Шон Комбс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Комбс

Шон Комбс (Sean Combs-Sean John Combs), е роден на 4 ноември 1969 година. Денес е познат по неговото сценско име Диди(Diddy) . Toj е американски продуцент на песни, рапер, артист и моден дизајнер на машка облека. Тој има освоено три Греми награди(Grammy Awards) и две МТВ Видео музички награди(MTV Video Music Awards), а неговата модна линија се здобова со успех кога ја добива американската награда за Совет на Модни креатори.

Тој беше познат како Паф Деди(Puff Daddy) а потоа како Пи Диди(P.Diddy), од кои Паф и Пафи(Puff and Puffy) беа познати како негови прекари, но никогаш не беа користени како негови сценски имиња. Во август 2005 година тој го промени своето сценско име во “Диди”. Во Нов Зеланд и во Обединетото Кралство продолжи да го користи името Пи Диди, како втор после правната “војна” со друг артист Ричард Диди(Richard Diddy Dearlove). Во јуни 2008 година, Диди јавно ги одби гласините за промена на друго артистичко име. Неговиот бизнис интерес под чадорот на (Bad Boy Entertainment Worldwide) светски познато забавно шоу, го вклучува албумот Bad Boy, линијата за облека Sean John & Sean by Sean Combs(Шон Џон & Шон од Шон Комбс), филмска продуценска куќа и два ресторана. Тој ја зема улогата за извршител на албумите, изведувач, продуцент на американското шоу Making the Band (Создавање на Бендот), писател, аранжер и артист.Трудот на Комбс во 2006 година беше проценет на 346 милиони долари.

Раниот живот на Пи Диди[уреди | уреди извор]

Шон Комбс е роден во Харлем, Њујорк, син на Жанис(Janice), моделка и учителка и на Мелвин Комбс,а тука и пораснал. Кога тој беше дете, неговиот татко на 33 годишна возраст, беше застрелан во својот автомобил откако се забавувал на некоја журка. Комбс играше фудбал за Романската Католичка Академија Свети Мајкл(Saint Michael). Во 1986 година неговиот тим освои титула. Тој димпломира во 1987 година, и се изјасна дека е христијанин.

Комбс рече дека прекарот “Puff” му бил даден како дете кога бил лут, а “Daddy” бил друг израз за “Playa”- плажа. Студирал во Вашингтон, каде што покажал страст за маркетинг и здобил репутација за голем промотер на забави. Диди случајно стана стажант на голема продукција во Њујорк. Некое време тој ќе патуваше и ќе се враќаше назад, и постојано така помеѓу Вашингтон и Њујорк, правејќи трикови во својот стаж, а потоа стана најдобриот менаџер. Тој имаше важна улога во потпишувањето на музичкиот договор и кариерата на Мери Џи Блајџ(Mary J.Blige).

Во 1991 година, Комбс промовираше концерт, предводен од Хеви Ди(Heavy D.) кој се одржуваше во гимназија во Њујорк, а истовремено се одигруваше добротворен кошаркарски натпревар против сидата. На настанот имаше премногу луѓе, а картите беа распродадени двојно повеќе од нормалниот капацитет на местото, додека илјадници без карти беа надвор. За да ги задрѓжат надвор, луѓето на Пи Диди ја затворија единствената врата што води до скалишниот простор, ставија маса зад неа, со што гужвата беше блокирана , а луѓето молеа за помош.Кога толпата надвор скрши неколку стаклени врати во обид да влезат внатре во гимназијата 9 лица загинаа.На пресудата во 1999 година, судијата на Судот на Жалби ги обвинија Пи Диди и Хеви Ди дека се 50% одговорни за инцидентот. Градскиот колеџ го сносија останатиот дел од одговорноста на обезбедувањето на Пи Диди бидејќи знаеле дека картите биле распродадени.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 1992 година Комбс потпиша договор со Хартфорд(Hartford) со диск-џокеј за да отвори музичка куќа во Хартфорд за неоткриените таленти во градот. Поради креативните разлики за употребата на талентот, ненадејно се раздели. Во извадок во магазинот на Ролинг Стоун(Rolling Stone Magazine) Џ.С. изјави:”Шон и јас останавме пријатели, но не толку блиски како што некогаш бевме. Нашата разделба се однесува на нашите различни гледања на патиштата. Јас сакав да возам кон лево, каде што се артистите, а Комбс сакаше да вози кон десно, кон бизнисите како и обично. Разделбата беше пријателска. Сега ние сме блиски.” Во 1993 година, откако беше отпуштен од “Uptown”, Комбс ја разви издавачката куќа Бед Бој(Bad Boy) земајќи го со нив и новодојдениот Ноториус(Notorious). И Ноториус и Крег Мек(Craig Mack) направија хит песни, следени со сличен успех како и на големиот хит на Ноториус-Ready to Die. Диди започна да потпишува повеќе дела за Bad Boy, за познати музичари, како што се: Mary J. Blige, Usher, Lil' Kim,Mariah Carey итн.

