Партизанска печатница „Гоце Делчев“
41°37′03.2″N 20°35′22.6″E / 41.617556° СГШ; 20.589611° ИГД Партизанската печатница „Гоце Делчев“ — поранешна нелегална партизанска печатница и сегашен меморијален музеј со амбиентално уредена постојана изложба.
Историја[уреди | уреди извор]
Во перидот од ноември 1942 до јуни 1943 година работела во селото Битуше. Во почетокот на јуни 1943 година била пренесена во базата на планината Лопушник.[1]
По ослободувањето на Вардарска Македонија биле извршени конзерваторско-реставраторски работи на куќата во која била сместена, а нејзиниот внатрешен дел бил преуреден како постојана историска и етнолошка поставка во 1961 година. Оригиналната дрвена печатница по ослободувањето од Светозар Вукмановиќ – Темпо била однесена во Воениот музеј во Белград, каде што се наоѓа и денес.
Дејност[уреди | уреди извор]
Во неа биле печатени разни материјали, брошури, билтени, извештаи и слично, за потребите на Централниот комитет на КПМ, Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија и воопшто за Македонското народноослободително движење.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ Митре Инадески, Илегалните техники во Македонија во времето на НОВ, Скопје, 1961
|