Ашер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ашер
Usher
Ашер во 2007 година
Биографски податоци
Родено име Ашер Теренс Рејмонд IV
Роден(а) 14 октомври 1978
Далас, Тексас, САД.
Потекло Четаноога, Тенеси, САД
Жанрови Р&Б, Соул, поп
Занимања пејач/текстописец, музички продуцент, актер, кореографер, танчер, композитор, модел, бизнисмен, дизајнер, филантропист
Период на активност 1993–present
Издавачи LaFace, Arista
Мреж. место ushernow.com

Ашер Теренс Рејмонд IV (на англиски: Usher Terrence Raymond IV) (роден на 14 октомври 1978) попознат само под мононимот Ашер е американски музички артист, танчер и актер. На светско ниво се смета за крал на Р&Б музиката.[1][2] Славата ја добил кон крајот на 1990тите со издавањето на неговиот втор албум My Way кој му го донел и неговиот прв Билборд Хот 100 број еден хот „Nice and Slow“. Следниот студиски албум 8701 (2001) му ги носи и број еден хитовите „U Remind Me“ и „U Got It Bad“. Двата албуми продале околу 8 милиони копии на светско ниво, поставувајќи го Ашер како еден од најпродаваните Р&Б артисти на 1990тите.[3]

Успехот на Ашер продолжува и со неговиот албум Confessions (2004), кој има продадено околу 10 милиони копии во Соединетите Држави и сертифициран како дијамантски албум од страна на RIAA.[4] Confessions ја има историски највисоката продажба во првата недела од издавањето која еден Р&Б артист ја постигнал и има продадено повеќе од 20 милиони копии на светско ниво. Во албумот се вклучени број еден хитовите „Yeah!“, „Burn“, „Confessions Part II“ и „My Boo“. Неговиот следен албум од 2008 Here I Stand има продадено околу 5 милиони копии на светско ниво, а неговиот пилот сингл „Love In This Club“ го достигна првото место на американскиот Билборд Хот 100.[5]

На 3 март, 2010 Ашер го издава неговиот шести студиски албум Raymond v. Raymond, кој воедно станува и негов трет албум кој дебитира на број еден на американскиот Билборд 200.[6] Има добиено платинумско признание од страна на RIAA, а во него е вклучен Билборд Хот 100 број еден хитот „OMG“.[7] Песната е неговиот деветти број еден хит во Соединетите Држави, правајќи го првиот артист на 2010тите да собере толкав број на хитови во 3 декади и само 4 артист на сите времиња кој го направил тоа. Подоцна издава и екстендед плеј и делукс верзија на Raymond v. Raymond, насловена како Versus која дебитира на 4 место на Билборд 200. Пилот синглот „DJ Got Us Falling In Love“ доживеа интернационален успех и го достигна 4 место на Билборд Хот 100.

До денеска, Ашер има продадено повеќе од 65 милион плочи на светско ниво,[8][9] а со тоа тој е еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Има добиено голем број награди вклучувајќи седум Греми Награди, 4 Светски музички награди, 6 Американски музички награди и 19 Билборд музички награди. Во САД има продадено повеќе од 23 милиони копии. Тој е број еден Хот 100 артист на декадата 2000-2010.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: