Јуриј Оганесјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јуриј Оганесјан
Юрий Цолакович Оганесян
Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան
Yuri Oganesyan.png
Оганесјан во 2011 г.
Роден14 април 1933 (1933-04-14) (86 г.)
Ростов на Дон,  РСФСР
Националноструска, ерменска
Полињануклеарна физика
УстановиЛабораторија за нуклеарни реакции „Г.Н. Фљоров“
ОбразованиеМосковски инженерско-физички институт
Познат посооткривач на најтешките елементи во периодниот систем; по него наречен елементот оганесон

Јуриј Цолакович Оганесјан (руски: Юрий Цолакович Оганесян, ерменски: Յուրի Ցոլակի Հովհաննիսյան; р. 14 април 1933) — руски нуклеарен физичар со ерменско потекло.[1] Важи водечки стручњак во светот во истражувањето на супертешките елементи.[2] Заедно со неговата екипа, ги открил најтешките елементи во периодниот систем.[3][4] Добитник е на многу награди, признанија и одликувања од руската и советската држава.

Образование и научна работа[уреди | уреди извор]

Оганесјан е роден во Ростов на Дон. Во 1956 г. дипломирал на Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ). На возраст од 28 години стапил во групата на Георгиј Фљоров во Обединетиот институт за нуклеарни истражувања во Дубна.[2]

Денес е главен научен раководител во Лабораторијата за нуклеарни реакции „Г.Н. Фљоров“ (ЛЈРФ).[5] Околу 1970 г. ја измислил ладната фузија кај нуклеосинтезата „атом по атом“ (несродна со истоимената псевдонаучна фузија), а во доцните 1990-ти прв ја вовел топлата фузија.[2] Во 2009 г. научници од САД го потврдиле откривањето на флеровиумот, кој Оганесјан и неговата екипа го направиле пред повеќе од една деценија.[6] Оганесјан е значаен истражувач на полето на островите на стабилноста, а работи и на истражување на оливинот и паласитот, со надеж дека ќе најде супертешки елементи во природата.[2]

Оганесон[уреди | уреди извор]

Во ноември 2016 г. Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC) објавил дека елементот 118 отсега се нарекува оганесон во чест на Оганесјан.[7][8][9] Иако веќе постојат дузина елементи наречени по личности[10] оганесонот е еден од само два елемента наречени по жив човек (другиот е сиборгиумот, наречен додека Глен Сиборг уште бил жив).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. New Element In Periodic Table To Be Named After Armenian Physicist“, „Asbarez“, 9 јуни 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Chapman, Kit. „What it takes to make a new element“, Royal Society of Chemistry, 30 ноември 2016 (посет. 3 декември 2016 г).
  3. "EPS introduces new Lise Meitner prize". CERN Courier. IOP Publishing. April 2, 2001. 
  4. "Yuri Tsolakovich Oganessian". flerovlab.jinr.ru. Flerov Laboratory of Nuclear Reactions. конс. December 7, 2016. 
  5. "FLNR Directorate". конс. October 16, 2013. 
  6. "Element 114 confirmed". RSC.org. Royal Society of Chemistry. 30 September 2009. конс. 19 November 2011. 
  7. "Periodic Table of Elements". IUPAC. 2016-11-28. 
  8. "IUAPC announces the names of the elements 113-115-117-118". IUPAC. 2016-11-30. 
  9. Names proposed for new chemical elements“, BBC News, 8 јуни 2016.
  10. останатите 12 елементи наречени по личности се: кириумот, ајнштајниумот, фермиумот, менделевиумот, нобелиумот, лоренциумот, радерфордиумот, сиборгиумот, бориумот, мајтнериумот, рендгениумот и копернициумот; уште пет се наречени по места/нешта кои пак се наречени по луѓе: самариумот, гадолиниумот, берклиумот, флеровиумот, ливермориумот)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]