серијата How I Met Your Mother како Anita Appleby, автор на книги за само поттикнување кои ги учат жените како да се справат со мажите преку моќта на одбивањето. Откако Робин ќе ја информира Анита за начинот на кој Барни ги третира жените, Анита си поставува за цел да го „скрши“.

Музичка кариера[уреди]

1999-2001: On the 6 и J. Lo[уреди]

Деби албумот на Лопез On the 6, кој се однесува на линијата број 6 од метрото на кое таа се возеше, растејќи во Castle Hill, Бронкс, беше објавен на 1 јуни 1999 година и стигна во првите десет на Билборд 200. Албумот се појави на Billboard Hot 100 со синглот број еден, "If you had my love", како и со хитот кој беше во првите десет "Waiting for Tonight". На албумот исто така имаше и песна на шпански јазик, латински ориентираниот дует "No Me Ames" со Марк Ентони (кој подоцна ќе стане нејзин сопруг). Иако "No Me Ames" никогаш не беше пуштен како комерцијален сингл, тој го достигна првото место на U.S. Hot Latin Tracks. На албумот On the 6 гостуваа артисти како: Big Pun и Fat Joe на песната "Feelin' So Good" која имаше умерен успех на Billboard Hot 100. Синглот "Let's get Loud" и ја донесе на Лопез номинацијата за Греми во категоријата "Best Dance Recording" во 2001 година. “Waiting for Tonight” беше номинирана во истата категорија претходната година. "No Me Ames" доби две номинации на Латинските Греми награди во 2000 година – за „Најдобра вокална изведба на поп дуо/група" и „Најдобар спот". Вториот албум на Лопез, JLo, беше издаден на 23 јануари 2001 година и дебитираше на првото место на Billboard 200. Овој албум беше повеќе урбано ориентиран отколку On the 6. Водечкиот сингл "Love don’t cost a thing", беше нејзин прв сингл кој се најде на прво место во Обединетото Кралство и ја одведе меѓу првите пет на Американската Billboard Hot 100. Потоа следуваше "Play", која ја доведе до нов топ 20 пласман на Billboard Hot 100 и стигна до третото место во Велика Британија. Нејзините следни два синглови беа "I’m real" и "Ain't It Funny", кои брзо го достигаа врвот на топ листите. За да заработи од ова, Лопез побара од The Inc. Recirds (тогаш попознати како Murder Inc.) да направат ремикс од двете песни, во кои беа вклучени рап артистите Ja Rule (за двете) и Caddillac Tah (на ремиксот на "Ain't It Funny"). Двата ремикси стигнаа до број еден на Billboard Hot 100 за неколку недели. Таа го реиздаде J.Lo на нејзиниот триесет и втори роденден со ремиксот на "I’m real", како бонус трака. Исто така, заради претходниот успех на Que Ironia во 2001 година, во Шпанија беше издадена и Si Ya Se Acabó. Истата година Лопез настапи на турнејата на Let's get Loud на концерт во Порторико

2002-06: J to thе L-O!, This Is Me... Then и Rebirth[уреди]

