Прејди на содржината

Стефан Стамболов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Стамболов
9ти Премиер на Бугарија
На должноста
1 септември 1887 – 31 мај 1894
Монарх Фердинанд
Претходник Константин Стоилов
Наследник Константин Стоилов
Лични податоци
Роден(а) 13 февруари 1854
Трново, Османлиска империја
Починал(а) 19 јули 1895(1895-07-19) (возр. 41)
Софија, Кнежевство Бугарија
Почивалиште Централни софиски гробишта
Занимање државник, поет

Стефан Стамболов (12 февруари 1854 - 18 јули 1895) бил бугарски револуционер, новинар, поет, политичар и државник, кој во 1880 год. станал народен пратеник и потпретседател на Народното собрание, а во 1884 и негов претседател.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Роден е во (Трново). Учи во Трново и Одеса. Учесник е во револуционерните борби на бугарскиот народ за ослободување пред 1878 г. Активен учесник е и во присоединувањето на Источна Румелија (против волјата на Русија) во 1885 г.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]
Општо собрание на БЦБО во ноември 1876 г. Стамболов е претпоследен во задниот ред.

Бил и еден од главните идеолози и организатори на комитетите „Единство” 1878-1879. Тој го помогнал и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот станал премиер со изразито прозападна и антируска ориентација. Бил ценет во западните држави како политичар, кој сакал да ја ослободи својата земја од зависност од Русија. Во периодот од 1 декември 1893 година до 31 мај 1894 година бил министер на народното просвештение во Кнежевство Бугарија.

Голем дел од македонските деjци биле против диктаторските методи на Стамболов и неговата протурска политика[1], па така дошло и до книшката на Вардарски (Петар Поп Арсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставувала програмата на тогаш основаната ТМОРО. (Види Лозарското движење)

На 15 јули 1895 година врз Стамболов бил извршен обид за убиство од Михаил Ставрев и други македонски дејци, блиски до Наум Туфекчиев, и по три дена умира од повредите. Повод за убиството била одмазда за смртта на Коста Паница – бивш сојузник на Стамболов, кој со содејство на Русија прави опид за воен преврат и како резултат на тоа е екзекутиран. Стамболов е нападнат два дена пред делегацијата за помирување со Русија да биде примена од рускиот цар Николај II.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Константин Стоилов
Премиер на Бугарија
1887-1894
Наследник
Константин Стоилов