Ѓорѓе Поповиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓе Поповиќ
Ђорђе Поповић.png
Ѓорѓе Поповиќ
Роден(а)1 ноември 1832
Буковац, Австриско царство
Починал(а)7 април 1914 (81 г.)
Белград, Кралство Србија
Потпис

Ѓорѓе Поповиќ Даничар (Буковац во Срем, 20 октомври/1 ноември 1832 - Белград 25 март/7 април 1914) бил српски новинар и книжевник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ги уредувал списанијата „Седмица“, „Српски дневник“ и „Даница“. Првиот број на „Даница“ излегол на 20 февруари 1860, а последниот на 20 август 1872. Излегувал на десет дена во Нови Сад, со прекин од август 1871 до мај 1872. Ѓорѓе Поповик го започнал и уредувал ова списание од првиот број до август 1871. По тоа списание го добил прекарот Даничар. Поповиќ е прв преведувач на сервантестовиот „Дон Кихот“ на српски (1895-96, Белград, Фондација на Илија Милосављевиќ Коларац, 4 св.).

За дописен член на Друштвото на српска словесност е избран на 21 јануари 1862. За дописен член на Српското учено друштво именуван е од основањето на 29 јули 1864. За редовен член е избран на 30 јануари 1885 во Одборот за филозофски и филолошки науки. Почесен член на Српската кралска академија станал на 15 ноември 1892.

Даничаревата улица во Белград го носи името по ѓорѓевиот прекар.