Следејќи го успехот на ре-изданието на Ј Lo, Лопез одлучи да го ре-издаде целиот албум под наслов: J to tha L-O!: The Remixes, на 5 февруари 2002 година. Овој албум дебитираше на прво место на Billboard 200, станувајќи првиот ремикс албум во историјата кој дебитирал на врвот на табелите. Други артисти кои гостуваат на овој албум се: P. Diddy, Fat Joe и Nas, а на самиот албум имаше и танц и хип хоп ремикси на синглови од минатото. Тоа е четвртиот најпродаван ремикс албум во историјата, после Blood on the Dance Floor: HIStory in the Mix на Michael Jackson, Love на The Beatles и You can dance на Madonna. Лопез го реализира нејзиниот трет студиски албум This Is Me... Then, на 26 ноември 2002 година, кој го достигна второто место на Билборд 200 и од кој произлегоа четири синглови: "Jenny from the Block" (заедно со Jadakiss и Styles P), кој го достигна третото место на Billboard Hot 100; "All I Have" (заедно со LL Cool J), кој повеќе недели беше на прво место; "I'm Glad"; и "Baby I Love U!". На албумот се наоѓаше и насловната нумера "You Belong to Me", песна на Carly Simon од 1978 година. Спотот за "I'm Glad" имаше сцени од филмот Flashdance од 1983, што резултира со тужба за кршење на авторски права која подоцна беше отфрлена. По една година оддалеченост од музичката сцена, Лопез го издаде нејзиниот четврти студиски албум, Rebirth, на 1 март 2005 година. Иако дебитирајќи и појавувајќи се на второ место на Билборд 200, албумот брзо испадна од топ листите. Потоа следуваше хитот "Get right", кој стигна во првите петнаесет во САД и стана нејзиниот втор хит со платинест тираж (по "If you had my love"). "Get right" исто така беше успешен во Велика Британија, со што стана нејзиниот втор број еден сингл таму. Вториот сингл, "Hold You Down", во кој учествуваше Fat Joe, стигна до број шеесет и четврто место на the U.S. Hot 100; го достигна шестото место во Велика Британија и стигна до првите дваесет во Австралија. Песната, "Cherry Pie" беше закажана да се издаде кон крајот од 2005 година, но плановите да се сними спот беа променети. Беше пуштена на радио станиците во Шпанија. Rebirth доби платинест тираж во САД. Потоа Лопез гостуваше на синглот на LL Cool J, "Control Myself", кој беше објавен на 1 февруари 2006 година. Го достигна четвртото место на Американската Billboard Hot 100 и второто на листата на синглови во Велика Британија. Тоа беше прв пробив на Лопез во топ 10 во САД после три години. Rebirth најмногу имаше успех во Велика Британија, каде севкупно повеќето од нејзините синглови успеваа да се пробијат во топ пет.

2007-08: Como Ama Una Mujer и Brave[уреди]

Лопез официјално го издаде нејзиниот прв албум на шпански јазик, Como Ama una Mujer, во март 2007 година. Нејзиниот сопруг, пејачот Марк Ентони, беше продуцент на албумот, заедно со Estefano, освен за "Que Hiciste", за која песна Ентони беше ко-продуцент со Julio Reyes. Албумот го достигна десеттото место на Билборд 200 и четири недели го задржа првото место на U.S. Top Latin Albums, како и седум последователни недели на U.S. Latin Pop Albums. Албумот добро помина и во Европа, наоѓајќи се на трето место на листите, што главно се должи на големиот успех во земјите како Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Белгија, Грција, Германија, Австрија и Португалија. На 24 јули 2007 магазинот Billboard објави дека Лопез и сопругот Марк Ентони ќе настапуваат на заедничка светска турнеја наречена "Juntos en Concierto" со почеток на 29 септември во Њу Џерси. Билетите започнаа да се продаваат на 10 август. Турнејата беше мешавина од нејзината актуелна музика, постари нумери и шпанскa музика. Во подоцнежните соопштенија за печатот, Лопез објави детален план за маршутата. Турнејата започна на 28 септември 2007 година на Mark G. Etess арената и заврши на 7 ноември 2007 во American Airlines арената во Мајами, Флорида. Водечкиот сингл, "Que Hiciste" беше (шпански превод на "What did you do"), официјално пуштен на радио станиците во јануари 2007 година. Оттогаш, тој сингл го достигна својот врв како 86 пласиран на Американската Billboard Hot 100 и прво пласиран на Hot Latin songs и Hot Dance Club Play. Исто така се проби во првите десет на европските листи. Спотот за песната е првиот спот на шпански јазик кој ќе се појави на прво место на Total Request Live daily countdown на MTV. Вториот сингл е наречен "Me Haces Falta", а третиот "Por Arriesgarnos". Лопез победи на Американските музички награди, во категоријата Омилен латински артист во 2007 година. Со Como Ama Una Mujer, Џенифер Лопез е една од ретките изведувачи кој дебитирал на топ 10 на Billboard 200 со шпански албум. Лопез го издаде нејзиниот петти студиски албум на англиски јазик (шести севкупно) Brave, на 9 октомври 2007 година, по шест месеци излезе Komo ama una Mujer. Таа соработуваше со продуцентите Midi Mafia, J. R. Rotem, Lynn и Wade и Ryan Tedder, а Rotem на некои траки соработуваше со својот партнер Evan "Kidd" Bogart. Претходно, на 26 август 2007 година, ABC, премиерно објави промотивен клип за четвртата сезона на серијата Desperate Housewives, на кој има дел од песната " Mile In These Shoes". "Do It Well" беше водечки сингл и стигна до топ 20 во многу земји. "Hold It, Don't Drop It" беше издаден како втор сингл, само во некои европски земји. Третиот сингл беше насловен Brave и дури иако беше објавено на официјалниот вебсајт на директорот Michael Haussman дека снимањето на спотот е завршено, сепак неговата промоција не се случи, најверојатно поради ниската продажба на албумот.