Во средните 90-те, Комбс и Ноториус беа критикувани од Тупак Шакур(Tupac Shakur) и Сјуг Најт(Suge Knight) во разни песни и интервјуа.Во периодот од 1994-1995 година Диди создаде песни кои што беа најдобро промовирани и прогласени за најдобри R&B хитови. Други песни кои беа добро промовирани се “If I was Your Girlfriend” и “Can I Get A Witness”.

Во 1997 година тој го сними својот прв комерцијален вокал како рапер под името “Puff Daddy”. Неговиот деби сингл “Can’t Nobody Hold Me Down”, 6 недели беше на првото место на најдобрите 100 песни. Деби албумот “No Way Out” беше број 1 албум и и во 1998 година ја освои Греми Наградата за најдобар рап албум. Неговата втора песна “ I”ll Be Missing You”, во спомен на Ноториус, се пласираше на 1 место на најдобрите 100. Диди соработуваше со Џими Пејџ(Jimmy Page) на песната “Come With Me”. Реализаторот Том Морело(Tom Morello) поддржа некои делови од песната со свирење на гитара, свирејќи и на бас во песната. Комбс и Пејџ снимија видео-запис за песната “Come With Me”, кој што го постигна 2 место во Велика Британија. Комбс беше тужен за запоставување на земјиштето од страна на Инџ Бонго(Inge Bongo), но Комбс ги одби обвинувањата. Во доцните 90-ти години, Диди беше критикуван за преголемо рекламирање на хип хопот и на преголемо користење на појавување на други артисти од старите хитови во неговите нови песни.

Клуб Њујорк[уреди | уреди извор]

Во декември 1999 година, Комбс беше обвинет за навреда на Стив Стут(Steve Stoute), многу познат менаџер.Претходно истата година Комбс имаше издадено видео сцена за “Hate Me Now” која го прикажуваше Нас(Nas) како измачуван, но тој побара сликите да бидат отстранети.Одбивањето од страна на Стут доведе до меѓусебен конфликт, а тоа придонесе до апсење на Диди за навреда.По ова следеше уште понегативен публицитет при што многу снимања со Лил Ким и други пеачи беа проследени со вооружена потера, но сепак прекинати со истрели.

На 27 декември 1999 година, Диди и неговата тогашна девојка Џенифер Лопез(Jenifer Lopez) беа во ноќен клуб во центарот на Менхетен кога се слушнаа истрели. По полициската истрага, Шон и момчето рапер Шајн(Shyne), беа уапсени поради насилство со оружје и други обвиненија. Адвокатската канцеларија во Њујорк, раководена од помлад адвокат Метју Богданос(Matthew Bogdanos), го обвини Комбс по обвинувањата на неговиот возач Вардел Фендерсон(Wardel Fenderson), тврдејќи дека Диди се обидел да го подмити и возчот да го земе оружјето по истрелот. Со замолчување и спреоведување мир, “ големото” судењето започна. Нивни адвокат беа Џони Кохран(Johnnie Cochran) и Бенжамин Брефмен(Benjamin Brafman). Откако судењето заврши, Комбс беше ослободен од сите обвиненија, додека Шајн беше прогласен за виновен за истите обвиненија и осуден на десет години затвор. По кратко време, Пи Диди и Џ.Лопез се разделија. Сусдкиот процес против возачот на Комбс, Фендерсон кој кажува дека дозживеал емоционален потрес по истрелите во клубот, беше преместено за во февруари 2004 година. Адвокатите од двете страни се согласија да чуваат во тајност сите судски факти и се согласија само со тоа дека постапката беше разрешена на задоволство од сите страни.

