Џенет Џексон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џенет Џексон 1995-та година.
Џенет Џексон.

Џенет Џексон (анг. Janet Jackson; Гери, 16-ти мај 1966-та год.) е една од комерцијално најуспешните и највлијателните пејачки на сите времиња, композитор, текстописец, музички и филмски продуцент, глумица, автор, модна дизајнерка и милијардерка. Рангирана е како една од десетте најпродавани музичари во историјата на музиката, затоа што ширум светот продала повеќе од 160 милиони музички албуми, 17 милиони видео албуми и 8 милиони влезници за концерти. Имала десет синглови и дури седум албуми на првото место на официјалната америчка топ листа, еден повеќе од нејзиниот постар брат Мајкл Џексон, т.е. еден помалце од нејзиниот најголем ривал Мадона, и три филмови, во кои била во главната улога, на првото место на америчкиот бокс офис, што ја прави, покрај Хали Бери, најуспешната афроамеричка глумица од сите времиња. Во два наврати станала и најплатениот музичар на планетата, според Форбс, една од десетте најплатени жени од светот на шоу-бизнисот. Поставила бројни светски рекорди од кои некои сè уште не се срушени. Албумот „Control“ од 1986-та година е првиот женски албум од кој се одбрани топ-5 синглови, а албумот „Rhythm Nation 1814“ од 1989-та година е еднимствен албум во историјата од кој се одбрани 7 синглови меѓу првите пет на америчката топ листа на синглови, од кои дури четири успеале до првото место. Плочата „janet.“ од 1993-та година станала првата плоча од женски уметник која стигнала на првото место на америчката официјална топ листа со, три рекордни, 360.000 продадени примероци во текот на првата недела. Во 2000 година Џенет станала првиот музичар на кого добро му тргнало за да го освои првото место на америчката топ листа на синглови во текот на осумдесетите и деведесетите години од 20-тиот век и после 2000, а 2001 која имала пет албуми кои едноподруго успеале до првото место на америчката топ листа. Добитник е на 6 Гремија, 15 Амерички музички награди, 15 МТВ награди и повеќе Билбордови награди него било кој друг музичар, а во 2001 година прогласена е за „првата МТВ икона“ на церемонијата организирана во нејзина чест, на која присуствувале и ги изведувале нејзините хитови музичари како Пинк, Бритни Спирс, Стиви Вондер, Ашер, Кристина Агилерa, Џастин Тимберлејк, Бијонсe Ноулс и многу други. Освоила и една Еми награда, номинација за Оскар и Златен глобус

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена е како Џенет Дамита Џо Џексон (анг. Janet Damita Jo Jackson) во Гериј во Индија, како најмладото дете во семејството Џексон. Прв пат на сцената настапувала со семејството од нејзините 7 години, а подоцна ја започнала нејзината кариера како глумица во ТВ-емисијата Џексонови (англиски: The Jacksons) во 1976-та година. После настапувала во некои други ТВ-емисии во 1970-тите и раните 80-ти.

Во 1982 година со нејзините 16 години потпишала договор со музичката куќа A&M, го издала дебитантскиот албун со нејзиното име. На почетокот ја критикувале поради нејзините слаби вокални можности, а и поради непотистичното користење на името на нејзиното семејство. Со нејзиниот трет студијски албум Control (1986), Џексон ја започнала долгогодишната соработка со продуцентите Џимиј Џем и Териј Луис. Нејзината музика под влијание на Џеми и Луис ги мешала современиот Р&Б со елементарната рап музика, семпловењето и индустријските битови. Во иновативност со нејзините албуми успехот бил допринесен и од страна на нејзината кореографија, видео-спотовите, односно честото појавување на МТВ, со истовремените пофалби поради друштвените ангажирани на нејзините текстови од песните.

Во 1991 година го потпишала договорот за првиот нејзин од двата повеќе милионски вредни и рекордни договори со Virgin Recordsom, што ја направило една од најплатените музички лица во индустријата.

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Janet Jackson (1982 / 1,5 милиони продадени примероци)
  • Dream Street (1984 / 500.000 продадени примероци)
  • Control (1986 / 14 милиони продадени примероци)
  • Janet Jackson's Rhythm Nation 1814 (1989 / 20 милиони продадени примероци)
  • janet. (1993 / преко 20 милиони продадени примероци)
  • The Velvet Rope (1997 / 10 милиони продадени примероци)
  • All for You (2001 / 7 милиони продадени примероци)
  • Damita Jo (2004 / 4 милиони продадени примероци)
  • 20 Y.O. (2006 / 3 милиони продадени примероци)
  • Discipline (2008 / 1,5 милиони продадени примероци)
  • Unbreakable (2015 / 232,000 во САД)