2009 - до денес: Love?[уреди]

За време на нејзината бременост во 2007 Лопез го пишуваше нејзиниот седми студиски албум, Love? со цел да биде издаден во летото 2010 година. Има соработки со Danja, Jim Jonsin, Darkchild, Chris n Teeb (од Dropzone), Tricky Stewart, The-Dream, D'Mile Mike Caren, Jean Baptiste и The Neptunes. Песната со наслов "Fresh Out The Oven" во кој учествуваше раперот од Мајами, PitBull се појави онлајн во октомври 2009 година, но нејзината издавачка куќа рече дека едноставно тоа е сингл со кој сака да се привлече внимание. Од тогаш го зазеде врвот на Hot Dance Club табелата. Официјалниот сингл на овој проект, "Louboutins", имаше свое радио деби на 23 ноември 2009 година, по премиерата на песната и изведбата на Американските музички награди. Песната само успеа да влезе во Hot Dance Club Play листата шест недели по пуштањето и да стигне до првото место, сепак, не успеа да влезе на било која листа, вклучувајќи ги и Billboard Hot 100. Кон крајот на февруари 2010 година, беше потврдено дека Лопез и Epic Records ја прекинаа соработката. Менаџерот на Лопез, Benny Medina ја потврди веста велејќи: „Џенифер имаше прекрасен однос со Sony Music Group и тие споделија многу успеси заедно, но време беше да се направи промена која најдобро ќе служи на правецот на нејзината кариера како актерка и артист кој снима музика, таа е многу благодарна кон сите во Sony за сè што остварија заедно." Подоцна Лопез објави соопштение до медиумите, каде што рече дека таа веќе ги исполни договорните обврски со Sony Music Entertainment и Epic Records и одлучи дека е најдобро да се стави крај на партнерството на срдечен и пријателски начин. Таа додаде дека пронашле нов „дом" (издавачка куќа) за албумот "Love?” и тој ќе излезе летото 2010 година. Набрзо откако беше забележано како разговараат со претседателот на Island Def Jam Music Group и извршен директор на LA Reid, беше потврдено (на 19 Март 2010 година) дека Лопез потпиша договор со Def Jam Recordings и дека веќе работат на новиот материјал за Love? со RedZone Entertainment (Kuk Harrell, The-Dream и Tricky Stewart).

Други проекти[уреди]

На 10 април 2007 Лопез се појави како ментор на Американски идол. Таа, исто така стана извршен продуцент на осум епизоди од реалното шоу, DanceLife, кое се прикажува на MTV и започна на 15 јануари 2007. Лопез помогна во изборот на учесниците и се појави во самото шоу. Потоа работеше како извршен продуцент на мини-серија емитувана на Univisión, именувана по нејзиното CD, Como Ama Una Mujer, кое се емитуваше во пет епизоди од 30 октомври - 27 ноември 2007 година и во кое глумеше Adriana Cruz. Лопез потпиша договор како ѕвезда и извршен продуцент на реалити сериите без сценарио на TLC, оддел на Discovery Communications Inc. Сериите беа со цел да го рекламираат лансирањето на нејзиниот нов парфем, а не се фокусира на нејзиното семејство. Тие не беа профитабилни.

Бизнис[уреди]

