Куќа – сопственици Милош и Динго Меловски (Галичник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа на Милош и Динго Меловски
Културно добро на Македонија
АдресаСредно Маало / Упија, Галичник
ОпштинаМаврово и Ростуше
Број[1]
Создадено1910; пред 114 години (1910)
Запис на НИСКН

Куќата на Милош и Динго Меловски ― историска куќа во сопственост на галичкото семејство Меловски која е заведена како културно наследство на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Куќата била изградена во 1910 година од страна на семејството Филиповски, односно била градена во времето кога двајца од четворицата браќа, Арсе и Илија, решиле да прават куќи на тоа место. Оваа куќа, од предната страна и над тремската врата, го има името на Арсе. Еден од синовите на Арсе, Дојчин, изградил и трета куќа, веднаш до оваа куќа, но таа куќа е срушена. Вториот син на Арсе, Ристе, имал три деца: Јаков, Каре и Олга. Каре и Јаков немале потомство и најверојатно починале млади. Со тоа, целата куќа припаднала на Олга Филиповска. Во почетокот на 1920тите (веројатно 1923 година), Олга се омажила за Јован Меловски. Тој дошол како домазет во куќата и од тогаш оваа куќа постанала меловска куќа. Јован и Олга имале шест деца: Милош, Риндо, Динго, Илија, Драгица и Мара. Во 1964 година, Јован поради големата потреба од учители, добил можност да предава како учител во Скопје. Согласно 2021 година, куќата е одржувана и употребувана од потомците на Динго и Илија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Изјава на Диме Меловски - потомок (внук) на Динго Меловски. Датум на извор: 2 декември 2021. Пристапено на 11 декември 2021.

Координати: 41°35′37.024″N, 20°39′13.022″E