Во 2001 година, по ослободувачката пресуда за поседување на оружје и обвинувањата за мито, Комбс го промени своето артистичко име од “Puff Daddy” во “P.Diddy”. Подоцна се појавува како дилер на дрога заедно со Хали Бери(Halle Berry) и Били Боб Торнтон(Billy Bob Thornton) во филмот “Monster’s Ball”(Топката на чудовиштето). Тој се обиде да ја измени својата слика, но наскоро се соочи со обвиненија за навреда од водител на телевизија од Мичиген(Michigan), Роџер Милс(Roger Mills), a потоа во Флорида беше уапсен за возење со помината дозвола за возење. Црковниот албум “Thank You” ( Ти Благодарам) никогаш не беше издаден. По обвинувањата од полицијата во Мајами за несовесно возење, Комбс започна да работи со необични артисти. Тој соработуваше со Бритни Спирс(Britney Spears) и Ен Синк(‘N Sync). Тој го потпиша договорот Калифорнија-базиран на женска поп група “Dream”(Сон) во неговата музичка куќа. Подоцна во 2002 година, тој направи свое реално шоу “Making The Band 2” (Создавање бенд 2 дел), продолжение на првото “Making The Bend” шоу, во кое натпреварувачите се натпреваруваа за тоа кој да влезе во новата група на музичкото студио “Bad Boy”. Требаше да се појават 6 финалисти со нивното име, компакт диск и видео запис. Групата, критикувана од комичари и критичари, беше распадната од Комбс на крајот од циклусот емисии. Во 2003 година, Комбс трчаше на маратонот во Њујорк и подигна два милиони долари за образовниот систем за децата во Њујорк. На 10 март, 2004 година, Диди се појави во шоуто на Опра Винфри(Oprah Winfrey) за да дискутира за маратонот кој го заврши за осум часа и осумнаесет минути. Во 2004 година, ја предводеше кампањата “Vote or Die”(Гласај или Умри) за претседателските избори за 2004 година. Слоганот “Vote or Die” беше исмејуван и од “The Daily Show”(Дневното Шоу) и од “South Park”(Јужен Парк) за премногу површен и за охрабрување на младите луѓе да гласаат без да ги знаат проблемите. Во една епизода на “South Park”, Комбс и неговите пријатели беа опишувани на начин како да го бркаат Стeн Марш(Stan Marsh), еден од главните личности во шоуто, со оружје заканувајќи му се дека ќе го убијат ако не гласа во училишните избори.

На 16 август 2005 година, Шон се појави во “Today Show”(Денешно шоу) и изјави дека го менува своето артистичко име, испуштајќи ја буквата “P”(П) и нарекувајќи се себе само Диди. Меѓутоа, ова го вознемири музичиот артист и Ди Џеј од Лондон- Richard “Diddy” Dearlove, кој побара судска забрана за користење на името, но прифати спогодбен договор надвор од судот во зинос од 110 000 фунти. Како резултат на тоа, Комбс веќе не го користи името Диди во Велика Британија, каде што сеуште е познат како Пи Диди. Во 2005 година, Комбс играше во повеќе улоги, а телевизиската адаптација “A Raisin in the Sun”(Суво Грозје во Сонцето) започна да се емитува во февруари 2005 година. Истата година тој ја продаде својата музичка компанија. Сеуште постои тензија помеѓу него и Лиор Кохен(Lyor Kohen) и Кевин Лајлс(Kevin Liles), но сепак се договорија неговата трага сеуште да биде дел од компанијата.Во едно интервју Диди рече дека создава линија за машки костими. Подоцна во 2005 година како водител на музичките Греми награди , во магазинот “Time”(Време) беше прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе во 2005 година. Комбс својот прв албум во четири години го издаде на 17 октомври 2006 година во музичкото студио “Bad Boy” со појавувања на многу познати музичари, како што се Кристина Агилера(Christina Aguilera), Нас(Nas), Вилијам(William-Black Eyed Peas), Мери Џи Блајџ(Mary j. Blige), Сиара(Ciara), Фарел(Pharrell) и многу други. Албумот достигна на првото место од топ листите уште во првите недели од неговото издавње. Беше изјавено дека Комбс ќе пее на сите песни од албумот, но произлезе дека тој претпочита да рапува, како што е примерот со првата песна од албумот “Come to me”, која што ја изведува заедно со Никол(Nicole) од групата “Pussycat Dolls”. Тој пее на неговата трета песна од албумот “Last Night”(Последна ноќ) заедно со Кејша Кол(Keyshia Cole). “Tell Me”(Кажи ми) која што ја изведува заедно со Кристина Агилера беше издадена како втора песна. Тој побара помош од свиоте фанови преку “MySpace”(Моето место) да изберат која да биде четврта песна на албумот. Тие ја избраа “Through The Pain(She Told Me)”- Преку болката(Таа ми кажа), заедно со Mario Winans(Марио Винанс).