Лопез започна своја модна линија во 2003 година. Именувана како JLO од Џенифер Лопез, кон линијата беа вклучени различни видови на облека за млади жени, вклучувајќи и фармерки, маици, палта, каиши, чанти и долна облека, како и накит и галантерија што вклучува капи, ракавици и марами. Лопез учествуваше во кампања на Louis Vuitton, зима 2003. Во 2005 година, таа започна линија наречена Sweetface. Кон крајот на 2007 година, Лопез ја затвори J LO од Џенифер Лопез и отвори нова линија за тинејџери наречена JustSweet. Нејзините модни линии се појавија на многу настани на модните недели во Њујорк. Честата употреба на животинско крзно во нејзините модни линии и личната гардероба ѝ донесе презир од луѓето кои се занимаваат со правата на животните. На премиерата на Monster-in-Law , во Лос Анџелес, повеќе од сто демонстранти, од People for the Ethical Treatment of Animals (PETA) одржаа демонстрација за да се потенцира нивната загриженост. На 12 април 2002, Лопез отвори кубански ресторан наречен Madre’s, во областа South Lake, во Пасадена, Калифорнија. Лопез се појави и во индустријата за парфеми со нејзиниот прв парфем "Glow by J.Lo". Во октомври 2003 година, го претстави парфемот "Still", навраќајќи се на "Glow" претходната година, со пуштање на ограничена едиција " Miami Glow by J.Lo", во чест на нејзиниот усвоен роден град, Мајами. Лопез, исто така, на пазарот ги претстави и " Glow " лосионите за тело, како и производите за потемнување. За Божиќната сезона, 2005 година, таа пушти во продажба уште еден парфем, " Live by Jennifer Lopez ". За Денот на вљубените " во 2006 година, “Miami Glow" беше заменет со " Love at First Glow by J.Lo ". Нејзиниот следен мирис беше " Live Luxe " издаден во август 2006, проследен со " Glow After Dark" во јануари 2007 година. Следните парфеми од Џенифер Лопез беа: "Deseo", "Deseo Forever " за азискиот пазар и првиот мирис за мажи наречен "Deseo for men". Во февруари 2009 Лопез го претстави "Sunkissed Glow". Последниот парфем е "My Glow", која е достапен од октомври 2009 година. Лопез е портпарол за Lux шампоните во Јапонија, појавувајќи се во телевизиски реклами за производот. Лопез е сопственик на филмската и телевизиска продукциска компанија Nuyorican Productions. Беше ко-основана со нејзиниот менаџер Bennu Medina, кој се претпоставува дека требаше да добие половина од приходите на компанијата. Лопез се раздели со Медина многу брзо откако компанијата беше основана, но тие подоцна ги обновија нивните деловни односи. Од страна на магазинот “People en Español” Лопез беше ставена на насловната страна од „50 Најубави" во 2006 година и „100 највлијателни луѓе со потекло од Латинска Америка" во февруари 2007 година.

Приватен живот[уреди]

Беше објавено дека на крајот од 2006 година Џенифер Лопез и Марк Ентони посетуваа професионални деловни часови во Church of Scientology Celebrity Centre во Холивуд, Калифорнија. Исто така имаше гласини дека Лопез и Ентони станаа сциентологисти во тој период, со помош на Angelo Pagan, сопругот на актерката и сциентолог Leah Remini. Пред да се рашират тие гласини Лопез имаше изјавено на NBC: „Јас не сум сциентолог, јас бев израсната како католик. Но, чуден е начинот на кој луѓето доаѓаат во сциентологијата. За мене тоа е толку чудно. Тоа се некои од најдобрите луѓе што сум ги сретнала во мојот живот." Таа додава: „Татко ми е сциентолог веќе 20 години. Тој е најдобриот човек што го знам во мојот живот и затоа чудно е за мене што луѓето сакаат да говорам за сциентолозите во негативна конотација.” На 7 ноември 2007 година, последната ноќ од нејзината турнеја "En Concierto", Лопез потврди дека таа и нејзиниот сопруг Марк го очекуваат своето прво дете. Со соопштението завршија месеци и месеци на шпекулации кои ја пратеа во текот на бременоста. Нејзиниот татко подоцна потврди (на 5 февруари 2008 година) дека таа очекува близнаци. Лопез, на 22 февруари 2008 година донесе на свет близнаци, девојче и момче, Emme Maribel Muñiz, и Maximilian "Max" David Muñiz. Близнаците беа претставени пред јавноста на 11 март 2008 во изданието на магазинот People, за што магазинот ѝ исплати на Џенифер 6.000.000 долари.

Врски[уреди]

Вниманието на медиумите се фокусираше на нејзиниот личен живот. Таа имаше врски со Ojani Noa, Sean Combs, Cris Judd, Ben Affleck и Marc Anthony. Почнувајќи во 1984 година, кога Лопез беше на возраст од 15 години и сè уште беше средношколка, таа почна да излегува со David Cruz. Тие се разделуваат во 1994 година, а таа сè уште останува во блиски односи со него, десет години откако тие се разделија; Лопез во 2004 година изјави: „Тој е пријател и тој најверојатно знае повеќе за мене отколку било кој друг". Првиот брак на Лопез беше со Кубанецот Ojani Noa, на 22 февруари 1997 година. Лопез го запозна Noa додека тој работеше како келнер во еден ресторан во Мајами. Се разведуваат во јануари 1998 година. Лопез подоцна го вработи Noa како менаџер на својот ресторан во Пасадена, во април 2002 година, но тој беше отпуштен во октомври 2002 година. Откако Noa ја тужел Лопез за престанокот на работниот однос, тие се одлучиле спогодбено да го завршат судскиот спор. Во април 2006 година Лопез поднесе тужба за да го спречи својот поранешен сопруг во намерата да објави книга која содржи лични податоци за нивниот краткoтраен брак, тврдејќи дека го прекршил предбрачниот договор. Во август 2007 година, судот назначи посредник кој издаде постојана забрана за Ojani Noa за „критикување, оцрнување, претставување во негативно светло или на друг начин деградирање" на Џенифер Лопез. Нејзе ѝ беа дадени 545.000 долари за обештетување, што вклучуваше речиси 300.000 долари за легални такси и речиси 48.000 долари за арбитража трошоци. На Noa исто така му беше наредено да ги предаде лично на Лопез или на нејзиниот адвокат сите копии на материјали поврзани со книгата. Во ноември 2009 година, Лопез го тужеше Noa за прекршување на договорот и нарушување на приватноста, со цел да го спречи во издавањето на филмот, "How I Married Jennifer Lopez: The JLo and Ojani Noa Story" (Како се оженив со Џенифер Лопез: Приказната на JLO и Ојani Noa) и дотогаш необјавените домашни снимки. На 1 декември 2009 година, судијата James Chalfant му издава привремена забрана на Noa и неговиот агент, Ed Meyer, забранувајќи им да ги дистрибуираат снимките. Бидејќи налогот е само привремен, адвокатот на Лопез, Jay Lavely, рече дека тој ќе направи сè за налогот да биде траен. Lavely истакна дека „Немаше ништо налик на секс снимка во сопственост на Ноа. Тоа е приватно и лично, но не е секс лента. Тие се погрешно презентирани пред јавноста за да се зголеми вредноста и вниманието на медиумите". По сослушувањето, Noa рече дека тој планира да поднесе жалба на одлуката, изјавувајќи: „Не е за парите, тоа е за мојот живот". Потоа Лопез ја имаше две и пол годишната врска со хип-хоп магнатот Sean Combs. На 27 декември 1999, Лопез и Комбс беа во еден Клуб на Менхетен во Њујорк, кога при расправија помеѓу Комбс и една друга група беше употребено оружје. Лопез и Комбс го напуштиле местото на настанот и подоцна биле застанати од страна на полицијата. Пиштол беше пронајден под предното седиште на нивното возило. Комбс беше обвинет за недозволено поседување на оружје. Стресот од судењето на Комбс и прогонувањето од страна на печатот само ги зголеми проблемите кои ги имаа помеѓу нив. Лопез ја прекина нејзината врска со Комбс една година подоцна. За време на граѓанската тужба во 2008 година, адвокатот на тужителот изјави дека Лопез „не може ништо да придонесе за случајот". Нејзиниот втор брак беше со нејзиниот поранешен танчер кој ја пратеше на настапите, Cris Judd. Таа се запозна со Judd за време на снимањето на музичкиот спот за синглот "Love don’t cost a thing." Тие стапија во брак на 29 септември, 2001 година, во нивниот дом, во едно предградие на Лос Анџелес. Нивниот брак ефективно заврши во јуни 2002 година, кога Лопез започна да се појавува во јавноста со Ben Affleck. Тие официјално се разведоа во јануари 2003 година. По разводот, Лопез започна врска со актерот Ben Affleck. Нејзиниот однос со Afflek доби голем публицитет, со дуплирањето на медиумите на парот "Bennifer". Лопез ја објави нејзината свршувачка со Affleck во ноември 2002 година, откако Affleck ѝ даде шест-каратен розев дијамантски прстен во вредност од 1.200.000 долари. Лопез изјавуваше дека Affleck навистина е „вистинскиот" и дека тие наскоро ќе има семејство . Бракот, кој беше планиран за 14 септември 2003 во Санта Барбара, Калифорнија, беше откажан само неколку часа пред настанот. Тие го објавија крајот на нивната свршувачка во јануари 2004 година. За нивната врска имаше направено пародија во една од епизодите на South Park, "Fat Butt and Pancake Head", која се емитуваше на 16 април 2003. Во 2003 година, Лопез и Afflek настапија заедно во филмот "Gigli" и во филмот од 2004 година "Jersey Girl". По помалку од два месеци откако раскина со Afflek, Лопез беше видена со пејачот Marc Anthony, долгогодишен пријател со кого работела во музичките спотови. Тие кратко биле во врска кон крајот на 1990-тите, пред неговиот прв брак и нејзиниот втор. Лопез и Anthony снимија дует во почетокот на 2004 година, за претстојниот филм на Лопез, “Shall we dance”. Во октомври 2003 година, Anthony се раздели по втор пат, од својата прва сопруга, поранешна Мис на универзум Dayanara Torres, со која има две деца. Torres поднесе барање за развод три месеци подоцна. Лопез и Ентони направија мала свадба во домашна атмосфера на 5 јуни 2004 година, четири дена откако неговиот развод од Торес беше финализиран. Нивната церемонија беше приватна и без публицитет. Гостите на Лопез имаа покана за „попладневна забава" во куќата на Лопез и не биле свесни дека тие всушност ќе присуствуваат на нејзината свадба. Двојката не планирала нивниот брак толку рано да добива публицитет, давајќи си поголема приватност и време кое ќе го поминат заедно. По свадбата, Ентони одби да го коментира нивниот брак за време на интервјуата што беа закажани претходно за промоција на новиот албум "Amar Sin Mentiras" (Да се љуби без лаги). Во февруари 2005 година, Лопез го потврди бракот, и додаде дека: „Секој го знае тоа. Тоа не е тајна". Неколку месеци подоцна, ќерката на Anthony, Ariana, се појави на крајот на музички спот на Лопез "Get right", како нејзина помала сестричка. Во однос на неговиот брак и семејниот живот, Ентони одржува приватен, а понекогаш и дефанзивен став со медиумите, што имаше влијание и врз Лопез да постави некои граници во врска со интервјуата. На 29 декември 2008 година, Daily News објави дека Лопез и Ентони планираат да го објават нивниот развод на Денот на вљубените. Ова тврдење беше ставено во мирување од страна на нејзиниот претставник за јавноста кој наведе дека: „Нема пристојност во натписот".