Во октомври 2007 година, Пи Диди беше тужен од страна на промотерот на хип-хоп промотерот Џејмс Валдон(James Waldon) за наводно насилство врз него од страна на три телохранители во ноќен клуб во Њујорк. Во март 2008 година, извори тврдеа дека Ноториус и Комбс го организирале 94-от грабеж и обидот за убиство врз Тупак(Tupac), поткрепувајќи го тврдењето со документи од Федералното Биро за Информации(FBI). Весниците подоцна ја повлекоа изјавата, признавајќи дека поддржувачките документи од ФБИ биле фалсификувани. Во август 2008 година, Диди се осмелува да влезе во реалната телевизија со премиера од неговите емисии “I Want To Work For Diddy”(Јас сакам да работам со Диди). По финалето од втората сезона од “Making The Band 4”, Комбс потврди дека ќе се повлече во студиото за да го снима неговиот следен албум. На 19 февруари 2009 година, тој испрати информација на MySpace дека неговиот албум е подготвен за издавање во ноември 2009 година. Пи Диди изјасна дека во неговиот следен албум сака да соработува заедно со Леона Луис(Leona Lewis). Во интервју за “The Daily Mail”(Дневна пошта) кажа дека во својот последен албум соработувал со Кристина Агилера, но во следниот би сакал тоа да биде Леона Луис. Во седмата сезона на CSI-Мајами глуми во две епизоди под своето вистинско име Шон Комбс. Тој создаде раперска група, позната под името “The Dream Team”(Тим Од Соништата). Групата ја сочинуваа Diddy, Rick Ross(Рик Рос), DJ Khaled(Ди Џеј Калд), Fat Joe(Фет Џоу), Busta Rhymes(Баста Рајмс) и Red Café(Ред Кафе). Се зборуваше дека и Fabolous(Фабулус) ќе биде член од групата. Уште од 2009 година, тој снимаше и се претставуваше како дел од групата на Пи Диди-Dirty Money(Валкани пари). Во 2009 година, Диди имаше улога во комичниот филм( под неговото вистинско име Sean Combs)-Get Him To the Greek(Доведи го на Грците), како Sergio Roma(Серхио Рома), издавачка дискографска компанија.

Бизнис вложувања[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, во магазинот “40 Richest People Under 40”(40 Најбогати луѓе под 40 години), Диди беше на место број еден на најбогатите изведувачи на хип хопот. Шон Комбс донираше неоткриени суми на Patricia Kirby Foundation(Фондацијата Патрисија Кирби), опрганизација за тинејџерите кои што се борат против булимија, анорексија и други нарушувања во исхраната.Во 2006 година, неговата работа беше вредната со 346 милиони долари, што го направи еден од најбогатите личности на хип хопот.