Поддршка на Детската болница во Лос Анџелес[уреди]

Лопез е голем поддржувач на Детската болница во Лос Анџелес. Затоа и беше доделена „Детската Хуманитарна награда“ на инаугурацијата на болницата Noche de Niños во септември 2004 година. Лопез продолжува да присуствува на годишните доделувања на награди и е редовен посетител на болницата. Пејачката учествуваше во Nautica Malibu тријатлонот во 2008 година, со што болницата на еден начин доби голем бенефит. Во мај 2009 година, Лопез ја формираше Maribel Фондацијата, со цел поддршка на Детската болница во Лос Анџелес и подобрување на здравствената заштита на меѓународно ниво.

Застапување за човекови права[уреди]

На 14 февруари 2007, Лопез ја доби наградата на "Amnesty International" како признание на нејзината работа како продуцент и ѕвезда на Bordertown, филм кој ги прикажува убиствата на стотици жени во пограничниот град Хуарес, Мексико. Добитникот на Нобеловата награда за мир José Ramos-Horta ѝ ја додели наградата на Лопез на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Таа, исто така, доби специјално признание и благодарност од Norma Andrade, ко-основачот на Nuestras Hijas de Regreso a Casa A.C. (граѓанското здружение „Нека се вратат нашите ќерки дома"), чии членови се мајките и семејствата на убиените жени од Хуарес. Заложување за вакцинација Лопез исто така се вклучи во промовирањето на вакцинација за магарешка кашлица. Таа соработуваше со непрофитните организации Sounds of Pertussis и March of Dimesза со цел да се зголеми свеста за болеста и да ги поттикне родителите да ги вакцинираат новороденчињата со цел да се спречи ширењето на истата.

Надворешни врски[уреди]