Во 1998 година, ја започна линијата за машка облека, Sean John(Шон Џон).Во 2000 година беше номиниран за машки дизајнер на годината од страна на Совет на модни дизајнери во Америка , а во 2004 година ја освои наградата.Линијата за облека во 2003 година беше подложена на контроверзија кога беше откриено дека некои фабрики кои ја произведуваат облеката во Хондурас биле злоупотребувани од хондурскиот закон за труд.Чарлс Kернаген(Charles Kernaghan), од комитетот за Национален Труд, кој прв ја изложи фабриката, е цитиран во New York Times како вели :” Очигледно Шон Паф Деди има многу облека, затоа слободна може да работи прекуноќно и да им помогне на работниците.” Комбс на тоа одговори дека во неговата компанија Sean John ќе има истрага со “нула толеранција”.На 14 февруари 2004 година, Кернаген на станицата во Пацифија(Pacifia) изјави дека Комбс има направено измени на фабриките “без преседан” вклучувајќи дополнителни клима уреди и системи за прочистување на водата.Во ноември 2008 година, Пи Диди го лансираше неговиот последен машки парфем под брендот Sean John, наречен “I Am King”(Јас сум крал), посветен на Барак Обама(Barack Obama), Маухамед Али(Muhammad Ali) и Мартин Лутер Кинг(Мартин Лутхер Кинг).Во својот блог, тој изјави дека има претседател црнец и дека е време тој да биде црнецот Бонд(Bond).Во ноември 2008 година, во билбордот на “Times Square” открива дека линијата “I Am King” ке биде заменета, наместо Sean John. Гигантскиот билборд моментално е најголемиот принт досега во “Times Square”. Моделот Бар Рeфаели(Bar Refaeli) е избран да биде заштитно лице на парфемот “I Am King”.Како дополнение на неговата линија за машка облека, Пи Диди поседува првокласен синџир на ресторани, именувани по неговиот син Џастин(Justin).Тековниот ресторан се наоѓа во Атланта, а оригиналната локација е во Њујорк и е затворена во септември 2007 година.На 18 септември 2007 година, Пи Диди заедно со Фифти Сент(50 Cent) и Џеј Зи(Jay-Z) заедно работеа на ремиксот “Forbes I Get Money Billion Dollar”.Исто така, тој се појави заедно со Jay-Z на неговиот голем концерт од турнејата во 2007 година.Во октомври 2007 година, Шон Комбс потпишува повеќегодишен договор, во кој ќе помогне да се развие брендот Кирок(Ciroc), една од најдобрите линии за вотка, а притоа профитот ке биде поделен на 50-50 проценти. Овој договор е последниот во кој позната личност преминува преку типичниот начин на поделба на профитот од потпишаниот договор за растот и падот на еден бренд. Диего(Diaego) рече дека за Шон Комбс и неговата компанија “Sean Combs Entreprises”(Претпријатија на Шон Комбс) , договорот може да вреди повеќе од 100 милиони долари, зависно од тоа како се напредува брендот. Оттогаш, тој промовираше многубројни предизвици за Кирок, од кои некои беа претставени за време на изборите во 2008 година. На 21 октомври 2008 година, Комбс ја освои линијата за облека Енис(Enyce) за 20 милиони долари. По продуктивната кампања на Твитер(Twitter) oд комедијантот Крис Гетард(Chris Gethard), Комбс е подготвен да се појави во комедијанското шоу во живо во Њујорк во јануари 2010 година. Во февруари 2010 година, Комбс за си-ен-ен (CNN) изјави дека планира да отвори бизнис школо во Њујорк. Исто така кажа дека сака школо кое е познато создавање на лидери.

Комбс со синовите Кристијан и Џастин на премиерата на Спајдермен 3(Spider Man 3)

Личен живот[уреди | уреди извор]

Шон Комбс никогаш не се ожени, но е биолошки татко на 5 деца и очув на друго дете. Неговата постојана девојка, има син Куинси Јонс Браун(Quincy Jones Brown) роден во декември 1991 година, заедно со романтичниот пеач Џек Свинг(Jack Swing) од 80-те години. Првото биолошко дете на Комбс е Џастин Диор Комбс(Justin Dior Combs) (роден декември 1993 година), кое го добил од неговата средношколска љубов, дизајнерката Миса Хилтон-Брим(Misa Hilton-Brim). Во јануари 2010 година, нашироко беше познато дека Комбс го претставува својот син со автомобилот вреден 360 000 долари и личен шофер за неговиот 16-ти роденден. Неговиот втор син е Кристијан Кејси Комбс(Christian Casey Combs) (роден во април 1998 година) кој што го има со Ким Портер(Kim Porter). Исто така Портер е мајката на двете ќерки близначки на Комбс-Лила Стар Комбс(Lila Star Combs) и Џеси Џејмс Комбс(Jessie James Combs) (родени во декември 2006 година). Комбс и Портер ја завршија нивната врска во јули 2007 година. Во октомври истата година, Пи Диди зема легална одговорност врз Ченс(Chance), негова ќерка со Сара Чепмен(Sarah Chapman). На 13 октомври 2006 година, градоначалникот на Чикаго- Ричард Дејли(Richard Daley), му го даде на Диди клучот на градот и пар копчиња од ракави за да го комеморира свеченото отварање на “Diddy Day” (Денот на Диди) кој се одржува еднаш годишно на 13 октомври. Тој ја имаше честа да ја добие наградата за добротворна работа во градската хала во Чикаго. Во февруари 2007 година, Комбс за магазин зборуваше за својот гардеробер. Го опишува својот стил во 3 збора: Наперчен, вечен и различен. На 2 септември 2007 година, Комбс ја одржа својата девета “White Party”(Бела забава), на која сите гости се ограничени да бидат облечени во бело. Оваа забава, која се одржува во St. Tropez(Светиот Тропез), овој пат беше одржана во неговиот дом “Long Island”(Долг Остров) во Источен Хемптон(East Hampton). Забавата ја карактерзизира белиот тепих кој се простира низ целиот простор и бела облека. За неа, Комбс изјави дека е најдобрата забава од најдобрите три кои ги има приредено, забава која има легендарен статус. На крај вели : ” Тешко е да приредиш забава достојна на својата легенда.”